Macedonian change

Error

×

Нешто

Main page / Главная / Раскази / Нешто

[Unknown string ""]

Содржина

     

     

    Чарлс Дарвин е роден во 1809. Тој е познат научник, во чие дело “Потеклото на видовите”, за прв пат била формулирана и се развивала теоријата за еволуција. Објавена во 1859, таа теорија, и покрај поддршката на научната мисла во тоа време, била подложена на жестоки напади од страна на теолозите. На Дарвин му припаѓаат и други научни дела. Бил погребан во Вестминстерската опатија. Не дај боже да станеш таков параграф во енциклопедијата.

    Денес, кога излагав од дома, веднаш почувствував необичен мирис на утрото – мирисот сведочеше, мирисот потсетуваше, мирисот повикуваше на одговор.

    Обединетата мудрост е неразумност, бесмисленост и глупост. Морализам, пиетизам, солипсизам, автоматизам, машина за мелење на месо, прозорска даска, телевизор кој трепери – таа низа е бесконечна, овој систем хипнозира, тој редослед е убиствен. Провери ги парите, не се тргнувај од касата. Купувачот е секогаш во право. Законот е суров, но тоа е законот. Не давај повод, не го ставај твојот нос секаде, не се радувај предвреме, не го буди злото. Биди подготвен. Седум пати мери. Јас го сакам животот, јас сакам нежност, сакам да се протегнувам наутро во кревет, сакам да ја чувствувам осаменоста како страдање кое спасува, во која лушпа ќе забеска сребрена нишка која води кон нешто непознато.

    Погледнете како да се комбинираат жолтите лампи, античкиот мебел, заоблените слики во заоблените рамки и свежиот букет цвеќе во јапонската вазна. Ова е мојата соба, удобно сместете се.

    Јас би ги изгризал со заби тие бетонски ѕидови. Дозволете ми да ја изедам таа вазна, таа наметка и влечките, тие рајски куќи. Лудило во лудачка кошула. Ненормален бес. За што размислува кучето, како расте борот, каде живее ежот – ние сме опколени со човечка природа, ние сме опколени со одвратни духови со сентиментална слабост. Јас гледам поинаку. Кучето – има влажен нос, му се подигаат колковите, мрда со опашот, очите му се лукави. Борот – има влажен нос, му се подигаат колковите, мрда со опашот, очите му се лукави. Јас се тоа гогледам поинаку. Јас гледам и во тоа е суштината на моментот. Јас не живем во тој живот, јас не дишам, и во тоа е мојот здив. А како може да биде поинаку? Мала насмевка што паѓа од очите – што продира како дим од огнот – прочистува и боли.

    Ние ќе бидеме, ние ќе станеме, ние сме многу, ние сме малку, тие се потребни, седум на осум, зошто е толку тешко, а што – зарем не е? Не Според мене – не. Ние следиме. Ние секогаш следиме, а нашите траги смрдат, смрдеата не пристигнува и не фаќа. Крикот е моментален, но мирисот уште долго време ќе го вознемирува гнилиот мозокот, презивувањето умрело, а не се ни родило – зошто им треба – тие имаат своја смрдеа. И тоа им е доволно. Нека смрдат. А јас ќе преживувам. Ако мислата се родила во текот на преживувањето – тогаш треба да го проживее својот живот скромно и така и да умре, да се стопи, и ако и е одредено да живее само еден момент – нека тоа биде еден момент, а ако биде ден, – тогаш нека биде ден – ќе умре и нема да остави ни трага во мене, и нема да го затвори патот на другите, нема да стане мавзолеј, нема да стане јазол.

     

    “Таа искра не се задоволува ниту со таткото, или синот, или Светиот Дух, ниту со Светото Тројство, се додека нивната смисла е затворена во нивната карактеристика. Вистина ви велам, таа светлина не се задоволува со плодната вродена божествена природа. Ќе кажам и повеќе, да би звучело уште повеќе необично: вистина е што на овој свет не е доволна едноставната неподвижност на божествената суштина, ништо не дава и ништо само по себе не апсорбира, па дури и повеќе: светлоста сака да знае од каде доаѓа тоа битие, таа копнее за едноставна причина, тивка пустина, таму каде што никогаш нема да најдеш никакви разлики, каде што не постои ниту таткото, ниту синот, ниту Светиот Дух во внатрешните длабочини – каде што светлината наоѓа сатисфакција и таму е повеќе обединета отколку било каде, затоа што тука е причината – само мир неподвижен. Така прочистен, просветениот дух тоне во божествен мрак, во тишина и несфатливо и неискажливо обединување и во тоа обединување ги губи сите сличности и различности, и во тоа духот се губи себе си и ништо повеќе не знае за Бога или за самиот себе или за сличности или различности, ма за ништо, бидејќи сега е ангажиран во божественото обединување и ги изгуби сите разлики.”

    Ми велат – ти си ѓубре, ти си гнида, треба да бидеш смачкана, расечкана – а мене ми останува да слушам, слушам и да разбирам – бездната е без дно. Прекрасно предвечерје на небото, густи облаци, свежи мириси на борови, снег на паднатите лисја. Ти сега – тоа е истата убавина, која можеш да ја сонуваш, која можеш понекогаш да ја видиш и да ја чувствуваш, но со која не можеш да се споиш. Како што е шумата – блиска, но не е моја, како што се планините – тие се во моето срце, но јас сум далеку од нив – ти си сега за мене и мориња и планини и шуми, тоа си си ти – тоа мало девојче..

    И на засушената гранка има цветови.

     

    Во жаборењето на потоците, татнежот на вагоните, во шумолењето на лисјата понекогаш се пробива неверојатна мелодија од непознати инструменти – без мотив, без вообичаените човечки особини. Но постои уште една мелодија – збир на моменталните преживувања, која не е оптоварена со ништо човечко (и на тој начин –  премногу човечка) која понекогаш се претвора во голема, речиси неподнослива за внатрешното уво, мелодија на судбината. Кој ги чул овие звуци, тој знае – не постои голем хор, тој знае – тука доаѓа во контакт со скриените тајни – тој го зема во раце срцето на светот.

    Понекогаш чувствувам дека ме нема. Поточно воопшто да ме нема. Претпоставувам дека здив на ветрот може да ја издува прашината на моето битие и како што чистач ги чисти  лисјата од тротоарот – така ќе биде исчистено и тоа, што се нарекувало мене. И јас ќе се вратам во тоа од што сум создаден – во земја, во ветар, во снег, во љубопитност. Пред моите очи постојано се појавува ваква слика – како да во далечна куќичка на планина надвор од временските пространства живеат старци, чија судбина е несфатлива, и кои имале фантазија да ги спојат невидливите струи на свеста и да создадат живо суштество, на кое би го дале сето тоа што го прави возможно да каже дека човекот постои – секој и има дадено на таа играчка тоа, што го можел – чувства, впечатоци, спомени, мисли, љубов – секој дал нешто, и човекот се појавил. Дали ќе остане нешто, кога нивната фантазија би престанала и кога за играчката ќе снема интерес? Потопите ќе се вратат обратно и јас просто во тој момент ќе исчезнам. Мислам дека тие ми даваат шанса сам да донесам одлука за ова прашање – дали ќе бидам доволно интересен за нив? Дали ќе можам да ги заинтересирам со јачината на својата искреност?

    Кога ја слушам Mатиа Базар, ме опфаќа таква слатка желба за смрт. А можеби тоа и не е воопшто смрт? Можеби – тоа е токму живот? Срцето се собира и го гледам отсјајот на сонцето некаде длабоко во себе. Инстинктивната љубов и смрт – тие одат рака под рака кон насилен наплив на среќа.

    Можеби сум смешен. Можеби изгледам како пронаоѓач за средства од осаменост и досада, како корисник на души, и како да се каже, како да објаснам дека јас само сакам да покажам – колку блиску, лежи тоа Нешто…

    Еден коњ и еден еж се шетале низ маглата на Кронштат, и таму за нив имале само еден лист, и тој лист долетал и одлетал назад како и Луј де Бројљ од моите детски соништа – како луда бесконечност Бердјаева – како пенисоиден симбол кај индусите, навестуваше на нешто неодредено, воопшто, на недостатокот на цврстина и јакото срце во таа мрачна слика за листот. Имав сон: дебел пајак седнат, со опуштени нозе. Пред неколку месеци сретнав една девојка, која имаше машка адреса. Тогаш го напишав тоа, но сега се сетив на тоа. Чуден вкус. Одвратно кикотење. Вкусен сулфат. Така тој пајак се смееше на нас, така се смееше на тоа човечко создавање, кое се нарекува свест. Свеста – како дрвна печурка – како да е печурка, но во реалноста – чиста целулоза. Како да е дел од психата, но всушност – тоа е само целулоза. Еве за што јас сериозно размислувам. Сосем сериозно. “А како се викаш ти” – ја прашав неа? И, најважно – каде? Впрочем, ако те викаат, значи дека обавезно некаде конкретно те викаат. Што треба човекот да чувствува, кого патетички го повикуваат во смрт? Јас се сеќавам на снегот, кој се лизгаше под моите нозе, се сеќавам на мразот, кој се тресеше и цврстата одлука: “Ако моите мачки не можат да ме додржат – ќе го фатам мразот со заби.” Ја подигнав главата, се исправив и отидов таму, каде што никој не ме викал – таму бев среќен. Океан од цветни калинки во долината Цинандали. Плажа од цветни сакури на падините на планината Фуџи – дали уште ползи или веќе стигна тој полжав и дали после тоа заврши прекрасната ера на моментални стихови и вечната љубов?

     

    Да бидеш како поток, како рекичка – само да течеш.

    Кога гледам на старец, кој се влече по улица со валкана кофа во рацете, во стари гумени чизми, покрај жештината, – јас го гледам во неговите очи, разбирањето дека ништо повеќе не е достижно, дека ниедна цел не може да допре во неговата глава – нема веќе сила, ниту време за негово реализирање. Нема веќе ништо – само тоа што постои сега – таа улица, таа жештина, цел свет поминува низ неговата глава, но не остава трага – како месечина во бара. Во тоа има нешто, поради кое сакаш да застанеш. Целосно да застанеш. Да застанеш, така што целиот свет би застанал. И да го доживееш тоа сега – додека се уште имаш сила да се справи со тоа, да би добил животна сила, а не да го доживееш тоа како ужас од безизлезноста.

     

    Да се ризикува животот – каква ситница. Сите околу само тоа и го прават – како друго може да се нарече безвредната вегетација. Но, ризикувањето на смртта – ризикувањето на смрт – тоа е нешто сосема друго!

    Смеа, удари со камшик, крикови, гестови, поделени облаци, мирисот на зрела трева – така си го смирив умот.

    Кога нема музика – тогаш се раѓа мелодијата самадхи, кога нема страст – се раѓа страст на самадхи, кога нема ум – се раѓа ум на самадхи. Кога сите три се раѓаат, тие умираат и се раѓа самадхи. Кога се раѓа самадхи, нема што повеќе да се каже.

    Кога ова утро ја напуштив куќата – почувствував одреден мирис – тоа беше мирисот на сенката на птица, тоа беше мирисот на шумолењето на дрво во околината, тоа беше мирисот на пукнатината на асфалтот.

     

    Слепите ги гледаат само слепите, глувите – ги слушаат само глувите. Јас веројатно веќе не очекувам ништо тука. Секој ден се подалеку. Нешто си оди далеку засекогаш и јас го чувствувам со целото тело и душа – си што е во мене. А, и не можеш да направиш дупка во окото да би гледал подобро. Ако нешто не гледаш, нема ни да го видиш, ако тоа не дојде од внатре, а тоа значи дека треба да одиш да би се вратил. Така да почни да проштеваш.

    Состојбата на умот, која не се наоѓа некаде конкретно. Состојбата на умот, при која мислата не се раѓа, чиста површина на океанот, појавена длабочина. Фрлениот камен веднаш тоне подлабоко и исчезнува, а таласите само го поклопуваат, а потоа повторно ги нема. Лицето на човекот, кој се наведнал над водата, го гледа само својот израз на лицето во водата, зад кое сјае длабочината без дно.

    Се обидувам да пронајдам невообичаено преживување. На пример, да замислам дека сега ќе ме убијат и ме обзема студ при тоа, па шумата, која треба да го прими моето тело, станувајќи сенка на необјаснив мирис на вечност. Дали во ова е потребата од егоистичните фантазии? Јас не мислам така. Напротив, тоа е начин да се покренат нови стрингови во однос со светот, далеку од стереотипите на доживувањата. Чувствата стануваат свежи и прозрачни – преку нив почнувам да ја видам челичната боја на реалноста. Или да замислам дека седам под дрво во самадхи – во тој случај си оди секоја лажна одговорност, а можеби дури и доаѓа самадхи. Некои збирови на преживувања како да го помрднуваат доживувањето во непознатата површина. Искуството составено од таквиот збир е далеку најголемо искуство, но од друга страна – можеби тоа е суштината на секое искуство. Се разбира, секој си го наоѓа тоа за себе и затоа е уште повеќе необично, што понекогаш многу други луѓе наоѓаат во тоа иста ефикасност. Мене ми е многу блиска формата на искуството, како што е искажано во јапонските хаику и танка. Голем број на слики – и експлозија на промена во непреживувањето. Прашање – а колку се различни тие светови, каде што оди моето доживување? Тие сигурно имаат најмалку едно нешто заедничко – тоа е воодушевување од она што јас го доживувам светот поинаку. Навика на промена на правецот во доживувањето ме подготвува кон тоа, дека ќе го најдам патот кон она, што мене најмногу ми одговара – кон самадхи.

    Бучавата која ме спречува да се концентрирам на потопување во себе – тоа може да се слушне само кога умот е оптоварен со мислата. Кога умот станува она, што по своја природа е појава на мисли – нема пречки. Сама по себе пречката – тоа е нешто што доаѓа во средината на протокот и го спречува. Ако нема проток, нема ни пречки. Кога не постои проток, нема пречки, тогаш не постојат ниту пречки, ниту проток. Токму тогаш се појавува протокот. Кој знае – тој ќе разбере. Зошто јас сега не сум самадхи? Тоа е само прашање, кое јас сакам да го поставам тогаш, кога воопшто постојат прашања.

    Кога ова утро ја напуштив куќата – пчувствував одреден мирис – тоа беше мирисот на смртта.

    Што највеќе ме погаѓа во срце – тоа е краткотрајност на се она што се случува. Ништо не е стално во мојот свет. А во светот на оние луѓе, кај кои си е солидно и стабилно и однапред одредено и поврзано чувство на должност или страв – таму е уште полошо. Таму воопшто присуствува гнилост. Отвореноста на срцето кон други срца генерира неверојатен блесок на љубов – тој е луд, во таа смисла што не води сметка за ништо, дури ни за себе. Овој блесок не е одреден во временско пространство, бидејќи секој момент се појавува повторно и никаде на друго место не живее – ниту во минатото или иднината, ниту во денешнината – меѓувременост, недостаток на растојание. Кога ситуацијата завршила и станала покриена со слој на прашина од последните настани од блиската вечер, тогаш се појавува нов свет пред очите, но во тој свет веќе не се две срца, има само благ слој на сеќавања – како линии на маглата, која неизбежно исчезнува кога изгрева утринското сонце… И смртта и животот се спојуваат во еден момент на неизбежна разделба – смртта и животот се наоѓаат тука во својата неутрална зона, каде што договараат мир на пролеаната крв на чувствата и нивните раце се спојуваат со нашите раце и нашите погледи се мешаат во мрачната светлина на прекрасните изблици на вечните зори. Тоа е зора на ново човештво, бура од нови промени во просторот и времето, но секоја вклучена во тоа ронка од камен и шкрипи во мелницата Кали. Постои во тој круг кревка колиба, каде што живеат старците – нивните бради – ја означуваат вечноста. Јас тоа не го сакам. Подобро да влезам во окото на циклонот и да почекам кога ќе ме искине на парчиња и да ме расфрла над океанот – во краен случај – така мојата душа ќе стане слободна во космичкиот простор.

    Јас никогаш не го читам тоа, што сум го напишал.

    Напред, некои сто километри има бел снег, бело небо, бели планини – ветрот завива ветрот и ги засипува планините. Јас сум сам во оваа ужасна вечност – не можеш да направиш ни чекор кон човекот што го сакаш – длабоките наноси ќе го апсорбираат било кој напор. Ужас. Ужас кој прочистува. Јас го прифаќам со благодарност – јас знам дека ќе ги исфрли сите непотребни работи и ќе остане само огромната потреба за љубов, брутална страст, која го завртува во себе моето тело, целата моја душа и кога тој тајфун ќе се подигне и се занесе до бесконечност над високите врвови на планините – тогаш, доаѓа кристална чистота, преку која можеме да видиме се што е неразбирлива причина за умот или срцето. Жестока нота на есенските ветрови. Јас нема да те заборавам, додека сум жива. Бранови пред очите. Фрагменти од поеми. Треска. Отчукување на срцето. Стегнати тупаници. Погледот продира си, па дури и празнината не е пречка за него.

     

    Имам 30. Јас веќе имам сива коса. Јас ја посматрам и сваќам – искрените преживувања не поминуваат залудно. Во одреден момент таа резервна цврстина ќе се потроши. Еден ден ќе си заминам од оваа земја, овие луѓе кои ги сакам повеќе од својот живот, овие животни кои ги сакам повеќе од многу други луѓе, овие планини со своите бескрајни ужаси, ова море со своите високи води. Јас ќе си заминам и тие ќе си отидат и каде ќе се сретнеме? Каде ќе се најдеме? Љубена – каде ќе се најдеме?

    Занимациите, што ги наоѓаме за себе – се сеќавам на тие денови кога навистина нешто ме интересирало. Ме интересираа јазици, математика, физика, барав нешто во психолошките студии и филозофијата на неоплатоните, ја изџвакав историјата на луѓето, непознати за мене, плачев за страдањата на литературните ликови и бев среќен кога тие имаа среќен крај. Познавам многу луѓе кои го сториле тоа пред мене и го прават го тоа уште и денес. Јас не ги земам во предвид оние што го прават тоа од потреба – оние кои од тоа ја прават својата професија. Ги рачунам оние кои наоѓаат во тоа одмор. И не ги разбирам. Впрочем, ако искрено гледам на овие занимации, тие ќе се претворат во прашина. Ликовите се измислени или не – тоа се сепак само ликови. Науката – тоа е само наука. Се е ограничено со самиот предмет на изучување. Секоја активност е ограничена од страна на нејзиниот предмет. И порано или подоцна ја губи душата. Се разбира, можеме бескрајно да направиме некои напори во култивирање и поддржување на своите интереси, но само во ретки моменти на својата ментална релаксација. Но, кога периодот на опаѓање на енергијата проаѓа – тогаш повторно не носи на врвот на гребенот, а потоа изложен на секој ветер, повторно не носи некаде. Можеби сум само болен? Но не, можам да ги видам сите фази на своето патување и гледам дека си било искрено и дека не постои друг начин, и дека ќе морам да поминам низ сето тоа, ако би почнал од почеток.

    Ако е тоа болест – нека се вика така. Значи дека сакам ТАКА да бидам болен. Значи дека немам причина да се вртам назад. Значи морам да станам и да одам понатаму. Кон состанок со себе. На состанокот во никаде. Јас отсекогаш сум сакала да сакам. Точно е, колку и да сум била срамежлива како дете и колку и да сум ја криела од очите на другите. Отсекогаш сум сакала да сакам. И секогаш одев кон состанок со тоа. Може ли некој да каже исто за себе? Јас би сакала да го погледнам тој човек. Ја мразам изградбата на оние теоретичари кои се подготвени да се намали се до мизерен сет на самоодржување. Секогаш постои добродушник, со кој лесно може да се објасни мојата потреба да љубам, едноставно потреба да сакам, едноставна акумулација на внимание на мене, кон прост промет, каде што главниот капитал – е тоа внимание и самопочитта. И по ѓаволите со него, и пушти го нека објасни.

    Но, кој ќе го чита тоа? Кој, покрај мене? Се разбира, јас не го читам тоа, значи дека – никој нема да го чита? Зошто тогаш пишувам? Се надевам дека, парчето хартија уште ја достигнува својата дестинација, патетично се надевам дека бездната може да ја помине тоа парче хартија, кое е фатено од страна на ветрот, полека се качувам во незамисливи простори и паѓам во ТИЕ раце, веднаш пред ТИЕ очи и ќе бидам достапен на ТОА срце.

    Во детството таа се бањала и одеднаш почувствувала под нозете лизгаво парче од дрво. Оттогаш, иако таа не се плаши да плива, но се плаши од дното. Обидете се да ја сфатите оваа едноставна приказна, обидете се да ја прочитате уште еднаш, да ја преживеете – и ќе видите дека светот несфатливо се шири во нашиот живот и продолжува понатаму – кој се осмелува да му застане на патот? Кој се осмелува да биде понесен од нив? Ние смирено ги ставаме крилјата на грбот – затоа што може да не удри ветрот и не би можеле да стоиме на земја? Како да се задржиме? Покажете ми го оној кој би можел да помогне, па дури и знаејќи го она дека лежи пред – нешто неописиво, незамисливо, непостоечко. Кога ветрот е во крилата – ти преостанува само да леташ. Едноставна приказна која се случила со мало девојче – дали тогаш знаела дека оваа приказна ќе ја придружува целиот нејзин живот како верно куче? Дали ние чувствуваме кога имаме приказна која не би ја разбрале, но остава неизбежно влијание врз нашите животи? Од време на време на еден случаен поглед, краток збор, речиси исцрпувачки состанок – и одеднаш ти сваќаш – има НЕШТО. Никакви атрибути веќе не постојат. Колку длабоко да погледнеш – нема ништо да видиш – и сепак знаеш – дека се случило. Тоа е мистерија. Вистинска мистерија и да се доближиш до неа – бррр, губиш рамнотежа и почнуваш да се давиш.

    Се појавуваат две мене, кога бев во планините – јас и една планина, планина – која станува јас. Се појавуваат две мене, кога во мене се бори желбата за животот и нагонот за смрт – тие се ангажирани во дијалог како јас и јас. Се појавуваат две мене, кога сакам – јас сум оној кој сака и тој – кој ми се допаѓа.

    Постои слабост која не е цел сама по себе, која е слабост само затоа што ја избегнува силата како елемент кој ја прикрива транспарентноста на доживувањето – таа слабост, ништо не губи, таа слабост – е сила на еластична флексибилност на гранките. Таа слабост – е флексибилна страна на силата. Различни мисли се родија – кога јас само гледам на тебе. Јас би ги уништил – тие се неконструктивни и нејасни, но… сакам да кажам гласно. Јас не да се изразувам – јас живеам во зборовите кога ги кажувам на оној, кој ми е пријатен.

     

    Се неразбрано дава двосмисленост. Се двосмислено дава многузначителност, се многузначтелно дава симфоничност, симфоничноста води кон хармонија, кон проникненост, кон растворање, кон исчезнување – ништо не трае вечно толку долго, толку што исчезнува.

    Доаѓа време кога сонот станува длабок, застрашувачки во својата значителност, кога ќе се разбудиш, знаеш – тој беше вистинска реалност, а таканаречената реалност од претходно – па нека и во неа, исто така, постои и малку вистина, но дел од отпадот е толку голем да… Како мотор може да користи различни горива. Во секој случај, да би се помрднал – си е добро – и сексуалниот притисок, и болка од осаменост, итн. Но, вистински чекор напред дава енергијата на љубовта. Како искрен експериментатор, како човек кој без милост ги фрла во депонија сите нереалности, кои безмилосно ги носи во беда и себе си и другите во неговата агонија на наоѓање на вистината – јас сведочам – љубов – тоа е нешто најнеобично од фактот на она што сам го искусил досега. Кога доаѓа до прелом – а тоа се случува еднаш – тогаш и вниманието станува близок пријател на љубовта, и целиот мое битие се тресе и вибрира во очекување на новиот живот и сонува да стане дел од реалноста, и многу друго… Се разбира, мислам токму оној вид на љубовта која е толку различна од вообичаената љубов, – себична љубов. Како инженер на својата душа – си велам – ова е моторот што ќе го земам за мојот автомобил. Како магионичар – јас можам да видам дека необична длабочина доаѓа да ме пречека, се чувствувам како човек – тоа е мојата реализација, во тоа е мојата среќа.

    Можам да видам многу и гледам многу, но јас едноставно не се вртам назад – во иднината, во тоа – како и што ќе биде. Јас не сум Бог, јас сум само дете, но родено во самадхи. И тешко е да останам неутрална во тоа што го гледам и многу често мислам дека не можам да се спротиставам на својот интелект, својот глупав човечки инстинкт да се “стори сй што е можно најдобро, и да се мешам во најголемите тајни, и така да го попречувам протокот. Па јас само избрав да ја одложам својата визија, додека не сум апсолутно сигурна дека не се мешам, да не се обидувам да НАПРАВАМ нешто со она што го видов – или друго се ќе се изгуби.

    Се накашлав, јас се кренав од земјата и се завиткав во јакна, тргнав кон работ на шумата. Сина трева, дрвја, израснати корени, езеро, кое се потпира врз мене со неговиот тежок брег – се ме придружуваше чкрипаше, завиваше, плескаше. Животот беше при крај, светот се множеше, моето срце болеше. Треба да направам еден чекор. Мора да направам само еден чекор. Но, не знам – каде, но морам. Постои чекор, кој не може да се направи некаде. Ако е тој чекор – некаде, тоа е сигурно дека не е таму. Јас ги повторував овие зборови како заклетва. Чекор не може да се направи некаде. Чекорот треба да биде направен и точка. Едноставно да се направи. Едноставен чекор. Еве еден парадокс. Таа проклета скапана непостигливост на едноставни дејствија. Ми се допаѓаат едноставни зборови, ги ценам едноставните чувства, ја гледам почетната едноставност на љубовта – и сега треба да направам напор и да научам како да направам едноставни чекори.

    Прв пат оваа идеја ми се појави одамна, кога таа беше само розова бајка – и таму веќе бев оној, кој го тестираат, а не тој кој тестира. Години поминуваа, бајката остана бајка, и дојде времето кога јас веќе не можев да се гледам себеси како пасивен учесник на замислени настани. И тогаш имаше долг, неинтересен секојдневен живот, кој во голема мера го потишти мојот идентитет. Но, во еден момент, мојот стар, веќе мртов сон, се роди повторно во нова варијанта, ми ги замагли моите очи и не можев да мислам на ништо друго.

    Така, меѓу појадок и ручек, решив да изградам еден нов свет. Емоција – нешто што има должина – должината на времето, но преживувањето е секогаш моментно, тоа секогаш живее само тука и сега. Преживување – точка со нулта должина. Како борбена сила е концентрирана на неговата острина од мечот – точка која нема должина – и моќта на преживувањето е фокусирана во моментот, таму,каде што не постои ниту минато ниту иднина.

    Соочени со некоја лоша вечност – се е тоа суета. Како и да е, порано или подоцна – денес, утре или следниот ден – ќе мора да седнеме на само и да разбереме – еве сега ќе седнам мирно и ќе ги бројам минутите, а не часовите. А потоа многу брзо се ќе се заврши. Постои ограничување на си.

    Ако не се врзеш за одреден момент во својот живот, тогаш емоциите ќе им го ослободат местото на преживувањата – затоа што емоциите се секогаш последици, тоа е секогаш производ на сваќање на преживувањата, дури и ако тоа се случува незабележано. Но чистото преживување е многу различно од емоциите – тоа е суштината на животот и од практиката на чисто преживување до самадхи – постои еден чекор. Транзицијата кон чистото преживување – тоа се чувствува како да одеднаш го губиш твојот здив и паднеш во областа на некои посебни длабочини – неверојатна богата полнотата на животот. Главниот квалитет на тоа преживување – потполноста. Се гушиш во чувство на таа комплетност, сметаш дека постои одредена реализација. Светот ја открива својата неверојатна длабочина.

    Постои шанса, која е сокриена во невозвратената љубов. Може да потрае кога одиш да ги исполниш своите преживувања без страв и срам. На самото дно на очајот од невозвратена љубов се наоѓа големо богатство, а тоа е достапно само со силни и страстни луѓе – кои можат толку длабоко да се спуштат, само поради него. Таа лекција е за силни луѓе, но, од друга страна во тоа и расте силата.

    Кога слушам како некоја девојка вреска на улица – далеку е, едвај се слуша глас, нејасно е – дали тоа е крик на зезање, дали повикува – секогаш ми се чини дека ме викаат мене, дека некој нема повеќе сила да издржи и еве излегува на улица и вреска, и се надева дека ќе ја слушнам. Ја намалувам музиката и мислам, се успокојувам и слушам и чекам и сакам да се облечам брзо и да излезам на улица и да вреснам на цел глас – тука сум!!!

    Планините ми го земаа воздухот, љубовта ми ја одзема земјата, луѓето ми ја земаа мојата вера, болката ја зеде мојата надеж. Кога го намалуваш притисокот на тупаницата, што ти држиш – се лизга од рацете и гледам празни раце и видов дека се е изгубено – неговите раце уште еднаш се чувствуваат изгубени сето оживува повторно во мене. Постои нешто што не може да се изгуби, но секој пат кога го губам, заборавам за тоа. И секој пат кога ќе се најдам на таа земја се сеќавам повторно на тоа.

    Јас забележав дека Акутагава, кога сакал да ја искаже неизречената фузија на настани, со употреба на зборот “-но”: “Ару сигуре-но фуру бан-но кото дес.” Читам се што е напишано од мене – Гледам дека користам “и”, и често ги запоставувам запирките – континуитетот ми е поважен, отколку писменоста. Колку сум подалеку, толку повеќе ми сметаат запирките, каде што не ја одразуваат природната пауза.

    Првиот пат можев веднаш да се свртам и да одам. И ништо од ова не би било. Ќе има само тапа болка за неостварено, како некое предавство на себе, но тоа најверојатно нема да боли. Но, тој избор не е за мене. Но, овоj ми се чини, да..

    Кога седам во шумата покрај огнот, кога одев таму со шатор за неколку дена или неколку часа да седам надвор под шушкави дрвја и да читам книга, или да мислам во тивка осаменост на својот живот, кога моите мисли се фокусирани и не се враќаат кон градските обврски – во таквите моменти јас сум концентриран, чувствувам мирис на свеж воздух, се чувствува како се прави боровите и колку брзо се шири мовта, а свежината од надвор, станува свежина во себе. Кога се враќам, го носам со себе. Не сакам да чувствувам ништо, каде што другите не можат за миг да избегаат од метежот и ритамот, се чувствувам како патник покрај оган – слободен, концентриран, полн со свежина, опуштен.

    Низа на имиња кои ми се блиски, без разлика на било што, се – творци на она што живее во мене што сум го живеел: Акутагава, Кобо Абе, Kавабата, Фаулз, Кастанеда, Никол, Љоса, Фриш, Кришнамурти, Сузо, Tаулер, Ошо , Ниче, Рамакришна, Миларепа, Газданов. Ова е хипнотичка низа имиња, кои кога ги кажувам занемувам и топлина го покрива моето срце – се чувствувам себе си од внатре, гледам бескрајност, слушам тишина која доаѓа од срце до срце, слушам како се слуша кристална тишина и таа е со боја на крв.

    Понекогаш кога се будам од спиење останува чудно чувство, и ако не ја допираш главата со раце, ако не се движиш некое време и му ја вратиш на полесно дремење, можеш да го споделиш тоа чувство, малку појасно. Тоа не е поврзано, се чини, ниту со содржината на сонот, ниту со нешто друго – тоа е чудно, доаѓа од најголемата длабочина – тоа се искусува со повеќе анксиозност, премногу е мала веројатноста да не правиш ништо со тоа што мораш да се соочиш со реалноста или на будење во сон. Се чини дека доаѓа од длабочините. Морничаво чувство – страшно и атрактивно во исто време. А ужаснато поради заканата за сето тоа надвор од него – повеќе од чувство на индивидуалност, повеќе рамна сенка, се чини. Атрактивен, бидејќи таму води мојот пат, затоа што тоа е директен обид за продирање кон преживување на празнината, што ги исполнува сите нешта.

    Осамен патник во светот на раздвоеноста.

    Се верува дека жената живее со чувства. Всушност, чувствата живеат со жената. Се верува дека мажот треба да биде силен. Всушност, силата го бара мажот на својата маса – и треба храна. Силата зема вилушка – чест и нож -достоинство, го става на чинија-предност и со пријатност џвака. Сила, чувства – тие сакаат да живеат и затоа треба да се хранат. Но, јас не сум склон да бидам таква жртва – јас излагам од садот, ја оставам мојата облека таму и си одам. Нека ветрот ги залечи моите лузни, нека го избрише моето име, напишано на песок, и тогаш силата нема да ме најде. Си играм криенка. Јас сум повторно дете. Си пукам меурчиња, загледан во сонцето и мрдам со моите прсти во вода. Нејзината мирна површина ми вели нешто, но мене тоа не ми е потребно.

    Лутината е мојот верен пријател. Не ги разбирам безнадежно љубезните луѓе кои ги градат нивните односи со другите луѓе така, како што се однесуваат кон храната чакалите – иако месото е расипано, битно е месо. Јас не ја прифаќам љубезноста поради љубезност, комуникацијата поради комуникација. Можам да бидам груб, можам да бидам нежен, можам да бидам жесток, кога лутината е наменета за кршење на ѕид помеѓу себе си и сопствената тупост. Каде се бесните луѓе? Каде ти се јајцата, мажиште? Каде ти се ноктите, жено? Лутина – тоа не е агресија, тоа не е омраза и гнев, лутината, не е компатибилна со сето тоа ѓубре. Омраза, агресија, нервоза – тоа се деструктивни чувства, тие те слабеат, те прават беспомошен, бидејќи тие се обратна страна од желбата за поседување и изразуваат потрошувачки желби кон светот. Ако светот не е како што сакам – тоа ме прави нервозен или агресивен. Лутината – нешто поинаку. Лутината е супер човечки обид  со сите нејзини сили да ја пробијат завесата, тоа е стремеж кон светлост, кон светлина, . Лутината е светло чувство. Лутината е последен очаен обид кон целосен притисок на љубов и нежност. Може да има навистина лут човек кој не може да биде бескрајно нежен, не може да се лути човекот, кој не е подготвен да го даде својот живот поради живот. Не може да бидат лути оние кои не можат да се жртвуваат за првиот поминувач во чиј поглед можеш да го видиш одразот на својата судбина. Лутина – тоа е чувство на кое е способен само оној кој се стреми, која сета негова душа ја вложува во способноста да се сака и во потребата за љубов – си друго е премногу ситно за да предизвика лутина, а ситничарите не можат да бидат лути. Не може да има лутина оној кој не може да се концентрира. Лутината е неразумна, зотоа е и во состојба да ме извлече од мојата смрт. Лутиот Буда. Лутината јаде се што е празно и илузорно – лутиот човек нема учтивост и пристојност – тој го гризе ѕидот со неговите заби – Каков вид на пристојност! Лутина не може да биде насочена кон нешто празно и измислено – таа се свртува и си оди. Лутината самата е селективна – таа е родена во судир со смртта. Токму затоа лутина не може да биде насочена кон друг човек – таа може да биде насочено кон глупоста, која ја убива душата и го овенува срцето – и веќе навистина не е важно – дали таа глупост е во мене или тебе.

    Постои во цел тој круг стара колиба, каде што живеат старците – нивните бради се млаз од вечноста и срцето им е одвоено. Староста е благословена кон нив – таа не може да се приближи кон совршенството на нивната едноставност – таа не може да го направи постаро оној на кого не му е важна младоста, енергијата не може да ги напушти, затоа што тие сами ја отфрлиле, силата не може да исчезне – тие одамна се предадени во рацете на неограничената слабост. Издржливоста на истегнувањето лежи во почетната слабост – која би можеле да ја добиеме оваа сила на апсолутна слабост? Кога човек се предава – станува неповреден, неранлив, како неранлива шумичка, како неранливи, неповредени ливадски цвеќиња. Кога е во прашање ваков фактор, се рушат планини, се распаѓаат карпи стари со милениуми.

    Небесно сини простори на земјата на Бодхи – што е уште потребно?

    Тоа е чудно – јадам и пијам – но живот сеуште си оди од мене. Што ќе остане после мене? Се разбира, да, да… Тоа јас се смеам и климам со својата памет , која заслужно ме доведува до:

    Што ќе остане после мене?

    Цвеќе – на пролет,

    Кукавицата – на лето,

    Чист и ладен снег – во зима.

    Природна анестезија – спокојна ладна пустина – таа е во рамките на секоја личност и кога болката станува неиздржлива – душата сама го наоѓа патот и се лизга кон таа студена тишина. Слегување таму, има речиси блаженство – нема болка, ништо. Речиси блаженство. Празна, кристална, но речиси среќа. Трепери ништо. И само тоа “речиси” е облак на спокојното небо. Може ли да се помирам со тоа “речиси”?

    Секој има слаба точка. И тоа е точно тоа место, кое те прави јак.

    Околу се привидувањата, привидувања…. Како можам да избегнам да станам мизантроп? Сите се плашат да направат чекор напред, тие се соочуваат со несигурност, како резултат на тоа, тие и понатаму седат во својата бара. Исползев надвор од својата бара – и што? Дали дилемата сега е во тоа да треба да одам, или да се вратам во барата? Човек може да си замисли дека гради мост помеѓу стариот начин на живот и новиот – но оваа празнина не може да пројде преку тој мост, секој мост води назад, никогаш нема да биде изграден до крај – празнината е премногу широка помеѓу извесните и неизвесните – тоа се само различни начини на живеење. И сите тие мостови изградени – е само начин за самозадоволство и успивање на самиот себе си. Празнината се надминува само со скок – очаен скок, безнадежен. Кој може да каже – јас сум подготвен? Кој од тие што се јавиле, навистина ќе скокне? Секој кој ќе скокне, постигнува – но ти не знаеш што, додека не скокнеш. Назад  не се може, каде … во затвор доброволно … затоа се чувствувам како полека но сигурно влегувам – се подалеку и подалеку. Тоа што ме загрижува, тие хоризонти што се пред мене – немам веќе на кој дури и да покажам, бидејќи за да ги видам, морам барем да ги подигнам очите и да ми биде надвор од видик тротоарот со ивичнаците. Секој час безнадежно се одалечувам – само љубовта може да изгради неверојатен однос преку незамисливите празнини – едноставно верувам во љубов на прв поглед и без да гледам назад.

    Кога погледнав во нејзините очи, видов таму бескрајна љубов – дека тоа видов навистина? Сега морам да се запрашам – не, сега морам да си одговорам на прашањето. Кога погледнав во нејзините очи – што всушност видов таму навистина? Можеби – нејзините очи беа само огледало, во кои јас видов само одраз на својата лудост? Очи покриени со огледалото – во тоа има нешто – доживуваш здодевност – гледаш здодевност, доживуваш страст – гледаш страст. А што е со моето срце – зарем не сака да се пробие, зарем не прикрива мазни како огледало покривки? Изгледа – не, веројатно – стравот и смртта танцуваа таму за неговиот празник.

    Каде е тенко, таму НЕ се крши. Само ако тоа е суптилно чувство на продирна љубов.

    Не сакам да се намали чувството на разбирање. Бидејќи, разбирањето стеснува, обележува и го одредува. Во секој случај, разбирањето го отфрла целиот свет за себе. А чувството – напротив – тој го носи во себе целиот свет, се одрекува од приватноста. Сите работи доаѓаат од непознатите празнини и преку сите може да се погледне во таа празнина. Повеќе сакам да погледнам во празнината преку љубовта – не, љубов е самата по себе празнина. Кога чувството постигнува највисока точка, тогаш ти молчиш. Но, излегува дека постојат повисоки и се поголеми и поголеми …

    “Ако те прашаат – ќе кажеш.

    Нема да прашаат – нема да кажеш.

    Што е во твојата душа сокриено,

    Благородни Бодхидхарма?”