02-01-01 Концепти и нивната улога во појавата на НЕ
Пристапувајќи кон отстранување на НЕ, ќе забележиш дека најчесто се создаваат кога настаните не се одвиваат онака како ти би сакала. НЕ се придружени со мислите на “така не е правилно”, “ова не е добро”, “треба поинаку”, то ест твоите размислувања за тоа како “мора” да биде се спротиставуваат со начинот на кој што навистина е, и навиката за доживување на НЕ се појавува во такви моменти. Усовршувајќи ги своите напори за отстранување на НЕ, зајакнувајќи ја мислата дека не сакаш да ги чувствуваш, дека сакаш да престанеш со таа здодевна навика, и да ја зајакнеш радосната желба за чувствување на просветени доживувања (ПрД), чувствувајќи задоволство од разумната јасност, ќе дојдеш до манифестација на постојан интерес за критички осврт на концептите.
Зборот “концепт” се користи во науката да се означат прилично конзистентен систем на хипотези и толкувања на експерименталните податоци. Зборот “концепт” во контекстот на оваа книга се користи во согласност со тоа, колку важен тој стана во нашиот секојдневен јазик е “механички превземени системи на ставови.”
“Механички” значи имитира слепо, без размислување, под влијание на НЕ (на пример, чувството на сопствена инфериорност, трапавост, страв од негативните ставови кон себе, страв од изолација, итн), без сопствени образложениjа, без сопствени пребарувања на причини во форма на експериментални податоци. То ест се верува во каква било изјава и понатаму човекот живее онака како да е таквиот начин на живеење единствено прав.
“Системот на ставови” е стабилен комплет на мисли, кои произлегуваат по навика, под одредени околности.
На пример, кога детето се удри и почне да плаче, се појавува комплет на мисли: “детето плаче – го боли – треба да се утеши”, тоа е причина да кажеме дека постои концептот на “детето кое плаче треба да се утеши.” Но со тек на време ти можеш да сватиш дека солзите и барањата стануваат се повеќе и повеќе, да утешуваш треба се повеќе и повеќе, тогаш фрлаш сомнеж на овој концепт, да почнеш да резонираш. Како резултат на резонирања, набљудувања кои произлегуваат од овие претпоставки и на основа на стекнатото ново искуство може да се дојде до заклучок дека “утехата” значи да го приучуваш детето кон самосожалување. Како резултат на тоа, можеш да го промениш своето поведение – не само да не го тешиш, туку токму спротивното – да не му посветуваш внимание на детето, секогаш кога тоа доживува силни НЕ, и веднаш штом ќе се појави пауза во плачењето, да се посвети внимание и симпатии. Како резултат на тоа, детето ќе разбере дека плачењето и самосожалувањето не го посветуваат твоето внимание, и ќе добие поттик да престане со одгледувањето на навиките на НЕ во оваа ситуација. А ти евентуално ќе го елиминираш концептот, ќе доживееш јасност, и само ќе тио стане да постигнеш совршено отстранување на НЕ, кои произлегуваат од навиката во тоа време, кога детето плаче да би го привлекло твоето внимание.
02-01-02 Извори за појавување концепти
Ти ги добиваш тие концепти од различни извори.
На пример, ако мајката за време на оброкот види лебарка, целата ќе се намршти, ќе викне со грд глас, и со одвратност и страв ќе го однесе во тоалет, а ти како малолетно дете се тоа ќе го апсорбираш и прифатиш, ќе го прифатиш и односот поврзан со лебарките, и тогаш лесно ќе го прифатиш концептот: “лебарки – тоа е одвратно”. Ова е “емоционален” начин на донесување концепти.
Другиот начин е авторитарен. Ако некој “почитуван” или “постар” или “умен” со призвук на важност вели дека не треба да се прави тоа и тоа, можеш слепо да ја прифатиш таа претпоставка, бидејќи таков “умен” и “почитуван” човек не може да зборува глупости.
Третиот пат е мимикрија. Ако се најдете во друштво на луѓе, тогаш ќе почнеш да учиш од нивните концепти, ако сакаш да бидеш прифатен, да не бидеш маргинализиран.
Посебно сакам да кажам за болката и предизвиканиот страв од неа, како начин на пренесување на концепција. Ако детето паднало, се удрило и се исплашило, во тој момент под притисок чувствителната баба, детето лесно ќе ја свати нејзината концепција дека “брзото трчање е опасно и лошо, а мирното седење е добро и безбедно.”
Петтиот пат се базира на таква грешка, кога некој збир на факти, се смета за целосен и конечен. Кога ќе кажеш “не постои живот на Марс”, имплицираш дека оваа претпоставка се базира на оние факти, кои сега се знаат, и дека во иднина се може да биде откриено, нешто најневеројатно и најнепредвидливо, но со текот на време ќе се создаде силна верба дека не постои живот на Марс.
Шестиот пат е чисто логичка грешка, или недостаток или неточни почетни претпоставки, или тупост, то ест специфична ментална инерција, која е предизвикана од силни НЕ.
Седмиот е врз основа на чувството на сопствена важност. Да се каже нешто со сигурност, “со познавање на тоа”, значи да се подигнеш себеси во очите на твојата сопруга, пријател, колега, и тогаш не ти останува ништо друго, освен да ја браниш својата позиција до крај, без разлика колку и да е тоа апсурдно, користејќи психолошки притисок (“Па ти што, не ти е јасно тоа?”), намерно збунување на концептот, односно намерно култивирање на нејасност.
Осмиот се други концепти, кои се генерирани од наметнатите механички желби. Ако твојот татко смета дека ќерката “треба” да даде извештај, каде ќе преноќи, со кого има секс итн, ти тогаш си одиш и ништо не му кажуваш, тој доживува наплив на нервоза, агресивност, сака да ги следиш неговите желби и почнува да измислува различни хорор приказни, а што пострашна ќе биде таа глупост, толку повисока е веројатноста дека тоа ќе делува на тебе. Така, тој настојува да ги генерира во себе новите концепти и се обидува да ги пренесе до тебе, да би можел уште еднаш да управува со тебе и да те држи во затвор.
Деветиот е еден од најчестите – неискреност во размислувањата. Ти можеш да искажуваш аргументи, да не размислуваш до крај, предвидувајќи дека резултатот ќе биде спротивен од твоите верувања, или може си премногу мрзлива да ги разгледаш внимателно другите варијанти на своите концепти. За таквите “размислувања” се карактеризираат со присуство на елементи, во форма на “очигледно е дека …”, “секој знае дека …”, “научниците веќе одамна откриле дека …” (во овој случај не постојат конкретни препораки за конкретни изјави од страна на научниците, на споредби со други мислења), итн.
02-01-03 Експлицитни и имплицитни концепти
Луѓето многу ретко помислуваат, дека зборот “мислам” обично не се однесува на процесот размислувања, споредувања и анализа на аргументи итн, туку е процес на жонглирање концепти.
Концептите се поделени во две големи категории. Првата се експлицитни концепти, то ест оние, кои што можат да бидат независно формулирани од страна на човекот, кој тој сам активно ги промовира. Можеме да прочитаме многу книги, за придобивките од зелката, инспирирани од прочитаното, почнуваме да ги убедуваме своите домашни.
Замислете друга ситуација: прашувам човек – можно ли е да престане да доживува НЕ, а тој се разбира ќе каже „не“, но тоа не значи дека тој некогаш размислувал за тоа, разгледал нечии аргументи или докази, или сам вложувал доста напор. Такви мисли и не му доаѓале на ум, додека не му било поставено ова прашање и можно е да не знае како да одговори на тоа. И ако од него било побарано да ги наброи своите претпоставки за светот, овој концепт воопшто и нема да се појави на листата. Таквите концепти се нарекуваат имплицитни. И покрај фактот дека тие се имплицитни, тие не го одредуваат однесувањето на едно лице помалку од експлицитните. Ако некој кој го прифаќа имплицитниот концепт на “невозможно е да престанат да се доживуваат НЕ” го предизвикуваш на размислување, тогаш тој може да дојде до многу различни заклучоци – “не може да престане”, “можно е, а и може да престане”, “не знам, никогаш не сум се обидел”, “морам да размислам” , “зошто да не”, и сл, и сепак тој ќе се однесува како да целосно и безусловно го прифатил концептот на невозможноста за нивен престанок.
Ако човек го крши законот од незнаење на правото, тој сепак ќе ја понесе одговорноста, така и луѓето се соочуваат со последиците од нивните концепти и покрај фактот што тие не можат да претпостават дека тие постојат.
Друг пример за имплицитен концепт: “Јас не можам да го постигнам просветувањето, до крајот на својот живот.” Невозможно е да го одречеш тоа во пракса. Не мислам дека овој концепт ќе предизвика значителна загриженост бидејќи користи нешто многу далечно – крајот на животот, и нешто крајно нејасно – “просветување”. Никаков значаен внатрешен дијалог, од него нема да биде – силниот внатрешен дијалог е ангажиран во нешто побитно. Ако некој ја каже оваа мисла, ти би можела да не се согласиш со тоа (во зависност од расположението) или да останеш со неодреден однос, но сепак концептот продолжува и го потиснува стремежот. Свеста за постоењето на овој концепт може да се роди спонтано – како резултат на напорите да се отстранат НЕ, породувани од просветените доживувања, контролирање на хаотичноста на внатрешниот дијалог, разговорот со практикантот, итн, и само тогаш ќе го осетиш товарот со кој тоа те притиснало, па да можеш да вложиш напори за да го отфрлиш тоа од себе.
Експлицитниот концепт е веднаш достапен за проучување, а имплицитниот најпрво мора да го пронајдеш што е многу тешко, а по откривањето мора да биде јасно дефиниран за да стане предмет на анализа.
За да се идентификува имплицитен концепт, предлагам да се користи писмена евиденција и анализа на внатрешениот дијалог во време кога постојат НЕ, кога ќе се протега НП или НЕС. Било кој концепт – експлицитен или имплицитен – е дел од внатрешниот дијалог (ВД), односно брзо појавување на мисли една по друга. Внатрешениот дијалог е составен од повеќе слоеви (повеќе за тоа во следните поглавја). Силниот внатрешен дијалог, целосно се состои од зборови изговорени во себе, и таква мисла може да трае дел од секунда или повеќе. Слепиот внатрешен дијалог се состои од парчиња зборови и слики со времетраење од 1 / 30 секунди, и мисли, кои се состојат од ланец на вакви фрагменти и може да имаат многу кратко времетраење – како на пример, една третина од секунда, така да за „фаќање“ и фиксирање на овие идеи се бара големо внимание и висока брзина на отстранување на НЕ.
Таквата практика ја нарекувам “оперативна работа со имплицитни концепти”.
Друг начин – најдеш резонанца на мисли. Доживуваjќи НП или НЕС, јас не го отстранувам веднаш, туку продолжувам да го доживувам и да одбирам различни теми, поставувајќи си на себе прашања: “Што мене ме загрижува, угнетува? Пеглата останала вклучена? Не. Детето е гладно? Не… Непријатности на работа? Не …”. Јас барам мисли, од кои се појавува резонанца – ќе произлезе блесок на интензитет на НП, се појавуваат НЕ. Ова значи дека е наjдена насоката во пребарување на имплицитните концепти. Сега одбирам мисли од таа област, си додека повторно не се појави резонанца, што води кон натамошно намалување на областа за пребарување. Колку го направам помал кругот, толку поголема е веројатноста од појава на спонтана јасност. Колку повеќе се занимавам со таквата практика, толку совршени стануваат вештините.
Третиот начин е да се идентификува областа за пребарување на имплицитните концепти – “резонантно моделирање”. Во имагинацијата измени ја вистинската ситуација и надгледувај – дали се зголемува НП или намалува или останува непроменета. На пример замисли дека имаш зголемување на платата, а потоа – намалување. Потоа, замисли дека твоето дете почнало подобро да учи, а потоа – полошо. И така натаму. Секој пат ќе видиш некое слабеење или зајакнување на НП, но некоја тема одекнува со особено силна резонанца – значи коската е закопана таму.
Многу често во текот на пребарување откриваме повеќе концепти. На пример: имаш гости, пиете кафе, постои загриженост. Разгледувајќи фрагменти од внатрешниот дијалог, ти сваќаш дека ти е страв, да твоето дете не започне да џвака пред гостите. Оттаму е првиот концепт: “Џвакањето е некултурно, неубаво. Продолжуваш со истрагата: “Но, зошто се плашам, не џвакам јас… затоа што тоа е моето дете.” Оттука и вториот концепт: “Јас сум одговорен за однесувањето на своето дете.” И така натаму. Станува јасно дека концептите манифестираат со цели конгломерати и се поддржуваат едни со други. За да се постигне јасност, треба внимателно да се одвојат и да се справиш со секое прашање одделно.
02-01-04 Очигледно празни и работни експлицитни концепти
Ќе разгледаме два вида на експлицитни концепти. Првите по блиско разгледување делуваат очигледно неосновани. Ќе ги наречеме “очигледно празни.” Разгледување на вторите не те доведува директно до јасност, потребно е анализа, разгледување на аргументите, контра-аргументите, контра-контра-аргументите итн. Ќе ги наречам таквите концепти “работни”.
Ослободување од очигледно празните концепти изгледа многу едноставно, но тоа не е така. Бидеjќи и покрај тоа што јасно ти е неоснована, таа постои во тоа место, значи дека постои причина за тоа. Причината би можела да биде една од наброените девет, и освен тоа – инерција, навика. Отстранување на дури и најмалите штетни навики бара доследни и радосни напори, особено ако таа навика се потпира на други – како на пример навика за доживување на НЕ во дадена ситуација. На пример, во детството си мислела дека си грда. Кога си се убедила во заблудата од ова мислење и разбрала дека за едни си убавица, за други не си, но по инерција си продолжила да ги доживуваш истите НЕ како кога си се запознавала со момчињата, а експлицитниот концепт се претвара во имплицитен и продолжува да ja активира појавата на НЕ.
02-01-05 Практика на спротиставување и механички замени
За да се надмине инертноста на постоењето на очигледно лажните (или анализирани до состојба блиска до очигледно лажни) концепти, го препорачувам методот на спротиставување. Формулирам мисла која го негира овој концепт, односно формулирам антиконцепт, а потоа правам формална пракса (види подолу во соодветната глава) – стотина пати во денот се прашувам: што мислам дека е вистина – концептот или антиконцептот? Мислата “јас сум грда” или мислата “некому се допаѓам, некому не”? Како резултат на таквите практики, придружени со беспрекорното отстранување на појавените НЕ, е постигнување на поставената задача – влијанието на очигледно лажните концепти на моето однесување постепено се намалува, се додека не исчезне.
Другиот пристап се нарекува практика на механичка замена (МЗ). Тој е ефикасен против оние кои се очигледно лажни концепти, кои биле буквално насилно наметнати на тебе со помош на груб психолошки притисок. Мајка ти виси над тебе и вика: “ТИ ЌЕ МОЖЕШ ДА СЕДИШ МИРНО???!!!!», или обратно – еден жален поглед, речиси со солзи: “Зошто ме срамиш…”. Ти се смилуваш и “разбираш”: да седиш мирно е добро, да се зезаш е лошо.
Практиката на механичка замена е дека можеш да ги изговоруваш гласно одново и одново антиконцептите – на пример, цел час по ред, секој ден по еден час. Ова води до значително слабеење на концептот, кој како клин го избива претходниот клин.
Оваа пракса, исто така, овозможува да се заврши отстранувањето на работните концепти, кога тие се сведени на ниво на очигледно лажни или блиску до тоа ниво.
За концептот на “треба да им се помогне на луѓето”, антиконцептот ќе биде “сакам да им помогнам само на оние кои ми се симпатични“, и често можат да се формираат антиконцепти само со додавање на негација: “ако тој има секс со друга, тоа значи дека кон мене тој не чувствува нежност” – “ако има секс со друга, ова не значи дека кон мене тој не чувствува нежност”.
Таквата практика може да се комбинира со друга активност, така што таа не губи премногу во ефикасноста.
Низ нашиот живот ние го повторуваме дадениот концепт – гласно, или во себе – десетици и стотици илјадници пати, но силата на слепото влијание е многу помала од силата на влијание одбрана од радосните желби, така што само неколку илјади повторувања на антиконцептите ја постигнува целта, механички го дислоцираат очигледно лажниот концепт. Антиконцептот не го зазема местото на концептот и не претставува препрека, бидејќи не го користиш на слепо, а за совршено јасна цел – да го замениш надворешен механизам.
Можеш да ја направиш оваа практика со други практиканти – прво антиконцептот го изговара една, па потоа друга, без потреба да слушаш внимателно.
02-01-06 Антиконцепти. Дефиниција и видови. Пример на концептот за “иднината”.
Дефинирање на поимот “антиконцепт“. Антиконцепт – тоа е потврда која е:
а) во спротивност со смислата на концептот,
б) предизвикува резонанса на просветено доживување (ПрД),
в) ми се чини во моментов како повеќе разумна, веродостојна, од концептот.
Антиконцептите кон апстрактни концепти (види дефиниција подолу) не можат да го имаат својството “в)”, бидејќи по дефиниција не можат ниту да се докажат ниту променат. На пример можам да направам антиконцепт: “Иднина нема, има само овде и сега.” Не можам да го поткрепам ова, бидејќи зборот “иднина” не означува некој посебен збир на доживувања, и затоа не можам да кажам што е, ниту дека не е, бидејќи не е јасно – она што е во прашање, но ова тврдење, бидејќи доведува до бран на очекување, појавување на радосни желби, ослободување од притисокот на различните проблеми поврзани со мислите за “иднината”, постои желба да се посветам на тоj антиконцепт.
Не е ли применувањето на антиконцептот форма на самозалажување? Јас ќе покажам дека не е така. Оригиналниот концепт кој гласи “има иднина”, е бесмислена неуредица на зборовите, затоа што имаш мисли кои го содржат зборот “иднина”, постојат емоции кои се јавуваат при зборот “иднина”, имаш желби кои произлегуваат кога размислуваш на зборот “иднина”, но не постои такво самостојно доживување, кое го нарекуваш со зборот “иднина”. Било кое доживување постои овде и сега. Значи имаш избор – или да се задржат мислите кои по навика водат до појава на НЕ, или оние кои се спротивни на претходните мисли, што резултира со непојавување на НЕ. Но, како и првите, така и вторите мисли се апстрактни концепти, односно бесмислени наводи. Се разбира, постои желба за поддршка на мислата-2, а потоа кога ќе се намали на нула негативното влијание на мислата-1, лесно можам да се откажам од двете, затоа што јасно сум свесна дека зборот “иднина” не означува некое посебно доживување. То ест, јас не почнувам да “верувам” во антиконцептот, туку го користам како ефикасен инструмент. Кога ќе предизвикаш пар на концепт-антиконцепт, се ослободуваш од наметнатиот автоматизам, а кога е во прашање животниот концепт, исто така можеш да добиеш веродостојно искуство, тогаш поразумно ќе ги отстрануваш од една или друга гледна точка, или ќе ги одбиеш и двете.
Ако на една страна од вагата се наоѓа концептот, кој несвесно сум го поставила и кој е превземен механички, тогаш сакам во почетокот да го балансирам со антиконцепт, а потоа да ги истражувам, во состојба слободна од предрасудите и НЕ.
Некои фрази, кои содржат зборови што не ми укажуваат на ништо посебно, резонираат со просветените доживувања (т.е. следува бран на просветени доживувања), затоа од тактички причини, јас ги оставам на некое време во лексиконот.
Дури и најслабиот ветер може да бутне гигантско дрво, навалено од сопствената тежина. Концептот со години може да противречи на здравата смисла и радосните желби, но во одреден момент се руши, самиот од себе. Ти можеш да живееш 30 години и да комуницираш со роднините, бидејќи “така треба”, “така е наведено”, а не со оние со кои навистина би сакала. 30 години ти можеш да се поздравуваш со соседите, да зборувате за времето и работата, бидејќи “непријатно те е да го одбиеш.” И во еден момент, отровот од овие лаги, од вечниот страв на негативниот став ќе стане очигледен, кризата ќе стане неизбежна, така што би било доволно само да наслушнеш антиконцепт и да завладее јасност: “Да може да се живее поинаку!” Потечената лавина ќе почне да протекува.
Над другите концепти ќе мора напорно да поработиш, пред да исчезнат, но оваа работа не е за идните привидни богатства, резултатот ќе го добиеш веднаш, токму сега, само по зголемување на релативната јасност. По секоја серија на механички замени, по секое разгледување на аргументите “за” и “против”, се појавуваат бранови на јасност, кои резонираат други просветени доживувања, и чекор по чекор, ти се движиш кон спроведување на радосните желби, кон ослободување од НЕ и тупоста, култивирање и развивање на просветените доживувања.
02-01-07 Составување список на концепти
Постигнатата јасност во постоењето на концептот во една минута може да исчезне, и концептот повторно ќе се вметне во областа на имплицитните, ти едноставно ќе заборавиш за своето откритие. Ова е лесно да се види, обиди се во моментов да ги наброиш сите концепти кои што ги пронајде во себе, и во најдобар случај ќе се потсетиш на само мал дел од нив. Тоа значи дека сите оние концепти на кои во моментов не се сеќаваш, се надвор од контрола, од набљудување, и можно е веднаш да влијаат врз тебе со иста сила.
Со изнаоѓање на јасност, се наоѓаш во невообичаена состојба во која се уште не си навикнала да бидеш, па можеш брзо да почнеш (понекогаш и за неколку секунди) да се лизнеш и во вообичаената состојба, каде што јасност немало. Често едно исто откритие мораш да го направиш многу пати, така да јасноста би постанала постабилна, па можам да предложам да направиш список на свои концепти и да го обновуваш штом откриеш нови. Ова олеснува не само при анализа на концептите, но исто така и при процесот на резонантно барање на концептите, одговорни за тековната НП, го земаш списокот и ја поминуваш секоја позиција.
Во случај на механичка разумна активност нема појава на ПрД-јасност, и ако некогаш дојдеш до некој заклучок, тогаш следниот пат само ќе го повториш, ниту пак ќе доживееш нешто ново, иако ПрД-јасноста секогаш се доживува како нешто ново, дури и ако е опишана со веќе позната фраза.
Обичните луѓе никогаш не постигнуваат јасност, туку само заменуваат еден концепт со друг, прво веруваат во еден, па во друг. Да најдеш човек кој постигнал јасност, кој не ги правел наодите според правилата на логиката, исто е тешко како што е да најдеш некој со искуство во отстранување на НЕ, а не со искуство во замена на неа со друга емоција.
02-01-08 Класификација на концептите по нивната содржина
Сега ќе ги класифицираме концептите по нивната содржина. Различни видови концепти имаат различна сила, стабилност, степен и квалитет на интеграција во општиот концептуален конгломерат, и често е корисно да се употребат различни пристапи кон различни видови, затоа задачата на прецизна поделба на концептите, вклучително и врз семантичката основа, е интересна и ефективна.
Две големи категории се “апстрактни” и “мешани” концепти.
Апстрактен концепт – тоа е тврдење, кое се состои од зборови кои не означуваат никакви конкретни доживувања, т.е. смисла која е нејасна. На пример: “Светот е вечен.” Немаш идеја што е “вечен” и што значи “свет” – ти немаш такви конкретни множества на доживувања, кои би ги означила со овие зборови. Или концепт: “Јас – човек.” Не е јасно, што тоа “јас” или што тоа “човек”, но секако сите се убедени дека тие се луѓе. Повеќе примери: постои промена, постои непроменливост, постои почеток, постои крај, постои просветување, постои огорченост, постои субјект, постои објект, постои живо, постои мртво, постои едно, постои друго, постои свест, постои бесвест, постои активност, постои пасивност, постои јас, постои ти, постои целина, постои дел, постои минато, постои сегашност, постои иднина.
Мешан концепт – е тврдење, во кое бесмислените зборови како “вечност”, “пристојност”, “космички поредок”, “праведност”, “бог” се мешаат со термините кои означуваат конкретни доживувања, забраните и стимулансите, како што се “срам”, “несмееш”, “прави”, “мораш”, итн. На пример – “праведноста бара јас да го направам тоа и тоа.” Што е тоа “праведност” – никому не му е јасно, а што е “направи тоа и тоа” – тоа е разбирливо. Или: “да се биде лоша е срамота“. Што е тоа “лоша” – непознато, а што е “чувство на срам” – се знае. Луѓето буквално се гнили самите со огромниот број на мешани концепти. Мешаните концепти имаат смртоносен ефект врз нашиот капацитет да се чувствуваат просветените доживувања (вклучувајќи ги и радосните желби), бидејќи строго го регулираат твојот живот, но смислата на оваа регулатива не е јасна. Замисли си дека во кривичниот законик има член за “лош карактер”, без било какво објаснување. Или член за “непочитување кон божјата заповед”. Каков хаос би настанал, ако законодавната власт би судела врз основа на овие членови, а извршната власт верно би ги извршувала одлуките на судот? Во твојот секојдневен живот тоа и се случува. Законодавецот (концепт) кажал: “срам е да си гол“, извршител (механичка желба) командува: “облечи се веднаш“, надгледувачи (емоциите на срам, страв, осуда, итн) се осигураат дека ќе ја извршиш командата без прашања. Резултатот е ужасен хаос, акумулација на НЕ, отсуство на радосни желби, и последователно, отсуство на промени, кои водат кон саканите за тебе состојби.
Дополнителни поделби на концепти зависат од твојата имагинација. На пример мешаните концепти може да се поделат на:
*) Животни концепти
*) Концептите на практика
*) Социјални концепти
*) Фундаментални концепти
*) Механички параметри
*) Загриженост
*) Оценки
*) Механички цели
*) Механички оценки
*) Механичка интерпретација
Животниот концепт – е тврдење кое е регулирано со животот во твојот дом. “Долната облека во плакарот треба да биде чиста”, “на подот не може да јаде”, “треба да станува рано наутро и да не се останува доцна во ноќта”, “треба да се работи и заработува повеќе пари”, “треба да се почитуваат постарите”, “треба да заштедиш пари”, “треба да се грижиш за работите”, “треба да имаш јасна цел во животот и се стремиш кон неа“, и така натаму. Сите животни концепти го користат терминот “треба” или “не треба”, “лошо”, итн. во експлицитна или имплицитна форма. Што е тоа “треба”, “не треба”, “добро” и “не е добро”, зошто ова неможе, а ова може – не е јасно, и никој особено не и размислува за тоа.
По аналогија со животните концепти можат да се формираат концепти, дури и врз основа на мојата практика: “треба да се отстранат НЕ”, “лошо е да се биде концептуален” и др. Практиката на правиот пат е правење напори за спроведување на РАДОСНИ желби, односно придружени со ентузијазам, исчекување и други ПрД, под услов овие желби да и припаѓаат на некоја од двете категории: 1) отстранување на огорченоста (НЕ, концептите, механички, т.е. тажни желби, непријатни чувства, механички сознанија што разликуваат), 2) предизвикување на ПрД (види листа во поглавјето “Стратегија на ефективна практика”). Јас во секој случај препорачувам да се следат радосните желби, но ако тие не припаѓаат на овие две категории, тоа не е практика на прав пат по дефиниција, затоа препорачувам да се става било кое друго име, на пример “прелиминарни фази”.
Социјалните концепти се регулираат со човековото однесување во општеството, во неговите односи со другите луѓе или социјалните институции – општината, продавницата, полицијата, колегите на работа, итн.
Да се работи ефикасно со концептите соодветно е да ги издвојуваме и направиме список на особено тешки концептични заболувања, кои се толку длабоко проникнати во човекот, што дури и просто укажување на нив, да не го спомнуваме нивното објективно разгледување или отстранување, е исклучително тешка задача ако се земе во предвид широкиот спектар на силните НЕ кои веднаш се јавуваат – како разрушуваат, така и компримираат. Овие концепти се оние што ги нарекувам “фундаментални”. Во врска со огромниот број на поврзани НЕ, практикантот може дури и да не најде примерок од таквите концепти! Затоа е соодветно да се обратиме кон други практиканти, да те “пробркаат” тебе по спектарот на познатите фундаментални концепти, посматрајќи ги твоите реакции. Задачата се олеснува со фактот дека секое време, секоја култура има свои прилично типични фундаментални концепти.
Механичките параметри се збир на мисли на тема “би било добро ако би било вака”. Обично не помислуваш на она зошто би било “добро”, и понатаму делуваш по својата вообичаена шема, не анализираш што се случило минатите пати, кога се случувало нешто што си го мислела како “добро”. Не-механички параметри се претпоставки, врз основа на пресметки: “поради такви и такви околности и такви на мене познати закони, јас претпоставувам дека такви и слични околности се со поголема веројатност да доведат до саканиот резултат.”
Загриженоста е специјален случај на механичките параметри, сет на мисли на тема “како ќе биде страшно, ако биде така”, “не дај Боже тоа да се случи тоа.” Тие се придружени со истоимени НЕ. При тоа ти не ги анализираш промените кои се случиле после она кога ти се случило она од што си се плашела. Ако направиш список на такви ситуации, лесно можеш да видиш дека како резултат на таквите настани животот ти се променил така што подоцна се мислише “како е добро што се така испаднало.”
Оценките се опис на група на доживувања, во согласност со одредена скала. Механичката оценка се случува кога одбраната скала е апсурдна, односно не се базира на анализа од твоето искуство, а не постои или е прифатена механички, и оценките се формираат само од навика, или со цел да се поддржат НЕ. Ако оценката е резултат на радосните желби и врз основа на јасно рационално размислување, таа не станува ригидна плоча во прилог на групата од доживувања, и во секое време ќе можеш да ја тргнеш, што прави еден флексибилен сет на толкувања, и ти остава слобода да се надминат механички дискриминираните сознанија.
Механичките цели се збир на мисли на тема “jас морам да го постигнам тоа”, “треба да се постигне тоа.” При тоа не ги анализираш промените што настанале по спроведување на претходните механички цели. Ако направиш ваква анализа, можеш лесно да видиш дека премногу често на крајот си се чувствувала фрустрирана, не си го добила она што си го очекувала. Не-механички цели се мисли од типот на “сакам да се спроведе таква и таква радосна желба.” Не ги мешај мислите и желбите! Постои желба да се отиде на прошетка, и постои мислата “jас сакам да одам на прошетка“. Во процесот на спроведување на радосната желба (на пример, да се постигне не-механичка цел) јас внимавам на постоењето на резонанца меѓу таа радосна желба и желбата, наведена како “средство за реализација на желбата”.
Од иста категорија цели се и мислите, кои ние ја нарекуваме “меѓупросторни цели“, кои одговараат на желбите, кои ние ги нарекуваме “средства”. Ако постои желба да се јаде еден омлет, имаш мисла-цел “сакам да направам омлет“, и меѓупросторна мисла-цел “[врз основа на такви и такви околности (кои вклучуваат и радосни желби, и присуството на шпорет, итн) и такви и такви закони што јас ги знам] неопходно е да се вклучи шпоретот”. Конфузија по ова прашање произлегува од фактот дека во нашиот јазик зборот “цел” се користи како за означување на мисли, така и за желби. Со отстранување на оваа конфузија, да се дојде до јасност е многу лесно.
Механички оценки се збир на мисли на тема “тој не требал тоа да го прави”, “добар човек”. Не-механички оценки се мисли како “во врска со некои од неговите манифестации, имам причина да претпоставам дека тој го доживеал тоа и тоа”, “бидеjќи тоj го прави тоа, јас ќе ги квалифицирам неговите активности вака и вака.”
Механичките интерпретации се базираат на случајни пребирања, или на механичка навика, или поради НЕ, но не се базираат на размислување. На пример, ако си влегол и почнал да викаш, јас би можела да се налутам, и јас ќе одберам интерпретација која го поддржува тоа: “Тој е безобразен”. Но, ако јас сум трезвен човек, да разберам дека има голем број на можни интерпретации – ти правиш некој вид на експеримент, или ова е шега, или не викаш на мене, и така натаму. Во зависност од околностите и законите кои јас ги знам, на крај ќе определам, која претпоставка е повеќе оправдана. Потоа јас може да ти поставам прашања, да погледнам на твоето однесување и коректната интерпретација, ако се појави причина за тоа.
02-01-09 Силни и слаби цели
Ќе воведам нов поим “силни цели” кои како достигнување ќе те натера, во твоето мислење, да бидеш посреќна, да дипломираш, да се ожениш, направиш кариера, научиш јапонски, да ги напумпаш мускулите и така натаму. Неуспехот да се постигнат овие цели е придружен со самосожалување и мислите на “Ако би можела да ги постигнам – тогаш би имала добар живот…”. Од постигнувањето на овие цели никој не е посреќен, се разбира, што лесно се гледа со разгледување на оние кои ги постигнале тие цели, или да погледнеш на себе, и потоа ти спазматички формираш нови цели, и тие повторно и повторно не те прават посреќна, и ти повторно измислуваш оправдувања и објаснувања, си поставуваш нови цели, и така натаму се додека радосните желби не умрат целосно, и ти заедно со нив умираш од старост и сенилност.
Обично, луѓето си поставуваат пред себе силни цели врз основа на инстинктот, или како резултат на концепти, или НЕ, или од желбата да се поседува, да се доживува ЧСВ, да се импресионираат другите, да се доживее задоволство, не грижејќи се да ги истражуваш животите на оние кои веќе ги достигнале овие цели, да би размислила – како тие што ја постигнале целта станале посреќни. Во остварувањето на силните цели луѓето обично доживуваат цел спектар на познати НЕ.
Ако твоите цели се должат на ЧСВ, желбата да се импресионира, тогаш со ентузијазам учиш јазици, читаш различни книги, почнуваш да анализираш различни нешта, учиш да рецитираш, привлекуваш внимание, раскажуваш, стануваш енциклопедист, можеш да ги учиш другите, ги восхитуваш со твоето знаење и вештини, пишуваш книги… и се разбира, во исто време да чувствуваш огромна количина на НЕ и крајот на својот живот го завршуваш во полна опустеност и празнина, глава полна со бројки, факти и хипотези, и срце кое се претворило во мускул, во согласност со законите на анатомијата, и мозок кој се претворил исто во тоа.
Човекот предводен од радосната желба, исто така, има пред себе цел, но чувствува радост и задоволство моментално, во секој момент во текот на процесот – тоа е својството на радосните желби, без разлика дали ги постигнал целите или не, не се менува фактот дека тој ужива во животот.
Слаби цели ќе ги наречам оние цели кои луѓето си ги поставиле себе си да би се стаписале, да би заборавиле на сивилото и здодевноста – тоа се одредени обележја што тие ги ставаат на празно место, да би мислеле дека одат некаде. Пред тебе има целосна празнина, но коj има моќ искрено да го признае тоа? И, тогаш фрлаш некое обележjе таму – во непозната празнина – тоа заглавува некаде и одиш до тоа и целото движење ти донесува анестезија, отупување и олеснување, кои се заменуваат со мачна здодевност и безсмислието на животот, и на крајот ти можеш да добиеш минута безживотно спокојство кога ќе ја достигнеш целта и така да талкаш наоколу во круг, во овоj ров, без крај. На пример, гледаш ТВ и видиш – денес ќе има фудбал, доживуваш спокојство, бидејќи вечерта ќе ти бидеш зафатена – имаш цел. А потоа ќе се јавиш на пријател и со жена ти одиш на гости – ќе пиете пиво и разговарате било што, а утрото одиш на работа, и значи нема веќе што да се размислува – тоа е конкретен и разбирлив цел и тоа ме заспива од понеделник до петок, а во недела одиме во кино, а сега ќе одам да вечерам, и следниот час е исто така премногу зафатен. Тоа се “слаби” цели, но да излезе од нивното заробеништво е крајно тешко. Јас ги нарекувам “слаби”, бидејќи тие не се појавуваат како јасен, долг сјај – тие се како магла, но таа магла те држи цврсто. Секојдневниот живот на обичниот човек не постои без слаби цели. Не постои време кога тој не е зафатен со нешто, и ако тоа време се појави, тогаш веднаш се јавува загриженост, досада, и ако веднаш не се најде занимација, интензитетот на НЕ се зголемува и станува неподнослив. Кога последен пат само си седела или шетала или лежела без никаква цел? Просто гледајќи го небото, или шетајќи по шумата, ослободена од мислите? Континуираната акумулација на слабите цели го прави твојот живот мртва, кашичка без вкус.
Обиди се да бидеш меѓу луѓето, ништо да не работиш. Веднаш ќе има реакција и тоа агресивна – тие ќе ги вложат сите напори за повторно да почнеш барем да правиш нешто, избирајќи пристапни средства – исмејување, осуда, убедување, НС, директно насилство. Никој никогаш не треба да застане. Секој треба да има занимација, секој треба да има проблеми. Ова е закон на општество во кое живееме. Никој нема да биде пуштен надвор од затворот така лесно, а еден од главните чувари се твоите сопствени концепти и стравови, бидејќи тоа е многу застрашувачко да се признае дека твоите цели се празни, и сите правци се во еден затворен круг, сите акумулирања и достигнувања не можат ништо да го сменат тоа како ти живеаш во овоj момент: дали доживуваш НЕ или ПрД. На почетокот практиката на отстранувањето на слаби цели е придружена со шок, ист како што го доживува зависник од дрога, кој не добива доза, како јак бран на моќни НЕ, спазматични желби, но по надминувањето на овие “болки” се појавува изненадувачки ПрД со полност, целост. Радосните желби, исчекувањето и другите ПрД, кои се будат после ослободувањето од слабите цели, не само што не се противречни, туку напротив – создаваат резонанса со таа целина.
Механичката активност целосно го исполнува животот и го прави сив и бесмислен, и иако е тешко да се пробие овој циклус, не е невозможно, прашањето е само во твоите радосни напори. Погледни на твојот живот во последниот час, и кажи: си била зафатена со нешто? Колку минути на ден ти страдаш од тоа што не си слободна од концептите, НЕ, механичките желби? Колку минути на ден ти очајно се обидуваш да чувствуваш просветени доживувања? Колку минути на ден си оптеретена од неодоливата желба за ПрД? И покрај тоа се, ти веројатно се уште на нешто се надеваш? Ти размислуваш за откритија, вистина и љубов? Тоа е очигледна глупост. Дури и да би научила англиски јазик, треба да се посветиш на ова прашање сериозно и трајно. Зошто луѓето веруваат дека ако сакаш да се ослободиш од огорченоста и да научиш да ги доживееш ПрД, дека е доволно понекогаш само да се поразговара на таа тема со чаша пиво? Ништо нема да се промени во тебе, ако не се посветиш на своето истражување, својата практика од ден во ден, од час во час, од минута во минута. Дали е потребно тоа да се објаснува? Од ден во ден гледаш ТВ, имаш секс, чистиш подови, готвиш, сонуваш за подобра плата, луксузен автомобил и убава облека, се прејадуваш, ги зголемуваш мускулите, го тренираш твојот интелект, постојано доживуваш НЕ или ПЕ, но каде е во сето тоа стремежот кон ослободување од огорченоста, кон доживување на ПрД? Ти работиш по 10 часа на ден, за да го заработиш својот леб, но лебот, нели? А не на кристален лустер, гарнитура, автомобил, викендица, на потребите на жената, зависта на пријателите? А потоа истиот човек со патетичен израз ќе кажува за тоа, како е недопирлива вистината!
Времето минува, од година по година, луѓето променуваат едни планови со други без разлика на тоа дали тие се постигнале или не. Оваа бескрајна серија не запира никогаш. Никогаш не престанува неодредена надеж “да се живее за себе некое друго време“, но тоа никогаш нема да се случи само по себе, никакви механички, нерадосни желби никогаш нема да го произведат тоа. Прво, работите нема никогаш да завршат. Второ, во тие моменти кога човекот ја свати бесмисленоста на своите поранешни цели, го опфаќа страв, и тој грчевито почнува да бара нови. Трето, кога постои можност барем за кратко време “да се живее за себе”, се покажува дека луѓето немаат идеа што значи тоа да живееш за себе, бидејќи во нив нема веќе радосни желби! Тогаш тие смислуваат “хоби” – една окупација што ќе им овозможи да доживеат задоволство од поседување, или да остави впечаток на другите, а тоа неминовно води кон нови НЕ, кон нови механички цели.
Јас предложувам начин како да се разбие овој маѓепсан круг – отстранување на концептуалните препреки, да се следат радосните желби, то ест, придружени со просветени доживувања, симпатии, исчекувања, чувство на убавина, мистерии, аспирации, итн. Било која цел, која е формирана во изолација од радосните желби и не резонира со нив, само ќе доведе до НЕ. Преобрази се во ловец – тражи, душкај ја било која он нив, дури и најслабата, најмалата радосна желба, имплементирај ги, а потоа ќе почнат да јакнат, продлабочуваат, прошируваат, да ги потиснуваат огорчените доживувања, привлекувајќи просветени доживувања. Критериумот на слобода од концептуалните цели е во исчекувањето, на радоста од доживеаната тајна секој момент.
Независно од местото и времето, милијарди луѓе одат по еден ист пат: раѓање – акумулација – поседување – смрт. Слободното време станува исклучително тешко, бидејќи тоа значи болен судир со проблемот: “со што да се занимавам“, така што секој спазматично се стреми кон максимална зафатеност за удобност цело време. И ако човекот некое време останува надвор од активности, тој се чувствува како светот околу него оди понатаму, напред, тој се чувствува на крајот на маргините, скокнува во првото седиште и јуриша напред. Така тие јуришаат напред, час се подигнува, час се спушта правта покрената од нив.
02-01-10 Класификација на толкувањата. Прашање на роднини. Концептот на “врски”.
Меѓу толкувањата може да се одвојат во посебна категорија на толкувања на смислата, врските, намените, итн, а во друга категорија – толкувањето на околностите, што од своја страна можат да бидат поделени во толкувања на однесувањето на другите луѓе, толкувања на “однесување на објекти“, толкување на своето однесување и така натаму.
Кога ќе сфатам дека појавата е само појава, а не појава “поради нешто”, и не “затоа што” тоа го олеснува отстранувањето на механичките толкувања. Некои луѓе сериозно сметаат дека ако постојат ѕвездите, тоа е за нечии потреби, и ако на растенијата имаат лисја, тоа е “да би се” произведувало хлорофил. Ова е крајна форма на механички толкувања, но од нив страдаат многу. Групите на доживувања, кои ние ги викаме “појави на околниот свет”, едноставно постојат, а нема ни доживувања на “моралноста”, ниту доживување на “правдата”, ниту доживување на “смислата”, затоа што да се додаде во нешто “смисла”, значи да се воведе ново толкување на “намените“, што е чиста фикција, бидејќи никој нема вакво доживување како што е “намена”. Многу е лесно да се разбере рационално, но е многу тешко да се ослободиме од нездравата навика да побараме во се “смисла”, “намена”, “мистична врска”, “казна” и други работи. Нашиот век се верува дека е век на атеизам, што се разбира е очигледно погрешно, бидејќи речиси сите се оптеретени со болни примитивни суеверија со додавање на “смисла”, “врски”, “знаци” и “значења”.
Ќе ја разгледаме како пример, “врската”. Ако притиснеме копче на тастатурата, буква се појавува на екранот. Тоа е она што го мислат трезвените луѓе, кога велат дека меѓу клик и појавата на буквата “има врска”, но бидејќи зборот “врска” во секојдневниот јазик, означува и уште нешто сосема материјално – јаже, синџир, постои конфузија на вредности (затоа сметам дека несоодветно е да се користи во овој контекст, зборот “врска”, и предложувам замена на зборот со друг), и на крај луѓето почнуваат да веруваат дека постои било каква “врска” помеѓу кликот и појавувањето на симболот, која е нешто материјално, некој конкретен збир на доживувања, меѓутоа, не постојат никакви такви доживувања, и зборот “врска” е токму она што е наведено, имено дека, по доживувањето на “кликнувам на копчето” следи доживувањето на “симболот се појавува на екранот”. Кога таквото разбирање е отсутно (а тоа го има секој), се појавуваат во голем број и останатите концепти – за карма, одмазда и слично.
Ваквите размислувања може да се чинат премногу сложени, но ако ги разгледаме подетално во нив ништо не е комплицирано – тешко е да се разбере само првиот пат, и тоа не е во тешкотијата на расудување, туку во надминувањето на инерција за доцртување на доживувањето што недостасува, и со надминување на стравот да останеш без илузии. Кога доаѓа јасноста, тогаш таа лесно може да се прошири на сите други слични ситуации, и се покажува дека тоа е супер – да ја поседуваш јасноста.
Еве еден пример на типичен дијалог:
– Постои врска меѓу мајката и детето.
– Како ти го доживуваш тоа?
– Нему вчера му беше лошо, и мене исто така ми беше лошо.
– Значи постои доживување на зборовите дека нему му било лошо, доживување на неговото однесување, кое ти го толкуваш, како “нему му е лошо”, и твоите доживувања кои ти ги нарекуваш “мене ми е лошо.” Но, што е тоа “лошо”? Дали постои уверување дека овој збор означува едно исто? Дали постои уверување дека твоето “лошо” не се јавува само од навика да се чувствуваш “лошо” само кога нему му е “лошо”? Гледаш – тој е тажен, а ти имаш жалост кон него – и дваjцата се чувствувате “лошо”. А каде е тука доживувањето на “врската”?
– Па, тоа и е врската помеѓу нас – нему му е лошо, и мене ми е лошо.
– Тоа не е “врска”, тоа е само навика да се чувствуваш некои доживувања под одредени услови.
– Не, тоа е врска, бидејќи нему му беше лошо, и мене ми беше лошо.
И така натаму во круг. Не е можно да се објасни, ако немаш искрени напори за да се постигне јасност.
Во поглед на толкувањето на однесувањето на другите луѓе, тука се е исто. Луѓето и нивното однесување за тебе се само еден специфичен сет на ТВОИТЕ доживувања за кои немаш што да кажеш освен дека тие постојат. Врабецот полета – ќе предизвика ли во тебе НЕ? Не, затоа што си се навикнала да се однесуваш кон ова како “природна појава” (која, патем, е апстрактен концепт). Минувачот пцуе. Ќе предизвика ли НЕ? Се разбира, поради тоа што предизвикува друга навика, бидејќи минувачот не го сметаш како “природна појава”, ти му даваш “свест”, “волја” (која, патем, е апстрактен концепт), односно, поттикнуваат други стереотипни однесувања, т.е. се јавуваат НЕ. Ако ти е јасно дека доживувањето на овоj човек е само таков сет на ТВОИТЕ доживувања кои ти ги нарекуваш “појава на надворешниот свет” (кој, патем, е апстрактен концепт), тогаш стереотипот на одговорот во форма на НЕ не може да се случи. Кога на тебе налетува морски бран, ти се собираш како топка и даваш отпор – зарем во исто време и го мразиш? Не, ти можеш дури да доживееш радост, восхит, екстаза, иако знаеш дека бранот може да те погоди силно, па дури и многу силно, а понекогаш брановите дури и да убијат. Кога ќе те нападне пијаница, си работиш иста работа – му даваш отпор, но по навика не ги толкуваш неговите постапки како резултат на механички збир на желби на тоа место, него измислуваш некој “него”, бидејќи постои концепт дека “тој” “мора”, и ти ги доживуваш НЕ.
Ти веруваш во тоа, дека твоите роднини имаат посебни квалитети што ги прави различни од другите луѓе, и дека ги прави повеќе “блиски” до тебе. Но, не постои такво доживување како “роднинска врска”, сама ја измислуваш, а потоа ги следиш стереотипите, кои се изградени врз основа на тоа. Што ти значи тоа што таа жена родила бебе, од кое мистериозно постепено се формира она што ти го викаш “себе”? Дали тоа значи дека ќе имате заеднички интереси, дека ќе ти се допаѓа да живееш со неа и комуницираш? А воедно и со нејзиниот сопруг, татко, брат, сестра, братот на жената, нивните деца, баба, дедо, нивните пријатели… зарем не е ова бесрамна глупост? А што значи тоа што си родила дете? Дали тоа значи дека тој апсолутно непознат човек, кој се нашол во твојот стомак, сега веќе “мора” да ти биде интересен и близок? А, во исто време и неговата идна сопруга, деца, братот на жената, децата од братот на жената… Концептот за “блискост” на семејството има две уникатни својства: а) она е светото нешто во нашето општество, б) нејзината бесмисленост, неоснованост и контрадикторност со целото животно искуство е толку голема, што е едноставно невозможно да не ја приметиш. Но било кој обид да се размислуваш за таа тема, да почнеш да се однесуваш во согласност со радосните желби, без оглед на дадениот концепт е осудена на омраза од страна на роднините, и да се потценуваш ова, тоа значи да изложуваш себе си на опасност. Патем за “блискоста”. Откако синот или ќерката сватат дека нивните родители се од мал интерес за нив, штом почнат да ги следат радосните желби, веднаш “блискоста” што ja чувствуваат од нивните родители, добива многу чуден облик – имено, еден вид на омраза. Во зборникот на статии, ќе ги ставам статиите на практикантите на оваа тема, и не секој втор, секој трети – туку секои девет од десет практиканти се соочуваат со фактот дека кога нивните родители ќе увидат дека тие веќе не се преправаат што тие се интересни за него, и почнуваат да ги отстрануваат НЕ, да патуваат, да ги следат радосните желби, на своето “сакано” и “блиско” дете му објавуваат вистинска војна – го киднапираат, го затвораат, го условуваат, се обидуваат да го однесат на психијатар (што и во наше време се уште е можно. Психијатрија се уште е еден клуч во рацете на агресорите. Криминалниот договор помеѓу роднините може да доведе до тоа да ти бидеш затворен во лудница, и избоден од секакви лекови – ќе станеш повлечено и тивко дрво, а роднините ќе бидат среќни), па дури и ќе се обидат да го убијат! Ја вклучуваат и полицијата во решавање на овој проблем, а полицијата верно си ја врши својата должност – се дере по непослушните полнолетни (!!) деца, плаши, им се заканува со затвор (!!). Саканите родители пишуваат изјави во полиција дека сум во секта, дека силувам девојки, ги продавам во бордели, ги “зомбирам” (??), тие пишуваат на мене како на автор на оваа книга, писма во кои се закануваат со убиства, сосема сериозно размислуваат за тоа дури и јавно ја објавуваат својата намера да ме убијат, како да сум демон. Оттука и совети за иднит практикант – ако сакаш да им дадеш можност на роднините да се запознаат со ППП – дај им ја мојата книга заедно со другите – Ошо, Кастанеда, Гурџијев, итн. Нека одберат самите, а ти одбери го својот пат сам, не се занимавај со “просветувањето” – тоа е залудно. Во спротивно – го очекуваj почетокот на војната која ќе ja објават твоите “блиски”.
Рационално да се разбере дека “роднинската врска” е измислица, не е доволно да се надмине нејзината сила, изразена во различни “jас морам“. Навистина да се надминат механизмите на дејствување, предлагам целосна студија на роднините. Размисли за тоа – какви луѓе се, колку тие, всушност, ти се блиски и интересни. Направи список на стотици прашања чии одговори се најзначајни за тебе, замоли ги да одговорат на нив, објасни им ја твојата желба дека сакаш да ги запознаеш подобро. Нека меѓу овие прашања има прашања за секс и за НЕ – сите нешта што навистина те загрижуваат, интересираат. Тогаш непристрасно разгледај ги нивните одговори, и состави го искреното мислење.
Да поминеме кон прашањето за толкување на околностите. Кога ќе се удриш на камен и многу боли ти се појавува мислата “види ја свиња, тука лежи…”. Кога ќе ја отвориш книгата и по трети пат последователно ти паѓа од рацете, си мислиш “па што е ова”, и ти започнуваш да се иритираш. Такви манифестации, кои укажуваат на присуството на механички толкувања, ги имаш многу – доволно е само малку подобро да погледнеш и ќе видиш дека животот е буквално полн со нив, секој момент е преоптоварен со некоја интерпретација. Ти “знаеш” дека книгата “треба” да се отвора од прв пат, очекуваш дека каменот “не треба” да лежи на патот, ти си сигурна дека момчето од соседната врата “треба” да те поздрави прво, а син ти “треба“ подобро да учи, владата “треба” правилно да се однесува кон монетарната политика, а новиот фрижидер “не треба” веднаш да се расипе. Механичките толкувања на околностите се насекаде, целиот живот е преполн со нив.
И кога ќе почнеш да ги отстрануваш механичките толкувања, се појавува посебна свежина, просветено доживување. Длабоко во детството си била ослободена од товарот на толкувањата, ти само си го гледала светот, со очи ширум отворени, и во текот на отстранувањето на механичките толкувања почнуваш да чувствуваш како свежите детски искуства се враќаат. Светот станува се подлабок, поширок, повисок, пограндиозен, повеќе впечатлив, потранспарентен, во него расте нова димензија на доживувања, кои некогаш биле потиснати во самиот почеток.
Толкувањата се збир на мисли, кои се групирани во цврсти концептуални структури. Да се види тоа е лесно. Кога одиш по улица, ти знаеш дека сега е “зима”. Кога ќе дојдеш дома, ти знаеш што се наоѓа надвор од станот. Кога одиш на работа, ти точно знаеш дека доаѓаш на вистинското место, и дека таму ќе биде се како и обично. Јас знам како се викам. Знам во која држава живеам, кои луѓе мене ме опкружуват. Сето ова е тврдо приклучен збир на толкувања, и не можам да го видам она што обично не го гледам. Ако јас видам “дрво”, потоа “знам” дека “дрвото” е гранки, стебло и лисја, и не сум подготвена да посветам внимание на просторот помеѓу листовите, јас нема да ја видам на играта на сенките, и нема да доживеам чувство на убавина и исчекување, кој мистериозно резонираат со неа. Нема да посветам внимание на блесокот од радосните желби, нема да се свртам и појдам на друга страна, јас “знам“ дека одам до продавница.
Јас сакам да патувам – да шетам по непознат град, да гледам во повеќето обични нешта и да доживувам неверојатно чувство на лебдење, свежина, само затоа што ништо не знам тука, никогаш не сум била тука и не знам што ме чека зад аголот. Знам дека никој не ме знае мене овде, и се чувствувам слободна. Не знам што ќе чувствувам по минута или две – ништо не е програмирано, сеуште не се развиени навиките. А што те спречува да се чувствуваш токму така и сега – дома, на работа, во транспорт? Само навика за доживување на себе “дома”, а тоа е исто така навика за доживување на просечност, за да бидеш бесчувствителна, уморна, ништо да не очекуваш, да не ги слушаш своите желби, просветените доживувања. Кога ќе замислам дека живеам во друг град, дека никој тука не ме знае, дека јас воопшто не сум јас, тогаш животот се буди во мене, радосните желби се зголемуваат. Но, се разбира, веднаш се појавува мислата: “сето ова е само игра, јас всушност, знам каде се наоѓам”, и се ќе исчезне, повторно доаѓа секојдневната просечност. Јасно разумната свест, се разбира, не се спротиставува на просветените доживувања, но таквите практики “заборавањата” можат да донесат до оние ПрД кои по навика не се појавуваат во одредени околности, треба да ги запомниш и вежбаш да ги чувствуваш, без оглед на толкувањето. И бидејќи се појавуваат оние доживувања кои претходно не постоеле, тоа значи дека “јас” претходна – не сум веќе “јас”, затоа што “јас” е само симбол за збир на доживувања кои се појавуваат на тоа место.
Секоја минута, секоја секунда се лажеме себе си велејќи: тоа е се веќе познато. Познато е што постои, што ќе биде, каде ќе бидам за минута, итн. Беспрекорно ни работи компјутерот во глава, и додека тој работи, биди сигурна – 99% од сите интересни работи што си можела да ги доживееш, поминуваат незабележани. На светот се става шема на описи, коja не дозволува да избегаш надвор од нејзините граници.
Се будам наутро. Велам: јас сум дома, ова е мојот дом, мојот стан, мојот град, јас ќе го правам тоа и тоа, имам таков и таков план, надвор врне дожд, ужасно е, мрачно, безнадежно… се појавува цел спектар на асоцијации и обичаи поврзани со овој опис, и јас станувам тмурно и празно суштество.
Се будам наутро. Знам дека ќе вложам големи напори во отстранување на огорченоста, така што може било што да се случи. Може да се открие нешто ново, без оглед на тоа – каде сум јас и кој сум јас, во секој момент животот може да се промени, и тоа е малку страшно, но многу ме интригира. Особено, мојот живот може да се промени, ако јас се впуштам во акции кои ме ослободуваат од заробеништво од стереотипните доживувања и односот кон светот. И чувствувам дека го допирам пулсот на животот, а потоа и навистина неверојатните нешта почнуваат да се случуваат – се појавуваат интересни нови мисли, нови ставови, нови блесоци и веќе познати ПрД, почнувам да се однесувам поинаку, право во мене се отвора нов пат.
Порано, многу пати сум почувствувала неодложна потреба за љубов, но компјутерот во главата ми велел – ти сакаш да љубиш, но немаш кого! Па не постои до мене човек кој ќе ме воодушевува, кон кој би можела да ја почувствувам љубовта. И, веднаш станува се тмурно, ужасно и одвратно. Тоа можело да трае со месеци да не чувствувам љубов, затоа што не сум имала кон кого. Дојде денот кога се запрашав – а всушност, во што е разликата? Сакам да доживувам љубов – сега. Важно ли е тоа што немам со кого да ја доживеам? Можеби само да замислам таков човек, затоа што сакам да ја искусам љубовта, и кон кого – дали е тоа важно? Се обидов да замислам девојка, се формираше некој лик, и сфатив дека не можам да љубам апстрактната слика. Потоа си го поставив прашањето поинаку – можеби ќе можам да почувствувам љубов, ако ја прифатам хипотезата дека некаде постои девојка која би ја засакал, ако би ја сретнал. Моите очи не ја гледаат, ништо не знам за неа, но бидејќи доживувам желба за љубов, тоа значи дека ја чувствувам и љубам. И зошто да ги убивам размислувањата за моите желби и способноста за љубов? Тоа е како да кажеш – сега е ноќ, мила моја, многу е темно, не те гледам – како да те сакам? Глупо? Глупо. Но, овие ситуации се многу слични – не гледам, не слушам, не знам за постоењето на љубената девојка, но само потребата да се почувствува љубовта е и директна наредба за неа. Ако почнам да ја разгледувам оваа хипотеза, ќе увидам дека сум способен да доживувам љубов! Се чувствував во тој момент малку лудо, се чувствував напнат, бидејќи разумот ми шепнува: “па, ти не си нормален… па како може да љубиш некого кого не го знаеш? Тоа е права лудост…”. Сепак, лудост или не, изборот е едноставен – или сега во моментов го доживувам тоа, или нема да го доживувам. Избрав да го доживувам, веднаш чувствувајќи просветено доживување, отстранување на тмурноста, која го поддржувала концептот дека нема омилена девојка.
Ако некоj ги нарече моите искуства илузија или глупост, или лудост – не ми е грижа, бидејќи ми се ДОПАЃА она што го чувствувам сега, ми се допаѓа како ми се менува начинот на живот како резултат од тие искуства.
Потоа, сум искусил љубов, која не била насочена кон никого конкретно, толку, колку што можев да ја изразам. На тоа не му сметаа личните односи со сакана, бидејќи нашите идентитети не се преклопуваа, и моите навики за НЕ не беа препрека за љубовта. Таа љубов имаше некои уникатни карактеристики – таа не само што не беше изразена кон никого конкретно, туку таа и не излегуваше од мене! Јас како да бев на протокот на љубовта, која започнуваше никаде и одеше никаде, продирајќи ме. Подоцна, тоа искуство на таква љубов ме научи да сакам и одредено лице без мешање на НЕ: посесивност, љубомора, итн. Љубовта стана само искуство, а не мешавина од НЕ и ПЕ.
Ништо не го ограничува толку животот како лажното “сваќање” за тоа дека живот е ограничен. Моите експерименти доведоа до заклучок: емоциите не се составен дел од “мене”, тие можат да избираат по волја. И кога се замислив – што јас сакам, јас видов дека НЕ се само терет кој го носам по инерција, и сакам да го симнам. Така да си поставив себеси задача за престанок на НЕ, и таа одлука беше исклучително интересна, иако не е многу лесна.
02-01-11 Избор на толкувања. Примери.
Промените во човечкиот живот стануваат негов нов затвор, затоа што не се предизвикани од напорите за спроведување на радосните желби, и влијанието на механичките желби кои произлегуваат од НЕ, концепти, стравови. На пример, можеш да се ожениш, не затоа што постои љубов и радосна желба да живееш со тој човек, но поради тоа што “мораш”, “време е”, “”погодно е”, “советуваат пријатели”, “можеш легално да имаш секс “, ” време е да се започне правење на деца, бидејќи целта на жените е тоа …”, “изгледа како добар човек” и така натаму. Се движиш од слика во слика, ги променуваш објектите на приврзаност и видот на огорченоста, но животот останува ист извор на страдања, без оглед на тоа како ќе постапиш. Кај луѓето целосно е применлив еден совет: “Прави што сакаш, и онака ќе се покаеш“.
Еден од начините за да се одржиш себе си во затвор е механичкиот избор на толкувања, т.е. не со помош на аргументи или резонанси со ПрД, а автоматски, т.е. од навика, под влијанието на НЕ и концептите, тогаш толкувањето тесно се врзува со овој феномен и почнува да се смета не како едно од можните, туку како израз на “вистинската природа”. Концептите, опкружени со автоматски толкувања добиваат посебна јачина, стануваат “поддршка” за човекот, без оглед на тоа какво страдање му носи оваа “поддршка”, и стравовите веќе не го пуштаат здравиот разум во таа област. На пример, ако го имаш концептот “детето мора да ги учи лекциите”, и таму е толкувањето “тоа е моето дете”, тогаш ништо нема да го спаси несреќникот – ќе мора да ги учи лекциите додека не побледи, без оглед на неговите радосни желби. Но ако го разгледаме концептот на “мое дете”, и наместо толкувањето на “моето дете”, изберете “независен човек со свои радосни желби, кој сам го избира својот живот, сам ќе учи, вклучувајќи ги и ефектите кои се јавуваат како резултат на сопствениот избор”, а тогаш и твојот концепт – “детето треба” – ќе се изложи, ќе биде на располагање за истражување, ќе ја изгуби власта над тебе, нема да биде извор на неверојатни количини од различни НЕ, и освен тоа кај твоето дете ќе се појави можност да се избегне безмилосното насилство, и да почне да ги доживува и ги остварува своите радосни желби, да почне да живее.
Гледајќи во парче месо, просечниот човек гледа вкусна вечера, вегетаријанец – откинат дел од телото на некое животно. И всушност, во двата случаја е истото парче месо, но толкувањата се радикално различни и во двата случаи, луѓето веруваат дека нивното толкување е единствено вистина. Се толкува СЕКОЕ доживување и настан, дури и најмалку значајниот.
Изборот на толкување се насочува со збир на концепти и навики, но може да се живее поинаку. На пример, ти дале отказ од работа. Ако не доживуваш ПрД, ќе се појави вообичаено толкување на тој настан како изговор за појавување на НЕ. Ако се занимавам со практика, тогаш би се појавиле сосема поинакви толкувања: “а) можност да се вежбам во отстранување на силни НЕ, и ако ги надминам, тогаш вештини ќе бидат посовршени за отстранување на НЕ, ПрД ќе бидат про-активни, б) исфрлен сум од средината во која се формираат бројни механички навики што не можев да ги надминат совршено, и со новите услови, можам веднаш да започнам да создавам нови навики, в) непознато е како сега ќе се промени животот, кои нови можности ќе се појават”. Уште еден пример – се појавува НЕ. Едно толкување: “ова е препрека за мојата пракса”, второ: “оваа практика се интензивира бидејќи добив уште еден обид за отстранување на НЕ; идентификував ситуации во кои НЕ се сеуште тука, и повторно генерирав желбата кон ПрД.”
Јас бирам толкување, кое не е во спротивност со рационалната јасност и резонираат со ПрД, бидејќи сум свесен дека не постои такво доживување, како што е “всушност”. И не е неопходно да тоа биде еден вид на толкување, може да ги има неколку, тие не си сметаат едни на други. Ако се појвиле НЕ, тогаш што е тоа “всушност” – препрека или трамболина? А што е дрвото “всушност”? Листовите или празнините помеѓу нив? Или, и тоа и тоа? Или дури и чувство на убавина, кое, доколку не постои екран во форма на НЕ, СЕКОГАШ се појавуваат на тоа место како и визуелни, тактилни, звучни доживувања? Бидејќи го фиксирав – “постои чувство на убавина”, но не постои доживување на “моето чувство на убавина.”
Кога механички избираш една од тие толкувања, и почнуваш да веруваш дека е единствената вистинска, се претвораш во труп. Стануваш глупа, која се “знае”. Очекувањето, определувањето, исчекувањето, а по нив, и други ПрД престануваат да се појавуваат, разумот те напушта, радосната желба нема да се појави, откритија нема да има, и НЕ ќе добијат апсолутна власт, претворајќи го твоето лице во маска, и твоето тело – во брзо стареечки болен чир . Погледни наоколу – луѓето околу тебе, секогаш се знаат. Кога последен пат си слушнала одговор на твоето прашање, фраза од типот на “јас не сум сигурен за ова прашање” или “немам доволна основа да судам за тоа ” или “мислев на тоа, но не дојдов до дефинитивен одговор” или “во моментов, мојот поглед се базира на такви опсервации, претпоставки и такви и такви информации, и засега немам аргументи да ја променам оваа гледна точка”? Јас ќе ти кажам – никогаш не си ги слушнала тие одговори и нема да ги чуеш ни од кого, освен од оние кои се занимаваат со мојата пракса.
Слободата од концептите го ослободува патот за доживување на ПрД. На пример, ако сакаш да почувствуваш нежност, симпатија, восхит, чувство на убавина, но не постои човек кон кого можеш да ги чувствуваш овие ПрД, тогаш и нема да ги доживуваш, и на тој начин ќе станеш жртва на концептот, кој смета дека може да доживува само некој конкретен, кого го знаеш, го гледаш, го чувствуваш. И ти мислиш дека: “нема кон кого да ги доживувам…” и на тоа остануваш, со оглед на тоа што, всушност, ништо не те спречува да ги доживуваш тие ПрД.
Како резултат на искреното толкување се појавува јасност дека не постои “всушност”, а постоjaт само доживувања и нивни толкувања, кои можат да бидат логички противречни или логички доследни, резонираат со ПрД или не, се во согласност со забелешките на располагање или не, се изградени на основа на доказите од други луѓе или не. Таа јасност, како и секоја друга, се доживува како нешто необично, како чувство на неограничен простор, слобода.
Јасноста која е резултат на ослободувањето од доминацијата на механичките толкувања, е самостојно просветено доживување. Кога го опишуваме ова доживување, користиме слики и зборови, но јасноста не е слики или зборови. Разликите се многу:
а) кога постанува јасност која создава резонанса со зборовите “сите луѓе околу постојано спијат или веќе се мртви”, потоа за минута, јасноста може да исчезне, додека останува рационалната јасност, но колку и да се повторува фразата, ништо не се менува – повторно да се создаде јасност може само со вложување на нов напор, нов импулс кон искреноста.
б) јасноста има огромен број на нијанси, нивоа, а нивото на рационалната јасност, е само еден – или ти е јасна логиката на размислување или не.
в) јасноста прави резонанса со други ПрД, додека рационална јасност останува изолирано доживување – тоа е причината зошто интелектуално развиените луѓе често остануваат тапи, и комплетно заглавени во НЕ.
И така натаму. Во секојдневниот јазик зборот “јасност” се однесува на двата феномени, а тоа доведува до огромна конфузија, збунетост.
Друг пример: навика за толкување на одредени услови, како “незгодни” за пракса, и ако условите се “незгодни”, ни останува да почекаме да тие се “подобрат”, или да почнеме да ги “подобруваме”, во кои би можеле да го потрошиме целиот живот, и конечно само добиваме редовни “незгодни” услови. Областа на условите, кои спаѓаат во категоријата на “незгодни”, може да се прошири, така што на крајот ќе го опфати целиот живот, станувајќи едно оправдување за недостатокот на практика. Оваа грешка може да се избегне, со дефинирање на прецизна смисла на зборот “незгодно” и следејќи ги радосните желби, вклучувајќи ги и желбите за промена на условите, како и желбата за престанување на нивните промени, и желба да се фокусираме на практиката во било кои услови и желби. Практиката понекогаш станува особено ефективна во непожелни услови ако твојата решителност и упорност се на неопходно ниво, и тогаш може да се појави желба да создаваш посебни услови за себе, кои претходно си ги толкувал како незгодни (види поглавје за сталкинг и аскетизам). Позицијата на практикантот е ваква: какви било околности – тоа се идеални услови за практика, тоа е предизвик кој го примаш со радост и исчекување. Те предизвикуваат агресивните роднини? Тоа се перфектни услови за отстранување на одмаздничкиот НС, возвратната агресија, самосожалување. Тебе никој не те вознемирува, имаш све и никој не ти смета? Тоа се перфектни услови за отстранување на задоволството, досадата, тмурноста, механичките желби. Желбата за промена на условите, исто така може да се одрази слободно и паралелно со другите желби. Задачата лежи во тоа да таа е радосна, придружена со очекување и да не е резултат на самосожалување и други НЕ.
Од Кастанеда: “воинот ја зема неговата судбина, каква и да е, и во апсолутна смиреност, ја прима онаква каква што е, но не како причина за сожалување или гордост, туку како жив предизвик.” Заменете го зборот “судбина” со “доживувања, кои ти ги нарекуваш “формирани околности”, и доживувања кои ти ги нарекуваш “себе”, а зборот “смиреност” на “отсуство на НЕ и ПЕ”, а “жив предизвик”- тоа што резонира со исчекување, аспирации, а потоа и значењето на оваа фраза ќе ти биде совршено јасно.
Овие примери се повеќе или помалку јасни, а сега – невообичаен пример, да би го разбирала ќе бара од тебе вложување на напори. Дали мислиш дека лисјата, гранките и стеблото се делови од дрвото? Мислиш. Зошто? Зошто листот е дел од дрвото, а автомобилот, кој стои под дрвото не е дел од него? Бидејќи листот постепено расте? Но, автомобилот постепено приоѓаше, зошто едната постепеност е полоша од другата? Бидејќи можеш со поглед да го пропратиш патот од листот до стеблото? Но, и со автомобилот можеш да го проследиш патот од земјата до стеблото, посебно ако автомобилот е допрен до дрвото. Бидејќи соковите протекуваат од гранките кон листот? Но, и од тркалата на автомобилот протекува поток кон дрвото. На крајот, станува јасно дека на прашањето – што е дел на дрвото, може да се реши по пат на договор, и дека критериумите со кои може да повлечеме линија е лесно да се најдат – листот, одделен од дрвото, секогаш многу брзо се променува, венее, додека автомобилот не се менува ако се оддалечи еден метар. Листовите се секогаш на дрва, во согласност со познатите циклуси, додека милијарди дрвја во тајга никогаш не биле во контакт со автомобили. Сега да се запрашаме – чувството на убавина, кое го доживувам, гледајќи во дрвото – дали е дел од дрвото? На било кој човек, ова прашање ќе му се чини идиотско, бидејќи одговорот е многу “јасен” – се разбира не, чувство на убавината не е дел од дрвото. Ова е цврсто утврдено толкување. Еве еден пример на дијалог во кој се покажува дека може да има друго толкување:
– Кога го гледам дрвото и видам на стеблото, имам визуелно доживување – тоа е мое доживување, но јас го нарекувам “доживување на дрвото“, и ако доживувам чувство на убавина, тогаш зошто не го викам, исто така, доживување на дрвото?
– Затоа што, кога ќе погледнеш на дрвото, секогаш имаш доживување на “гледам стебло“.
Јас секој пат доживувам и чувство на убавина, кога гледам во дрвото.
– Секој пат? На било кое дрво?
– Да, секој пат, ако не чувствувам НЕ.
– Значи, ако чувствуваш НЕ, тогаш не постои чувството на убавина?
– Се разбира, ако ги затвориш очите, нема ни да има доживување на стеблото.
– Но, сите листови на дрвота се различни, нивната разлика е голема, а чувството на убавина е исто, тоа значи дека чувството на убавина не е дел од дрвото, а опцијата на твоето доживување, бидејќи ако ставиш розови очила, истото не би значело дека светот е розов?
– Чувството на убавина не е едно те исто. Тоа е исто бесконечно разновидно, но ти целиот живот го поминуваш во НЕ, и просветените доживувања се за тебе реткост, па немаш искуство во нијансите на разликување на тоа чувство.
Ете каков невообичаен резултат добивме, кој отвора пат кон повеќе научни откритија. Во овој пример, причината да има лажно толкување не е само неодреденост во значењето на зборот “дел”, но и недостигот на искуство во доживување на ПрД. Оној кој не вежбал за разликување на бои и форми, ќе каже дека сите листови се исти, но сите деца треба да се научат да прават разлика помеѓу бојата и формата, па кога мајката ќе каже: “дај ми ја светло сината чаша”, а ти ќе ја донесеш сината, ќе добиеш доза на НЕ, и ќе бидеш мотивиран да започнеш да правиш разлика помеѓу светло сино и сино.
Уште еден едноставен но поучлив пример: кога ќе седиш во канцеларијата, ти “знаеш” дека надвор е бучен, валкан град, а позади ѕидот – тупи, нервозни луѓе. Но, зад ѕидот и надвор има уште нешто друго, има океан, тајга, планини, животни – едноставно не е видливо од прозорецот, но тоа е таму, и знаеш за тоа, бидејќи си патувал и видел. Зошто не одбереш да размислуваш за тоа што прави резонанса со ПрД? По навика. Двете толкувања не се во спротивност со твоите идеи за светот, затоа практикантот одбира да знае дека надвор од канцеларијата има океанот, планини, шуми и ливади.
Уште еден пример, кое разгледување има далекусежни последици. Без оглед што филозофите ни кажале, сите луѓе (вклучувајќи ги и филозофите) бескрајно веруваат дека постои субјект и објект. Меѓутоа, тоа се само толкувања на нашите доживувања. Објаснувањето лежи на површина, тоа не бара некое длабинско анализирање. Погледни самата: сите доживувања, кои постојат – што за нив можеме да кажеме, освен дека постојат? Еве што: можеме да ги утврдиме разликите и да ги образложиме овие разлики. Тоа е несомнено така, и ние често се занимаваме со тоа – ги истакнуваме разликите, на доживувањата на различни групи им даваме различни имиња, ги користиме во секојдневниот живот и практика, и ги добиваме саканите резултати. Се разбира, ние никогаш не можеме да најдеме т.н. “граница”, на пример: “стол” е нешто што има ногарки, седиште, лоцирано на тие ногарки, и потпор, кој е припиен на седиштето. Во продавницата за мебел можеме да го приметиме овој објект, кој исто така е наречен “стол”, но и кој претставува како нешто не одговара на нашиот опис – на пример, тоа ќе биде “мека” – без ногарки, нема потпор, и со нешто многу лошо погодно за опис на “седиште”. Со истиот успех може да се однесе во секторот “перници”. Тоа им е јасно на сите, и оваа неодреденост не не се попречува нас во секојдневните активности да ги реализираме своите желби, па продолжуваме успешно да ја користиме оваа метода – ги групираме доживувањата и се договараме за нивната наменост.
Одиме понатаму. Што означувам со зборот “мојата рака”? Множество на специфични визуелни доживувања, чувства, тактилни доживувања. Што кажувам со зборот “неговата рака”? Некој друг збир на доживувања. Но ова е само симбол, врз основа на што ние измислуваме “себе” и “него” во време, кога не постои такво доживување на “јас” и “тој”? А што е тоа “дрво”? Тоа е, исто така, збир на доживувања. Врз основа на што ние кажуваме дека “дрвото” е “објект”? Нема всушност, никакво такво доживување “објект” има само специфични доживувања, кои се означуваат со зборот “дрво”, но тоа се “мои” доживувања – чувството на кората, вкусот на листот – тоа се е тука во “мене”, а што е тоа “дрво”? Не е јасно. Очигледно е дека, “јас”, “ти”, “објект” – е само начин да се обележат доживувањата! Слично на тоа, јас си играм шах сам со себе, делуваjќи ги мислите кои се јавуваат по потегот на “црните”, како “јас” и мислите што се јавуваат по потегот на белите – како “мојот противник”.
И што произлегува? Произлегува нешто што е толку катастрофално надвор од доменот на сите познатите методи за да се види светот, и ние тоа просто го отфрламе, не сакаме да го прифатиме, и култивираме неискреност, плашливост и тупост. Да ве потсетам дека мислата и јасноста се сосема поинакви доживувања. Да се формулира и рационално расуди логиката на размислување е лесно, но за да се доживее јасност, потребни се посебни напори – напори за престанок на одржување на тупоста, вложување на напори за стремеж кон искреноста. И ако постои некој многу, многу искрен човек, кој би се стремел кон јасноста, исто како тонејќи има тенденција за голтка воздух – ќе му биде доволно само да ги прочита овие реченици, и брзо да се стекне со целосна јасност, наоѓајќи таков начин да “постигне недвосмисленост”. Но, бидејќи овие луѓе не постојат, јас ги користам меѓупросторните практики – кон формирање на меѓупросторни острови на јасност.
Ако некој вели дека “постигнал недвосмисленост”, со тоа тој изјавува дека никогаш, ниту за момент, не чувствувал НЕ и постојано ги чувствува најголемите ПрД, така да изложувањето на лажгото е лесно, освен ако премногу не се потпреме на безграничната тупост и насилно да правиме таков човек против секој здрав разум.
02-01-12 Разгледување на концепти, аргументи и контра-аргументи
Формулирај еден концепт, на пример: “Мојот маж страда, бидејќи јас имам секс со друг, па сега јас сум виновна за неговото страдање.” Посомневаj се во тоа: “јас ли сум причина за неговото страдање? Јас само ги следам своите радосни желби, и јас на него му објаснив. Зарем не се измачува самиот тој со мислата дека моето однесување го толкува како навреда, како незаинтересираност кон него?” На ова може да се најде контра-аргумент: “Да, тој тоа така се толкува, но тоа е негова несовршеност, па зошто сега да му се создава болка?”. На тоа може да се возврати дека премногу луѓе било што сакаат од мене, и буквално секој свој потег, јас постојано некому “причинувам” страдање, само не постои начин да се спаси човек од таквите страдања, тој може тоа да го направи сам – со неговите сопствени напори. Твојот сопруг бара да се усогласат 10 правила, и ти можеш да се обидеш да ги имплементираш, но твоите радосни желби ќе почнат да се сушат и радоста на животот заедно со нив, и тој наскоро ќе создаде нови правила чие прекршување повторно ќе “предизвика” во него иритација, лутина, вознемиреност и др. Ова докажува дека тој едноставно не сака да живее поинаку. Друг контра-аргумент: ако тој страда и не сака да страда, нека ти каже – кои конкретни активности ги преземал со цел да не страда, да би се променил.
Низот на аргументи и контра-аргументи може да се продолжи за подолго време, и јас ве советувам да го сторите токму тоа преку креирање на најголема можна листа на аргументи, контра-аргументи, контра-контра-аргументи, така да ништо не би останало во сенка, и секој познат за тебе аргумент да се разгледа. Разговарај со други луѓе – веројатно и кај нив може да се најдат многу аргументи “за” и “против”.
Како резултат на тоа, станува јасно дека не може да се докаже ништо – низата на аргументи и контра-аргументи е бескрајна, но непроменето ќе остане чувството на вина, т.е. ќе живееш така, како да е твојата вина всушност докажана. Направи напад на концептите: секогаш навраќај се на таа тема, земи ги своите белешки, повторно и повторно прегледај ги аргументите, обиди се да си појасниш дека не постои причина да веруваш дека си “виновна” во мачењето на својот сопруг. Спротистави ја јасноста од недостатокот на причина да се чувствува вина во дадената ситуација, правилно и јасност дека вината е уште таму. Повтори ја таа вежба 100 или 1000 пати, дефинирај дека разумна причина за обвинување нема, а вината е, додека не се појави нов квалитет на јасност, придружен од нов степен на слобода од чувството на вина во дадената ситуација.
Се разбира, да го докажеш или одбиеш концептот е невозможно, затоа што работи со зборови кои не укажуваат нешто конкретно: “виновна”, “вистина”, “треба”. На пример, зборот “љубов”, сите се однесуваат по случаен збир од доживувања, вклучувајќи ги и таквите катастрофални НЕ како што се, љубомора, агресија, самосожалување. Никој не размислува околу тоа за каков збир на доживувања тој го користи зборот “љубов”. Тоа не ги попречува луѓето да разговараат за “љубовта” да се расправаат за неа, да се “разбираат” едни со други, иако е јасно дека не постои разбирање и не може да биде, додека не е одредено – за што, всушност, треба да се разговара.
Не може да се направи рационална јасност, ако не ги замениме зборовите-паразити на зборовите, кои имаат за тебе одреден смисол, а сепак, дури и без таква работа можеш да бараш спас од моќта на концептите на методот опишан погоре. Во некоја фаза на разгледување на аргументи и контра-аргументи, бесмисленоста на концептот може да стане очигледна.
Доследно анализирање на апстрактните концепти исто брзо ја открива нивната апсурдност. На пример, ќе поставиме прашање: “Кога човекот се променува – станува друг, или останува ист?”. Едноставно прашање, зарем не ? Некој сигурно ќе рече – “ова е истиот човек, само променет”. Други не помалку самоуверено ќе одговорат: “Тоа е друг човек, бидејќи се промени”, а увереноста ќе ги донесе другите концепти – секоја има свој. Ајде да го разгледаме ова прашање внимателно.
Се чини дека е очигледно дека, ако е изменета мислата, емоциите, желбите, чувствата (позициjaта на телото е изменета, тогаш се променети и чувствата, па дури и хемискиот состав на телото – некои молекули го напуштиле, некои се појавиле) – тогаш на тоа место има различен сет на доживувања, т.е., друг човек, но таа разлика може да биде огромна – одобрување на секунда може да се замени со омраза, а желбата за прегратка во желба да удриш. Сето се менува постојано. Но, ако човек стане друг – тогаш се покажува дека кон целта стреми само тој, а ја постигнува друг? Ја носам лажицата до мојата уста, а таа оди во устата на друг? Среќата ќе дојде кај друг, несреќата ќе дојде кај друг – “јас” нема да добијам никаков резултат, а “тој” кој ќе го добие, нема да го користи – тоа повторно ќе биде некој друг човек… Со оваа констатација никој нема да се согласи, а ако некој се чини дека се согласува, тогаш можеме да го прашаме – зошто тој продолжува да оди кон своите цели, кога резултатот оди кај другиот. Ако тој одговори, “не ми е грижа“, тогаш само земи ги неговите работи и однеси ги – и ќе видиш дека не му е сеедно што некој друг ги зема резултатите од неговиот труд. Излезе, ништо тука не е очигледно.
Сега да претпоставиме дека тој човек останал ист. Но, тука настанува контрадикторност веднаш – ако останал ист, тогаш за каква промена разговараме? Се испоставува дека ниту едната, ниту другата опција е невозможна. Можеби човекот и понатаму останува ист, но променет? Но, што останува постојано? “Јас”? Не постои доживување “јас”, и тие доживувања, што постојат сите до еден се променливи.
Се најдовме во безнадежен ќор-сокак, што резултира со апстрактните концепти “човекот се променува” и “човекот не се променува” губат од своето значење и постепено испаѓаат од размислувањата и од внатрешниот дијалог.
Ќе го разгледаме концептот “минато и иднина.” Кога ќе кажеме “постои портокал”, значи дека таму не е само мислата на “портокал” или сликата на “портокал”, но дека има голема разновидност од чувства што ние ги нарекуваме “вкус на портокал”, “чувството на кората од портокал” и други. Ако постои минатото, тогаш освен мислата “тоа е минато”, постојат и други доживувања од минатото. Ако во минатото, сум чувствувал едно, а сега – друго, тогаш ќе кажеме – дека дошло до промена. То ест, поимот “промена” се базира на апстрактниот концепт на постоењето на минатото, сегашноста и иднината. Да би ги споредил, ми треба да ги преживеам “јас вчерашна”, а потоа да ја споредувам со “јас сегашна.” Но, како тоа да го направам? Да се сетам што сум искусила вчера? Но, тоа не е минато, тоа се мисли кои постојат сега во сегашноста. Можам да кажам – вчера почувствував радост, но тоа нема да биде “вчера ја чувствувам радоста” – тоа ќе биде мисла што постои сега или уште и радост што јас уште еднаш ја чувствувам во моментов. Било кое доживување – тоа е тоа што се случува токму сега, или, поточно, тоа што постои, бидејќи зборот “сега” се базира на концептот на постоењето “пред” и “подоцна”.
Оттука – едноставен заклучок: зборот “сегашност”, “минато” и “иднината”, претставуваат само групи на доживувања кои постојат “сега” а не нешто што постои “не-сега.” Она што ние го нарекуваме “минато”, се покажува дека е, на пример, емоција, придружена со мислата “тоа било вчера”, и сликата, придружена со истата мисла. Она што го нарекуваме “промена” е само слика, придружена со мислата “тоа беше така, а станало вака.”
02-01-13 Методот на директна проверка на концепти
Еден од најпростите начини на отстранување на концепти е нивната проверка во практика. Но, овоj едноставен начин, скоро речиси и не се применува, бидејќи наместо да се истражува своето искуство, луѓето се обидуваат да ја подесуваат со концептот. Ако имаш концепт: “имам секс со убава девојка – тоа е многу пријатно”, тогаш започнува механичката желба (МЖ) дека имаш секс со онаа која мислиш дека е убава. Но, секој пат кога убава девојка се испоставува да биде љубоморна, нечувствителна, глупава и чувствува негативен однос кон сексот, ти сеедно сето тоа го правдаш со “разлика во карактерот”, продолжуваш да го додаваш тоа нешто што не го разбираш, и да го менуваш тоа што го разбираш. Неискреноста и недостатокот на доследна анализа доведува до фактот да ти не добиеш искуство на судирот со реалноста – си запознаен со нешто што сам си го измислил и се разделуваш со тоа, а како резултат концептот останува ист, и се се повторува во круг.
Ако мислиш дека повеќето физичари се паметни – провери го тоа. Истражувај ги, постави им прашања, анализирај ги нивните одговори. Ако мислиш дека филозофи се мудри, а писателите мистерични – истражи ги искрено, не се плаши да ја видиш реалноста, каква и да биде.
Ни со еден човек не контактираме како со вистинско суштество. Во секого нешто додаваме, а потоа контактираме со овој измислен лик. Особено ова се однесува на оние кои ние ги “знаеме”, многу долго. Околу овие измислени ликови се ствараат различни огорчености, вклучувајќи поврзаност, љубомора, околу нив се формира цел облак од механички внатрешниот дијалог (ВД), и може да се случи и самата да не забележиш да со децении си во сојот ВД и своите постапки ги оправдуваш пред родителите и пријателите. Бидејќи “контактирањето” – во вистински разговори, и во ВД, се случува со измислени ликови, тогаш, се разбира, нема “објаснување”, никаква согласност нема да има – измислениот лик ќе продолжи да постои во истата форма и ќе биде извор на НЕ.
Многу ефикасен начин за идентификување и отстранување на измислување се состои од последователно приближување со човекот, во секоја фаза ќе го создаваш неговиот “портрет”, ќе го одредиш својот однос кон него – на пример, во познанствата на интернет ти прво формираш мислење за човекот по писмото, потоа – по второто, потоа по една слика, потоа по втората, потоа врз основа на долгото допишување, потоа по телефон, а потоа – врз основа на лична средба и така натаму. Го олеснува процесот на одредување на односот на човекот со присуството на листа на квалитети – можеш да ja прочиташ листата и да ја изложиш своите проценки. На почетокот привремените резултати ќе се разликуваат многу, но како што стекнуваш искуство во отстранување на измислувањата и исфрлувањето на твојот прв однос кон човекот, се повеќе ќе се совпаѓа со заклучокот.
Колку повеќе јаки НЕ чувствуваш, толку повеќе твоето однесување ќе биде автоматско, уште потешко да направиш разлика меѓу доживувањата и спроведеш кохерентна анализа.
02-01-14 Циклична промена на толкувањата
Ќе разгледаме пример на толкувањето на “осаменост” или “да се биде помеѓу луѓето.” Едното толкување е лесно да се замени со друго, во зависност од тоа – која смисла ќе ја ставиш во зборот “осаменост”. Да се биде помеѓу луѓето, можеш да се сметаш себеси за осамена, да ги чувствуваш истоимените НЕ, а од друга страна, пак, наоѓајќи се во празна соба можеш да се сметаш како дел од група на луѓе и да чувствуваш или НЕ или ПрД според твојот избор.
По аналогија со практиката на цикличните доживувања, извршени за НЕ, може да се спроведе истата практика во однос на толкувањата. Резултатот ќе биде слабеењето на автоматизмот за појавување на толкувањата, појавата на можноста за постигнување на рационална јасност и појавување блесоци во доживувањето на јасноста.
02-01-15 Апстрактниот концепт на “јас”. Практиката на сваќањето на отсутност.
Дали постои конкретно доживување што ти можеш да го наречеш “јас”? Емоции, мисли, чувства, желби му се припишуваат на некој “јас”, доживување кое го нема, ниту има доживување на “поседување” желба или мисли на некого. Прецизен опис на оваа ситуација е следниов: меѓу тоталитетот на доживувања, постојат и мислите кои го содржат зборот “јас”, кои не значат ништо посебно, то ест, тие мисли се концепти. Ајде да одиме подалеку од оваа неизвесност и да го дефинираме зборот. “Јас” е име за тоталитетот на познатите 5 вида на доживувања, кои не се определуваат еден преку друг и не водат еден кон друг. Идентификувањето на овие типови на доживувања е невозможно, затоа што “идентификувањето” е сведено на нешто друго, а во дадениот случај е невозможно (на пример, слепиот од раѓање не разбира – што е тоа да се “гледа”, како и да се обидеш да му објасниш). Затоа, тие само можат да се пребројат. Ништо друго, освен тие 5 вида на доживувања, не се дел од “јас”: чувства, емоции, мисли, желби и разликувања.
Физичките чувства (понатаму – само “чувства”) – сите видови на доживување, обединети во термин на “физичко тело”. Идејата за “физичко тело” е концепт, бидејќи ако останеме во рамките на вистинските сведочења за своите доживувања, тогаш единствено што може да се каже е дека постојат неколку видови на доживувања, обединети со нашиот разум во терминот “физичко тело” – визуелни, слушни, вкусни, тактилни, сексуални и други. Да се види “тело” – значи поседување на одредени визуелни чувства. Допирање на “телото”- значи имате одредени тактилни чувства. Но, токму на ист начин како што ја комбинираме чувствата со терминот “физичко тело”, сите емоции може да се комбинираат со зборот “емоционално тело” а мислите – “менталното тело”. Од навика не го правиме тоа, и затоа настанува погрешно спротиставување на чувство на емоции и мисли, што резултира дека “телото” е нешто реално, главниот атрибут е “јас”, и емоциите, мислите и желбите – нешто што е нереално, второ-степен атрибут на “јас”. По доживувањето го “соблекувам фустанот”, често е проследено со доживувањето на “ја гледам градата” – тоа е причина да се сметаат “градите”, како дел од “физичкото тело”. Но, понекогаш доживувањата не се следат едни со други – на пример, може да следи од страна на доживувањето “гледам градник“, но тоа ништо не менува, затоа што разумот го става се тоа во еден конзистентен модел. И исто така после доживувањето “го слушам зборот “идиот” често е проследено со доживување на “емоции на гнев”, а понекогаш и не се појавува, ако постои доживување на мислата дека “јас сум навистина идиот.” Сакам да покажам дека не постојат разумни основи за збирот на чувства да го нарекуваме “тело на чувства” а збирот од емоции да не го нарекуваме “тело на емоции” – тоа едноставно е прашање на навика.
Свест што разликува е речиси незабележливо доживување за оние кои ги чувствуваат НЕ и не поседуваат ПрД, затоа во практиката за ослободување на НЕ, концептите, механичките желби и постигнувањето на ПрД, не му посветуваме внимание, и засега само ќе зборуваме за четири видови на доживувања.
Сега да рагледаме како пример сет на дрвја и други растенија што ја сочинуваат шумата. Секој нормален човек не ја прифаќа било која од постојните шуми, како нешто што постои само од себе, без се она од што таа се состои. Шума – тоа е само име. Така и “јас” – е само името на шумата, кое се состои од 5 вида на “растенија”. Тоа тврдење е патот кон слободата. Цел живот си мислела дека има некои длабоки “јас”, некои скриени “јас”, надсвесно, потсвесно и други прашуми, што е скоро невозможно да се пробиеш. Ти мислеше дека сето тоа е крајно тешко, неразбирливо, конфузно, дека патот кон слободата може да го најде само генијален и страшно развиен “духовен” човек. И одеднаш се претвора дека “јас” – е само 4 видови на доживувања, и толку! Нема кој да биде огорчен – само постојат огорчености. Нема кој да се стреми кон ПрД – само постојат радосни желби да се чувствуваат ПрД. “Никој” не е туп – само постои доживување на тупост, што може да се отстрани, ако постои желба да го отстраниш. Нема кој да биде врзан, нема кој да се ослободи. Тоа е едно те исто кога кажуваш на некоj затвореник, кој замислува безброј ѕидови и самици: има ѕид пред, зад, лево и десно, горе и доле – и тоа е се! Над таванот не постои “надсвесен“ ѕид, а кога ќе го пробиеш подот – под него нема да биде “потсвеста” – таму е слободата, таму е безграничниот свет на просветени доживувања. Замислете – колку радост, доверба и решеност ќе донесе да се всади во затвореникот оваа вест? Ти – како затвореник, а јас ти ја кажувам оваа радосна вест: го пробив ѕидот и пронајдов слобода, и ја пишувам оваа едноставна инструкција, која ќе биде од корист некому. Уживај во таа вест, разгледај ја, ласкај, и разбери: слободата е многу блиску, а ти можеш да ја земеш со голи раце, ако почнеш да го правиш тоа упорно, внимателно, решително и со восхит.
Во истражувањето на концептот “јас” се применуваат методите опишани погоре, но покрај нив, предложувам уште една – практиката на “сваќање на одсутност”. Таа практика ефикасно може да се примени за да се расејуваат концептите, кои имаат исто својство, која го поседува и концептот “јас”. Замисли дека имам концепт на виша сила, која се состои во тоа дека во мојата куќа живее нилски коњ.
Ако внимателно би прислушкувал, помирисал, јас порано или подоцна ќе дојдам до заклучок дека нилскиот коњ го нема, во секој случај, нема да најдам никаков доказ за неговото постоење, па дотогаш, додека се појават тие докази, јас ќе живеам како да не бил тука. Тоа е многу едноставно, но поради некоја причина сите ние упорно веруваме дека помеѓу твоите доживувања постои некој ѕвер – “јас”.
Воопшто, мојата пракса е многу едноставна. Не мораш да направиш било што, за да во иднината имаш илузорни “придобивки”, и веруваш дека нејасните “придобивки” ќе дојдат, ако се откажеш од она што го сакаш сега. Патот на искреноста е друг: ако си видела дека нешто е илузија, тогаш нема враќање назад, враќањето назад кон слепата вера е невозможно. Резултатите од напорите се видливи веднаш, и ти уживаш во нив во моментов: ако токму сега си ги отстранила НЕ, тогаш веднаш си доживеала наплив на ПрД. На правиот пат нема следбеници и лидери. Секој си ги следи своите радосни желби, и кога таму е просветеното доживување, ти се чувствуваш како прва да си го открила и си.
Да се направи постојана свест за тоа дека зборот “јас” е само симбол од сите доживувања, неопходни се континуирани напори – ништо помали од вкупните напори кои се потребни за целосна контрола во отстранувањето на НЕ. Неопходно е да се совлада навиката за измислување на некои самостојни-постоечки ѕверови. Мене би ми било најлесно да го правам тоа, пребирајќи ги постојните доживувања – тоа има, и тоа има, и тоа исто има, ништо друго не се доживува.
Една од препреките за постигање на сваќањето за недостаток е во тоа што зборот “јас” е многу цврсто етаблиран во нашиот јазик. Во текот на денот го користиме стотици пати, со што ги одржуваме поврзаните со него концепти. Затоа е многу ефикасно да се откажеме од користењето на зборовите “јас”, “ти”, “таа”, користејќи ги само во комуникација со оние за чии реакции си заинтересирана (на работа, на пример). Ми се допаѓа, наместо зборот “јас” го употребувам “тоа место”, а наместо “јас сакам” можеме да кажеме “постои желба”, наместо “јас мислам” – “постои мисла.”
Слична практика на сваќање на недостатокот “ти”, “таа” – сваќаш дека доживувањето “вид на задник”, “звукот на гласот”, “вкусот на брадавицата”, “допирот на јазикот со вагината”, симпатија, нежност, и други – постојат, а доживувањето на “таа” – не.
Како резултат на таквата јасност, се појавува невообичаено доживување. Може да произлезе механичко толкување на тоа како “осаменост”, но тоа не е осаменост, бидејќи “осаменост” – ова е кога постои “јас” и постојат недостижни “ти”, постојат НЕ по тој повод. Но, тоа ново доживување резонира со зборот “бескрајност”, и “отвореност”. Ти чувствуваш продорен и радосен крик на слободата од вечниот страв на самотија, кој се покажа само како меур од сапун. Откриваш дека целиот живот, целите и вредностите биле изградени на верувањето во “гледање”, во “други”. Луѓето играат во бесмислена, бескрајна игра од раѓање до смрт. Сега, оваа гадост пукна, и што понатаму? Пред тебе, се како малечки тигриња – радосните желби, кои доведуваат до просветени доживувања не “поради некој”, и не “затоа што”, но поради присуството на неконтролираната желба. Цел свој живот си играла сама со себе шах: си замислувала ривал, победувала, губела, доживувала фрустрација или задоволство, иритација или понизност. А сега, одеднаш погледнала… нема никој! Постои избор – или да се изгниеш од огорченост или да патуваш по бескрајниот, неверојатен свет на просветените доживувања. Нема трета опција.
Навиката за измислување на “субјекти” и “објекти” е исклучително силна, така што неопходни се искрени континуираните напори (односно, фиксација на доживувањата какви што се, без никакви измислувања, исфрлувања, без цензури и изопачување на огледалата) да би се создала и зајакне новата навика – навика за чувствување на јасност дека не постојат доживувања кои ги нема, туку само доживувања, кои ги има. Во различни ситуации треба различен степен на напор. Едно нешто е да го реализираш тоа, сидеjќи на каучот, и друга работа – кога разговараш, кога постои доживување на лути крикови, или нежни прегратки. Произлегуваат лажни толкувања, како што се “доколку не постои никој, зошто да чувствувам нежност”? Прашањето нема смисла, бидејќи зборот “зошто” имплицира постоење на некој субјект, кој донесува решение, но, исто така, значи дека не постои желба да се доживее нежност. Но, сè е многу едноставно – постои радосна желба да се доживее нежност, постои задоволство од нежност, постои желбата да се зајакне ова доживување, постои и желбата за зајакнување на желбата да се доживее нежност и силата на овие желби ја надминува силата на желбата да го оставиш сето тоа како што било, и да се вратиш во мракот на НЕ и тупост.
Невозможно е да се пресметаат условите под кои е полесно да се постигне консолидација на таа јасност – седејќи во пештерата осамен, или обратно – кружејќи во толпата од луѓе. Тоа не зависи од условите, туку од тоа дали ги следиш радосните желби.
Со илузијата “јас” ти се измамуваш себе си на два начина – од една страна верувајќи во тоа да во тебе и другиот човек постои “јас”, а од друга страна, пак, верување дека во каменот, дрвото, растенијата го нема таму, што, секако, е лажно бидејќи не постои такво доживување како “нема јас”, да не зборуваме за фактот дека не е дефинирано – од кое одсуство зборуваме. Ако некој збор не означува некој посебен збир на доживувања, ние воопшто не можеме да кажеме ништо за тоа – ниту дека “тоа” постои, ниту дека “тоа” не постои. Емоцијата, мислата, чувството – постојат, а доживувањето: “нема јас“ – не постои. Лесно е да се разбере. Така, уште еден аспект од практикување на јасноста за недостатокот на доживување на “јас” е дека сваќаш дека доживувањето на “нема јас” исто не постои. Природниот развој на таа практика е практиката на “не е река, не е планина”, која е опишана во поглавјето за просветена свест што разликува.
Со доследно спроведување на овој пристап, можеме да постигнеме јасност во однос на апстрактните концепти, изградени врз основа на механичките разлики. Ние гледаме на камен во морето, и заклучуваме дека каменот е едно, а морето е друго. Заклучокот се базира на фактот дека е видлива граница меѓу морето и камен, и дека таа граница постои денес, и утре, и по една година. А ако погледнеме на слаба магла, тешко ќе ни биде да кажеме дека маглата е едно, а воздухот е друго, бидејќи маглата многу бргу исчезнува во воздухот. Во меѓувреме, добро знаеме дека и каменот по милион години ќе се раствори во океанот, па оттука и нашиот заклучок е многу вообичаен. Како суштеството што би живеело само еден ден би судело за светот? Тоа би можело да создаде таква представа на светот што на нас би се чинела сосема апсурдна.
Да погледнеме од другата страна на ова прашање: ние правиме заклучок за постоење на две различни објекти, бидејќи меѓу нив има јасна граница. Но, помеѓу окото и капакот, исто така, има граница не помалку јасна од границата меѓу каменот и водата во морето – дали тоа е причина да го сметаме човекот нешто, кое се состои од неколку различни објекти? Формално, ова може да се направи, и во суштинската работа така и правиме, но во исто време памтиме дека човекот не е само збир од неколку објекти, но комплексен организам, една единствена целина. Па, зошто тогаш сметаме дека каменот и морето се два различни објекти? По навика. Во овој пример, јасно е видлив двојниот стандард на концептуалното размислување.