02-02-01 ЈРМ е неопходно за да се постигне континуирани ПрД
Постигнувањето ЈРМ е една од радосните желби кои произлегуваат од отстранувањето на НЕ. Покрај тоа, потребно е за одржливо манифестирање на ПрД, а исто и за доживување на Jасност. Ако размислуваш концептуално, користејќи ги зборовите кои не означуваат одредени групи на доживувања, тоа значи дека немаш јасна дистинкција помеѓу доживувањата, не можеш да ги делиш доживувањата на пожелни и непожелни, силните радосни желби нема да се појават, промените нема да се случат.
Човекот кој се стреми кон ЈРМ, кога се соочува со аргументите во полза на една или на друга точка на гледиште, или ги смета за или не, во зависност од достапноста на радосната желба во дадениот момент, ги отстранува новите НЕ. Тупиот човек доживува и покажува негодување, агресија, неодолива желба да протестира, отуѓеност.
Човек кој стреми кон ЈРМ, чувствува интерес за инвентарот на своите концепти, презема иницијатива во таа работа, педантно ги проучува своите мислења за темата на адекватноста на нивната валидност.
Прашај го просечниот човек за било што, и нема да добиеш одговор, како што е “треба да размислам”, или “немам доволно информации за да би имал образложено мислење”, или “размислував за тоа, но не можев да разберам”, или барем “во моментов, ми се чини дека … бидејќи имам одредени информации.” Ќе слушнеш спремни и категорични мислења на кое било прашање, од присуството на живот на Марс, завршувајќи со ефикасните методи во борбата против лебарките и прашања за смислата на животот. И ако се обидеш да ги предизвикаш неговите ставови, уште и наведеш аргументи, тогаш ќе предизвикаш кон себе силен НС.
Луѓето секогаш се “знаат”, и тоталитетот на овие претпоставки го прават светот во кој тие живеат. Да се уништи концептите е многу тешко, бидејќи секој од нив е илузорна поддршка за задоволство, мир, агресија и други вообичаени реакции. Уништувањето на концепти потсетува на распаднати чорапи – доволно е да се направи една дупка, и таа започнува да ја разоткрива многу пукнатини врз тоталитетот на некои претпоставки, што предизвикува огромен страв, бидејќи светот е во колапс! Луѓето им е страв да мислат искрено и доследно, бидејќи тогаш тие треба да се разделат со сите догми, “точните знаења”, и да останат само со помалку или повеќе образложени гледишта, кои во секој момент можат да се променат, ако се појават значителни дополнителни информации. Светот престана да биде цврст и дефинитивен, станува мистерија, која е изградена околу еден мобилен систем на претпоставки, базирани на набљудувања, и се чувствуваш како да те исфрлиле од топлиот кревет. И само кога ќе се ослободиш од концептите, ќе сватиш дека тоа не бил топлиот, удобен кревет, туку мрачен гроб.
Мнозинството од луѓето се премногу мрзливи да размислуваат за тоа, тие немаат желба за јасност, тие сакаат да добијат уште една доза на дрога (тв, јадење, оргазам, или караница), да се напијат пиво и да паднат во заборав до утре наутро, кога, благодариме на Бога, веќе немаат време за размислување – потребно е да станеш и да трчаш во училиште/колеџ/работа. Така луѓето ја култивираат и глупоста, и тупоста. Глупост е неможноста да се размислува доследно – недостиг на концентрација или вештина. Тупоста е одржлива неподготвеност за размислување (дури и на тема, на која човекот сака да разговара), заедно со агресивно-дефанзивниот став, напливот на НЕ, фразите “не сум расположен да размислувам”, “ти исто не размислуваш, него манипулираш со зборови”, “сите ме разбираат, само ти поради некоја причина не сакаш”, итн. Ако тупиот човек се согласува со твојот начин на размислување, не е затоа што тој достигнал јасност, туку да би избегнал конфликтна ситуација – тоа лесно може да се детектира со испитување на неговите следни активности.
Многу е распространето мислењето дека животот е комплексен и збунувачки, што е практично невозможно да се разбере. И ако одиш во библиотека и разгледуваш книга од популарен филозоф, што гледаш? Монада, иманентност, конструктивност, праведност, свест, потсвест, надсвест, зрачење, Бог, добрина, корист, штета… – терминолошки оргии. Термините се натрупуваат еден по друг, без јасна дефиниција – кој посебен сет на доживувања го означува одредениот термин.
Човек кој стреми кон ЈРМ, прво утврдува одредено доживување или целокупноста на доживувањата, а потоа ја означува со одреден термин. Тупиот човек користи термини, без размислување за тоа какви конкретни целокупни доживувања тој означува со нив. На крајот испаѓа желе, безизлезна збрка, наведени како “дела на филозофите”, во универзално верување дека законите на менталниот живот се проклето збунувачки. Но, во реалноста тоа не е така. Тие се исклучително прости. Луѓето лутаат сред бел ден само затоа што тие веруваат во неизбежноста на лутањето, и “патоказите” (книги од психологијата, филозофијата и “езотериката”) ги збунуваат уште повеќе. А да започнеш сам да размислуваш, потпирајќи се само на анализа на постојните доживувања – тоа ми е страв… како тоа, јас сам да размислувам? Зарем паметните луѓе не би ја пронашле вистината, ако било толку едноставно? Зарем тоа значи – јас сум толку паметна, а тие се толку тупави? Да, тие се толку тупави. Тие не беа во можност да го пронајдат патот, но ти можеш да го пронајдеш – токму поради тоа што ја читаш оваа книга, која е патоказ кон Чистата свест. Имаш шанса, и како ќе ја искористиш, зависи од тебе.
Така, на патот кон ЈРМ неопходно е да се бара образложение на своето размислување. Изгледа – банално! На сите ни е јасно дека кога го кажуваш своето мислење, тоа мора да биде оправдано. Но не, сите се сметаат себеси за доста разумни луѓе, и ако започнеш да ја извршуваш таа работа, тогаш треба да признаеш дека си човек, кој не ги знае “основните” нешта. Еве и Васа знае што е тоа “насилство”, и ако ја прашаш Тања, и таа ќе ти каже – што е тоа “добар”, а што сум јас – зарем сум најтуп? Разговарав со многу професионални мислители – математичари, физичари, економисти, правници, филозофи, психолози итн. Би се кажало – па кој, ако не тие? Токму тие треба да го носат знамето на јасното мислење. Но, парадоксот е во тоа што “мислителите” побеснуваат, полудуваат, кога им поставуваат прашања, како овие што ги поставувам сега – “зошто е крив сопругот, за напуштањето на неговата сопруга”, што значи “праведност”. И тоа е затоа што тие не се воопшто мислители, тие одат само во една рутина на вообичаените договори, како и сите останати луѓе.
Земи било која книга од признат мислител. Кој ти се допаѓа повеќе? Хајдегер? Хегел? Хозе Ортега и Гасет? Кант? Шопенхауер? Можеш ли да најдеш барем еден став без страв, како што е “иманентност” и “трансцедентност”? Погледни во философскиот речник, што се објаснува со овие термини. Тоа е само електрична столица! Доживуваш шок од протокот на бесмислените зборови. Се разбира, ако сакаш да го положиш испитот за филозофијата, не кажувајте му на професорот дека не го разбирате зборот “иманентно” и “трансцеденција”, и што е објаснувањето од учебникот: “иманентен – за феномени, предмети, “процеси”, “трансцендентен – не е достапен за знаењето, оној кој се наоѓа надвор од искуството” не објаснува ништо, бидејќи немаш доживувања на “внатрешно својствен” и “надвор од искуство”- во овој случај, те очекува пресудата “туп и бесперспективен”. Дали знаеш што е “трансцендентален поим”? Тие се така наречени “многу општи термини:” – “доброто, вистината, постоењето”, и др. Наместо да се нарекуваат тие зборови бесмислени, односно оние кои не посочуваат конкретен збир на доживувања и да престанат да ги употребуваат, ги нарекле “многу општи”, но да не би размислувал, го приковали својот мозок со терминот “трансцендентален”.
Погледни со каква почит се однесуваат кон “филозофијата”, “езотериката”! Ако видиш див микс на непознати зборови, наместо да се прашуваш “каде се јасните дефинирања на овие термини”, ти ја затвораш книгата со мислата: “да … гение … никогаш нема да разбирам …”. Во учебникот по физика, исто така има премногу непознати зборови, но физиката е изградена врз основа на логично размислување и анализа на набљудувањата, и секој термин кој се користи, е задолжително дефинирана – ако не во тој учебник, значи во тој од претходната година. Замисли таква фраза во учебникот од физика: “атом – добро, ова е кога супстанцијата ни се покаже пред нас со својот вроден капацитет.” Глупо? Но, во филозофијата маглата во размислувањата станала правило, таа била издигната на ниво на закон на природата.
Ние сме обраснати во мувла од бесмислени зборови, опфатени со краста од безброј концепти, изградени на тие термини, а сето тоа го задушува појавувањето на ЈРМ и ПрД.
02-02-02 Ослободување од зборовите-паразити. Пример за зборот-паразит “корист”.
Прочистувањето од зборовите-паразити е неопходно за постигнување на ЈРМ, бидејќи употребата на зборовите, кои не одредуваат конкретен збир на доживувања, категорично е некомпатибилна со ЈРМ. Замисли инженер кој работи со симболи, чие значење е непознато за него. Тој никогаш ништо нема да изгради.
Отстранувањето на зборовите-паразити може да биде придружено со сожалување, чувство на загуба, бидејќи нивното исклучување од мислењето го прави невозможно да се задржи концептот коj ги користи овие зборови како негов составен дел. Покрај тоа, употребата на зборовите со несигурна вредност ни овозможува да жонглираме со нив, за наоѓање на бесконечни противречности, за заплетканост во размислувањето, а сето тоа носи впечатоци од кои ти ќе се ослободиш. Работата со зборовите-паразити јас ја разложувам на повеќе детали во следните параграфи, а сега ќе дадам пример за парсирање на зборот “корист”.
Овој термин може да се разгледа на два начини – како корист “воопшто”, и како корист во рамките на одреден процес. Луѓето го користат овој термин, и во двата случаи.
Говорејќи за користа воопшто, претпоставуваме дека процесот може да се заврши до крај и без последици. Но секој процес, секогаш има последици, за кои ние не можеме да знаеме ништо, затоа, терминот “воопшто корист” е бесмислен. Тоа е елементарно, па ќе воведам неколку примери.
На пример, сум заработил многу пари и мислам дека тоа е “добро”, “корисно”, бидејќи можам да ги потрошам на “корисни” и пријатни работи. Сепак, тоа не е така. Дали ќе купам куќа или ќе одам да патувам, ќе ги поклонам или ќе ги ставам во банка, тоа неизбежно ќе го промени текот на мојот живот и ќе доведе до следните настани. Зборувајќи за тоа, дека многу пари се “корисни”, претпосавуваме дека следните настани ќе бидат исклучително пријатни, пожелни, или во најмала рака, нивното задоволството ќе биде поголемо, него да не сум ги добил парите. Ако тоа е така, тогаш било кој случај, “корисен воопшто”, ќе биде средство за постојано подобрување на животот. Ако парите се “корисни воопшто”, тогаш би биле богатите посреќни од посиромашните. Не треба да си визионер за да видиш дека тоа не е така. Промена на начин на живот не го менува неговиот квалитет – некои грижи и страдања се заменуваат со други, често дури и поголеми.
Друг пример: почнав да трчам, да пливам, телото стана силно а здравјето постабилно, имам повеќе сила. Секој би рекол дека тоа се “корисни” промени, а сепак тоа не е така. Ако е тоа така, тогаш луѓето кои имаат добро здравје, би биле посреќни од оние кои се повеќе подложни на болести. Очигледно е дека тоа не е точно. Почна да трчам низ шумата и скршив нога. Станав повеќе енергичен, почнав да се занимавам со бизнис и банкротирав. Станав повеќе здрав, отидов на патување до Индија и се заразив со треска. Почнав да трчам низ шумата, не отидов во кино, не се состанав со девојката, со која ми беше толку добро… и така натаму. Ние никогаш не знаеме какви последици ќе имаат оваа или онаа околност. Најде пари – “корист”. Отвориш бизнис и банкротираш – “штета”. Од очај замина во шумата за да се убиеш и ја запозна омилената девојка – “сето тоа беше добро”. Се испостави дека девојката била кучка – “не, сепак сето тоа го направив без врска”. Но, нејзиниот татко беше прекрасен човек, и ме запосли во неговата катедра – “сепак сето тоа беше добро”. Нема научник од мене, ме разреши ја од катедрата – “тоа е лошо”. Плукав по учењето, открив дека добивам задоволство од нешто друго – “добро е”, и така натаму – бесконечен циклус на настани, и нема ниту еден кој со сигурност ќе донесе среќа, бидејќи среќата – не зависи од тоа како се створено, среќата е во испитување на доживувањата кои ти се допаѓаат.
Никаква “корист” не постои ни тогаш, кога се обидуваме да ја дефинираме во одредени граници.
Ќе ја разгледаме “користа за здравје”. Ако си болен, потоа пиење таблети по рецепт се смета за “корисно”. Јас сам ќе ги испијам таблетите, ако се разболам, бидејќи верувам дека тоа ќе ми ја зголеми веројатноста за оздравување. Но, тоа е погрешно да се мисли дека е “корисно за здравјето”, затоа што тоа значи дека имаш апсолутно целосни и вистинити информации за влијанието на овие апчиња кон тебе само во дадениот случај, постојат ли некакви несакани секундарни ефекти. А таквите информации ги нема и никогаш нема да ги има. Парацетамолот се сметал многу години како ефективен против настинки, и само неодамна се откри дека тој има многу негативен ефект врз црниот дроб. Апендикс и крајниците долго време се сметаа за ирелевантни делови на телото, така што почнаа да им ги вадат однапред на децата. Подоцна се појави дека играат значајна улога во имунолошкиот систем. Ниту еден лек не може да биде проучен до крајот. Огромна фармацевтска корпорација може да произведува со години одредени лекови, по целиот свет, а потоа ќе се дознае дека тој лек провоцира во развојот на ракот – такви примери има многу. Нема никакви разлики ако пиеш за температура аспирин или левомицетин против дизентерија: избра да го сториш тоа и добиениот резултат ти е доволен, но дали е “корисен” или не – не се знае, бидејќи зборот “корист” значи некои “добра”, а што во овој случај за телото е “добро”, и како да се измери тоа “добро”- не е јасно. Телото, кое е наполнето со лекови, ја губи способноста за самостоен отпор на болести и бара повеќе и повеќе таблети, и кога имаш висока температура, тогаш ти треба да одлучиш – да ја симнеш со антибиотици (кои ќе го ослабнат имунолошкиот систем, ќе го отрујат желудникот, оштетат црниот дроб), или да се излечиш сам (постои ризик за добивање на компликации, да бидеш болен подолго време). Просечниот човек носи одлука во зависност од она што концепциски го смета за “корисно”. Човекот кој го отстранил концептот на “корист” ќе ја има во предвид достапната за него информација, па потоа ќе постапи во согласност со радосната желба. Како резултат на оваа политика, се покажува дека она што го нарекуваме “физичко тело” не е беспомошна и тупа појава, на која е потребно да внимаваш, како кога луда мајка се грижи за детето, регулирајќи на секоја негова акција. Ако ги следиш радосните желби, ќе ти се отвори нов свет на изненадувачки пријатни чувства, кои резонираат со ПрД.
Ќе ја разгледаме “користа за бизнис.” Веројатно на сите ни е “јасно” дека за бизнис е “корисно” да имаш приход. И статистика вели дека 80% од банкротирањата доаѓаат како директен резултат на растот на компаниите, бидејќи стануваат заложници на својот раст: мала компанија го окупирала своето место, но за голема компанија местото може и да не се најде; раководителите, кои се разбираат во мали димензии, не можат да се разбираат во другите димензии; неопходно е да се промени структурата на бизнисот, да вработи нови луѓе и да ги обучи, да се прошири сметководството, да се премине на нова шема на оданочување, да се изнајмат нови простории, да се бори со нови – уште помоќни конкуренти, се појавува прашање во врска со владеење, бирократија, итн, итн… и тоа што сме го очекувале и тоа што не сме можеле ни да го замислиме, но веќе нема враќање назад. А уште и сопствениците можат да се одмараат на ловорики, со што компанијата многу брзо ќе банкротира.
Нема “корист за работа”, бидејќи зборувајќи за “користа за работа”, ние мислиме дека кога “користа” се случила, тогаш таа “работа” секогаш ќе биде во “добра” состојба, со тоа е побиено искуството. Било која постапка која ја сметаме за “корисна” доведува до еден куп различни ефекти, и да се зборува за неговата “корист”, потврдуваме дека сите последователни настани, исто така, ќе бидат “корисни”. То ест, ако мојата компанија заработила пари, според таа логика ќе доведе кон неповратен раст на компанијата без оглед на било што. А како може да се нарече нешто “корисно”, ако во крајна линија води кон Бог знае што?
Сега ќе ја разгледаме користа во одреден период на време. Можам да кажам дека не знам што ќе произлезе во иднина, но знам дека во овој момент за компанијата е “корисно” да заработи повеќе пари, затоа нема да зборувам за возвишени работи, но ќе го направам тоа што на мојата компанија ќе и донесе приходи – раст на банкарската сметка, кредитната способност, рејтингот ќе се зголеми, ќе се зајакне довербата на потрошувачите во марката на производот, акциите се во пораст, а сето тоа е критериум кој означува дека операцијата била “корисна”. Извршувајќи една “корист-сега” работа, па друга “корист-сега” работа, ќе ја донесам компанијата до развој и просперитет. Го прават токму тоа – ги утврдуваат критериумите од “корист” и вршат работи, додека забораваат дека овие критериуми се само средства за да се воспостави конзистентност на активностите на општо прифатените концепти на “корист”, но тие концепти не се нешто вечно вистинито, тие се во постојано движење. Еден модел на економска ефикасност заменува друг, така што ни тука не постои никаква “корист“ – постои само преземање на активности за постигнување на поставените цели.
Позицијата на човекот, ослободен од концептот на “корист”, е таков: сакам да постигнам одредена цел, имам во предвид одредени информации, сакам да направам одредени дејствија. Таквата позиција овозможува целосна флексибилност и јасност во своите радосни желби и подготвеност и способност да се следат нив, и овозможува слобода од механички, тажни дејствија.
02-02-03 Принципи на развојот на значењето на зборовите
Ние користиме толку зборови, чиј смисол е толку нејасен, дека како резултат на тоа ретко се случува разбирање и себе-разбирање. Не сакам да се обидам да ги присвојувам зборовите со апсолутна точна вредност, бидејќи а) во основа е невозможно, поради условноста на било какви граници, б) не е неопходно за моите цели. Јас само сакам да се појасни значењето на зборовите, да ми дозволи да ги реализирам своите желби, како што се желбата за јасност, желбата да се споделат искуства со други практиканти, итн. Додека “птичјиот” јазик го препушта местото на друг јазик, кој поточно го одразува доживувањето, се појавува желба да се направат понатамошни чистења на јазикот.
Методот на определување на значењето на термините:
1) го дефинирам терминот.
2) составувам десетина други фрази, во кои претходно го користев тој термин.
3) го заменувам терминот со своја дефиниција и гледам – дали е значењето на фразата, како што сакав да се каже, односно изразена со доволна точност?
4) Ако, во поголем дел од случаите, значењата на фразите стануваат повеќе точни, верувам дека употребата на термините во дадената вредност е препорачливо. Во останатите фрази, чии значења не се доволно точни, ќе користам други термини.
Видете ги примерите подолу. Може да се појави прашањето – како на пример, можам да го утврдам, зборот “аргумент”, со користење на повеќе нејасни зборови како “резултат”, “набљудување”? Значи, јас утврдувам врз основа на нејасните? Јас не се занимавам со математика и физика, јас се занимавам со практична дисциплина – инженеринг на доживувања. Јас немам желба да ја бранам својата дисертација, да добијам награда, да станам “научник”, затоа не сум заинтересиран за постигнување на апстрактните цели, решавање на апстрактните задачи, изградба на убави теории и аксиоматски системи. Јас сум заинтересиран за многу конкретна задача – добивање на поголемо и поголемо задоволство, вклучувајќи го и задоволството на јасност, и да добијам поголемо задоволство кога ќе почнам да го користам зборот, кој како резултат на моето истражување е значително повеќе конкретен. Нагласувам – не “сеопфатен”, не “апсолутен” , туку “значително поголем”. Тие луѓе кои наводно бараат “апсолутна јасност” и ги запоставуваат конкретните чекори во постигнувањето на се поголема и поголема пространствена јасност, како резултат на тоа остануваат безнадежно тупи, како и оние кои не сакаат да ги отстранат НЕ, а “бараат” “апсолутно просветување”, и на крајот се претвараат во злобен меур на гнила биомаса.
Кога го дефинирав терминот и започнав да го користам, приметив дека:
а) се појавува суштински поголема јасност, прецизност во изразувањата, се зголемува степенот на заемно разбирање со соговорникот, не треба да се свртиш кон бесконечните прочистувања, па да се враќаш, итн.
б) подобро се опишуваат доживувањата, подобро се создаваат конзистентни модели, да се полесно открие (!) и опише односите.
в) полесно да се даде анализа и синтеза, односно процесот за поделба на феноменот за произволно множество на елементи, и процесот за откривање на односите помеѓу нив (кој открива позитивно влијание за разумната јасност на еволуцијата на свеста која разликува).
г) да се добие поголемо задоволство од процесот на размислување, се појавува јасна резонанца ЈРМ и разновидните ПрД.
д) да се добие повеќе задоволство од таквите ефекти на унапредување на јасноста, како што е токму способноста да се планира и да се извршува спроведувањето на радосните желби кои водат кон нивна манифестација, зајакнување, еволуција.
е) работата за чистење на јазикот е во согласност со практиката на “зацврстување” – види во “Стратегија на ефективна практика”.
Ако јас, воден од аргументот со “академски” карактер, најпрво би го дефинирал зборот “јас”, “резултат”, “се допаѓа”, “задоволство”, на крај не би можел да дадам попрецизна дефиниција на зборот, кој во моментот го користам, би запрел зачудено, но на крајот СЕЕДНО би продолжил да го користам овој збор со својата стара, нејасна смисла, бидејќи моите желби никогаш не би отишле, вклучувајќи ги и радосните (на пример, желбата за разговарање) за имплементацијата која е потребна за да се користат овие зборови. Затоа, се движам од помала кон поголема јасност, од помало кон поголемо задоволство. Како резултат на фактот дека јас давам попрецизна дефиниција на зборовите кои се користат, јас го добивам саканиот резултат и покрај фактот дека дефиницијата, се состои од лошо дефинирани зборови. Ако во иднина се појави желба да се дефинира зборот “резултат”, ќе се вратам на дефиницијата на зборот “аргумент” или ќе ја поправам неа, или ќе ја разберам со поголема јасност. Дури и ако зборот “стол”, не можеме конкретно да го дефинираме, бидејќи не постои јасна граница помеѓу столот и било кој друг предмет – постојат столици како фотељи, на пример, и може да направи “стол” произволно многу различен од површината на четири нозе, така што непознат човек, нема да си замисли за она го нарекуваат “стол”. Но сепак, кога ќе се каже зборот “стол”, се повикуваме на хоризонтално парче дрво на нозе, имаме многу појасна слика за што зборувам, него кога говорам за “божествена мисла”. Зборот “облека” ни е разбирлива многу повеќе, отколку зборот “удобен”, кога би се користел секаде, а не само да се опишат непријатни физички чувства, затоа кога го дефинирам зборот “удобен”, како што го направив тоа подолу, го намалив нивото на двосмисленост на зборот”удобен” до ниво на нејасност на зборот “облека” и сега сум доста задоволен, бидејќи тоа не ми се меша во реализирање на радосните желби.
Во процесот на прочистување на јазикот се појавуваат, се разбира, препреки, како на пример:
а) првобитна недвосмисленост – сакаш да го “заобиколиш” тоа прашање, да го оставиш за понатаму, бидејќи немаш желба да припазиш на својот говор, да вложиш напори и да се извлечеш од тупоста, сакаш да зборуваш, како секогаш што си зборел, не сакаш да се концентрираш на своето внимание, бидејќи секогаш ќе мора да пазиш на својот говор.
б) мисли-скептици како што се:
*) “тоа е бесконечна работа” (овој скептицизам ослабнува до степен кога ќе почне таа работа да се одржува, и збор по збор, добивате повеќе точни вредности и се вклучени во твојата употреба со ново значење и станува јасно дека, без оглед кога работата е завршена јас веднаш ќе го добијам саканиот резултат – почнам да чувствувам поголемо задоволство од тој процес, и др, кои се наведени претходно).
*) “да се постигне јасност е невозможно – сеедно се ќе остане нејасно” (овој скептицизам, исто така, се намалува со перформансите на практиката).
*) “Сеедно ми е, другите луѓе нема да ме разберат, бидејќи тие не планираат да ги користат твоите дефиниции” (овој скептицизам нема никаква основа, бидејќи методот за изборот на дефинициите, имплицира дека луѓето со кои ти разговараш сепак ќе те разберат, во согласност со нивното постоечко ниво на јасност на тој термин, и во никој случај не е полошо од порано, и ако им објасниш – на што мислиш, ќе се појави можност подобро да те разберат).
02-02-04 Користење на зборовите, примери на дефиниции и отстранување
Некои зборови имаат 100% паразитски карактер, односно, изразуваат морална категорија, лишени од било какви специфики. Таквите зборови јас сакам да ги исфрлам од својот говор – на пример, зборовите “лошо” и “добро”. Користејќи ги таквите зборови, луѓето никогаш не мислат на ништо конкретно, туку само го изразуваат својот позитивен или негативен став. “Лошо си постапил” – и што може тоа да значи? Што би сакал поинаку? Зар го изгубив тоа што сакав да го имам? Зарем сега чувствувам физичка болка? Зар почнав да чувствувам некакви НЕ? Било што – никој за тоа, дури и не мисли.
Други зборови, иако имаат нејасна смисла, и често се користат без размислување, но понекогаш на луѓето од страна им значат нешто особено, но различно секој пат – некои од овие зборови може да се дефинираат, ако се ограничи нивната употреба во некој домен – на пример, види на дефиницијата за зборот “удобен” – дефинирав дека опсегот за употребување на тој збор е опсег за појавување на непријатни [физички] чувства, а за сите други области, ќе одредам други термини и на крајот ќе се ослободам од забуната.
Се разбира, дека сакам да ги отстранам од својот говор, класичните зборови-паразити (“с-паразити “), комуникативните паразити (” к-паразити “) и жаргоните, кои служат на НЕ.
Под с-паразити го подразбирам тоталитетот на опсесивните узречици: “па”, “ако”, “односно”, “тоа нешто”, “некои”, “значи”, “некако”, “едноставно”, “како тоа”, “воопшто”, вклучувајќи го и научните жаргони: “всушност”, “воопшто”, ” би сакал да кажам дека…”, “Да, но…”, “каде што тоа е така”, “да претпоставиме дека” итн.
Под-к-паразити ја сметам целокупноста на фонетски опсесивните узречици, кои не се зборови. Како правило, на човекот му е тешко самостојно да ги отстрани, но исто така и да ги открие. Многу од муцките, дури и по години на интензивна практика можат да се изненадат кога ќе откријат дека и покрај напредокот во развојот на нивната заштита и тие немаат идеја дека постојано употребаат комуникативни паразити. Примери:
*) лесно удвојување на почетната согласка на првиот збор во фразата: “шшто да ти кажам…”
*) посилно од вообичаеното, покривање на очните капаци, на почетокот на искажувањето на фразата
*) пошироки од вообичаеното, отворени (ококорени) очи
*) развлекување помеѓу деловите на последната самогласка на фразата: “Мислам декааа… денес јас ќеее…”
*) Различни “е ….”,” м ….” Меѓу фразите.
*) навистина бесконечна листа на различни опсесивни движења за време на својот говор – со различни гримаси, чешкање, истегнување, воопшто, различни движења на различни делови од телото и многу повеќе.
Жаргоните се зборови, кои ги заменуваат заедничките зборови и се придружени со израз на НЕ, кој на крајот се “спојува” со тој збор, да тој престанува да биде забележан. На пример, зборот “име” може да се каже “надимак” девојката – “кукла”, “јадеш” – “ждереш”, итн. Тие, исто така, вклучуваат безброј “браво”, “кул”, “супер”, итн.
Негативните ефекти поради користење на паразити не се ограничени со појавата на тупоста и неспособноста да се направи разлика помеѓу доживувањата (еден љубител на жаргони, пишува за својот проблем на овој начин: “се укочив после обидот да вршам секојдневна фиксација, сфатив дека едноставно не се разбирам во доживувањата и не знам што да фиксирам. Се се влева во брз поток, во сосема темен кал”). Проблемот е и во тоа, да СЕКОЈ паразит е неизбежен во комбинација со бран на НЕ, на кој се наменети да служат, поддржуваат. Имено НЕ се причина што човекот почна да користи паразити, така што безусловно отстранување на паразитите ќе доведе до сериозен удар на една континуирана серија на “ситни” блесоци на НЕ, кои се одговорни за густи, континуирани, отровни и често невидливи НП.
Отстранувањето на паразитите води кон блескав ефект во форма на сила за постигнување на поголема јасност.
Листата на термини, погледни во подглавето “Термини”.
Примери на зборови кои одат во ѓубре:
“Корист“. Не постои никаков начин да дознаеме што ќе се случи во иднина, како последица од некое конкртно дејство, кое се сметало за корисно, и некои ефекти можеш да започнеш да ги препознаваш како непожелни. Понекогаш зборот “корисни” се користи во смисла на “позитивни” или “подобри”, и токму овие термини, избирам да ги користам во такви случаи, само затоа што, тие не се толку тесно поврзани со моралните категории, односно со зборовите кои изразуваат одредена апсолутност “најдобро” или “најлошо”. Произведените зборови исто така во канта: “корисни”, “бескорисни” (иако зборот “бескорисни” најчесто не се однесува на “лоши во апсолутна смисла”, имено, несоодветно, но се уште одбивам да го користам зборот, за да не се создаде без потреба дупликати и да не заживее дури и сенката на оваа тврдоглава инфекција – зборот “корист”).
“Помош“. Овој збор исто така се користи во апсолутна смисла на “добрина”, и кога едно лице “помага”, тоа мисли дека прави апсолутно “добра” работа. Ако сакам да ископам дупка, и некој дојде и “помага”, тоа значи дека тој си поставил за цел да ја ископа дупката само затоа што јас ја копам. Не е заинтересиран – дали ми се допаѓа што ја копам сам, или можеби обратно – мене ми е тешко и на средината на проблемот си помислив – дали навистина сакам да ја копам, или само се присилувам себеси заради некои концепти, итн. Но сепак, “помошта” често апелира кон некоја апстрактна “корист”.
На пример, човек може да сака да пие водка, а ти му фрлаш шише, т.е. одиш против негова воља, но, исто така, го нарекуваш тоа “помош”. Советските трупи во 39-година, заедно со германските фашисти ја поделија Полска на два дела, и објавија војна на Финска, по завршувањето на војната влегоа во Унгарија, Чехословачка, ги окупираа балтичките држави – и сето ова се нарекуваше “помош”. Доушниците им “помагаа” на советските власти да ги ставаат во затвор оние кои мислеле поинаку, советските комунисти им “помагаа”, на “братските народи”, со поддршка на диктаторските режими во Југославија, Куба, а кинезите се уште “помагаат” на тибетскиот народ да се ослободи од отровот на будизмот – крвта на половина милион убиени тибетски монаси се уште не ги задоволила нив. Зборот “помош” луѓето го користат, бидејќи нема јасно значење, и можеш било кое дејство да го наречеш “помош” во обид да создадеш позитивен став, бидејќи таму е концептот дека “помош – тоа е добро“.
Предлагам да се користи зборот “подршка”. Што е “подршка” – разбирливо е. Човекот нешто работи, вели дека тој тоа го работи и сака да го работи, но и сака да се добие резултат, и ти од твоја страна работиш така, така да може тој да го добие тој резултат. Тука се е доволно јасно.
“Неопходно“. Инфекција од највисока категорија! Синонимите – исто така одат во корпа: “мора”, “треба”, “вреди”, “мора да”.
“Взаемно дејство“. Овој збор обично се однесува на крајно нејасен сет на можни и невозможни начини за споделување информации – толку е нејасен, што е невозможно да го користите. Отстранувањето на зборот нема да доведе до проблеми во објаснувањата, затоа што секоја од можните начини за размена на информации има сопствено значење, и при желба може лесно да се групираат во категории, на овие категории да им се даде сопствено значење и да ги користите. Синоними – исто така во канта: “контактирање” ( “Ние контактиравме со него” – и како да се разбере ова? Разговарале? Размениле реплики “здраво-чао”? Имале секс? Го споделиле резултатот од студијата на концепти? Размениле погледи тајно ??…).
“Лош“. Антонимот исто така во канта: “добар”. “Релевантен” – на исто место.
“Функционален“. Звучи премногу научно, е синоним со зборот “соодветен”.
“Пријател“, “пријателство”, “близок [човек]”, “блискост”. Тоа се неконкретни зборови. Како и да објаснуваат крајно нејасен степен на лојалност на луѓето едни кон други, но често ја изразуваат едноставната навика на луѓето, но тоа не мора да значи лојалност или симпатија на едни кон други, но може понекогаш да биде предизвикано непријателство или омраза.
“Неутрален“. Синоним за зборот “рамнодушен”.
“Импресии“. Го заменува терминот “позитивни емоции”, затоа оди во канта. Кога човек вели дека прима впечатоци од НЕ, од страдање, тоа значи дека тој чувствува НЕ, кои наизменично преминуваат во ПЕ. На пример, тој може да страда од љубомора, и замислува како ќе зажали подоцна неговата девојка кога ќе разбере – кого напуштила поради тој идиот, т.е. ќе чувствува злорадост, желба за одмазда. Ако вели дека добива импресии од играње шах, тоа значи дека тој чувствува, на пример, самозадоволство, jа души просечноста, итн.
“Задоволство” – термин што означува многу широк опсег на доживувања од ПЕ до сексуално уживање, поради тоа, оди во канта, бидејќи не се користи во одреден контекст. “Ми се допаѓа” – на исто место.
“Важно“. Искажува определена апсолутна вредност, како што е зборот “корист”. Во канта.
“Разумно“. Соодветно со пристојноста? Одговара на постојните претпоставки и сознанија – за тоа постои зборот “адекватно”. Одговара на концептите на соговорникот – најчесто. Во канта. “Оправдано” – на исто место.
“Пријатен“. Овој збор исто така, е бесконечен нејасен опсег на вредности – физичко задоволство кое не е поврзано со секс, не е поврзано со сексуалното уживање, со ПЕ, со ПрД – било што за доживување од што човекот има ПД во моментот. “Непријатно” – исто така во канта.
“Смисол “- во канта. Ако се збори за значењето на зборот, или реченицата, тогаш е возможно да се каже “што значи, што означува”. “Бесмислено” – исто во канта.
Посебна позиција – отстранување на фрази, кои се апсурдни од гледна точка на практиката, односно тие што претставуваат продолжение на лажно толкување. Кога муцката продолжува да користи такви фрази во неговиот говор, тогаш тој сам себе се влече назад во мочуриштето. Таквите фрази се вклучуваат:
“Предизвикува НЕ“. Типични фраза: “неговата примитивност ме иритира”. Опција за замена: “тој беше неучтив, и јас почувствував иритирање”. Или уште попрецизно: “тој беше неучтив, и сакав да доживеам и доживеав иритација”.
“НП се држи“. Типична фраза: “НП се држи долго време”. Ова се покажува дека, јас не ја поддржувам НП, а дека “таа” сама се држи без мое учество, и јас сум – жртва. Опција за замена: “јас веќе долго време доживував НП”, или поточно: “јас веќе долго време сакав да доживувам и доживувам НП”.
“Тоа не се случи” [отстранување на НЕ и така натаму]. Ако не ти успеало да ги отстраниш НЕ, тоа навистина значи дека не си го сакал тоа доволно силно, и желбата за доживување на НЕ била посилна од желбата да ги отстраниш. Опција: “желбата за доживување на НЕ била посилна од желбата да се отстранат”.
02-02-05 Четири фази за да се постигне ПрД-јасност
Јас сметам дека е подобро да се одвојат четири фази за да се постигне ПрД-Јасност (во натамошниот текст – само “Јасност” – ќе го пишувам зборот со голема буква, за да се разликува од разумната јасност).
1) Запомнување
2) Тренирање во аргументи
3) Формални практики
4) Интеграција во однесувањето
1) Запомнувањето е во тоа да практикантот се запознае со информациите и ги запомни – на пример, тој запомнува дека постојат четири фази за да се постигне јасност, какви се тие, какви постојат формални практики, што се нарекува интеграција во однесувањето, и така натаму.
2) Mоже да се прочитаат зборови како доказ дека не постои доживување “јас“, можеме да се согласиме со нив… и да продолжиме да живееме на ист начин како порано. Мнозинството на луѓе така и прават – читаат, се согласуваат или не се согласуваат и продолжуваат да живеат, а не сфаќаат дека ништо не се променило во нивните животи. Тренирањето во аргументите придонесува за целокупна анализа на тоа прашање. Особено е ефикасно да се направи заедно со искусен практикант, менување на страните – еден во одбрана на концептот на “Јас – постои”, друг го негира тоа. Учеството на искусен практикант овозможува брзо спроведување на таа етапа, бидејќи честото разгледување на концептот толку силно влегува во човекот, што дури тој никогаш веќе нема да го насочи вниманието на прашањето од некоја друга страна.
3) Формалните практики ја утврдуваат појавата на разумната јасност. Меѓу таквите практики:
а) многубројно повторување на фразата на глас, која ја изразува постигната јасност.
б) повторно прочитување на аргументите, донесување до добро структурирана и лесна за читање форма.
в) во случајот со концептот “јас”, тоа може да биде практика на сортирање на доживувањата, едно по едно и фиксација: “тоа е мисла, тоа не е некое “јас””, итн.
г) практиката на укинувањето на силен внатрешен дијалог го засилува ефектот – на пример, си поставил задача да запреш секои 5 секунди било која гласна мисла во текот на еден час – 2-3 секунди даваш за да сфатиш дека постои гласна мисла, и уште 2 секунди за да го спречиш тоа.
4) Можно е да се постигне меѓупросторна разумна јасност, но да продолжиш да живееш така, како да ја нема, како да стариот концепт има сувереност. Да би постигнатата јасност навлегла длабоко во однесувањето, пожелно е да се извршуваат специфични практики. На пример, ако се постигне разумна јасност дека не постои таков збир на доживувања, што ние ги присвојуваме со ознаката “минато” и “иднина”, можно е да се оствари практиката на замена на сигурноста во “минатото”. Кога седам на тревата во близина на езерото, нема потреба да се задржи сигурноста во тоа – како се викам, во кој град сум, може да се отстранат мислите со зборовите “било” и “ќе биде”, можеш да се вклучиш во цикличната замена на сигурноста – “јас сум во Иркутск” – “јас сум на Хималаите” со интензитет на фиксација на сигурноста во двете верзии. Како резултат на вршење на цикличните замени на сигурноста, не мислиш дека сигурноста во мислата “јас сум во Иркутск” и сигурноста во мислата” јас сум на Хималаите” стана иста, ќе приметиш дека и другите механички сигурности (на постоењето “јас”, “минатото” итн) се значително ослабени, и можеш да управуваш со нив по твоја волја. На работа, ја задржуваш сигурноста во тоа – што ќе се работи во иднина, договори во минатото, затоа што со тоа се постигнува посакуваниот резултат. На тревникот во близина на езерото ти поддржуваш друго уверување, што ти овозможува постигнување на јасни ПрД, слободата од концептите за “минатото”, базирани на неговите концепти за “континуитет”, “постепена промена”, итн.
Како резултат на овие 4 етапни практики, се појавуваат блесоци на Јасност.
02-02-06 Слобода од отровот на аналогиите
Така наречената “аналогија” е сосема безопасна, па дури и ефективна кога се користи како “резонирачка слика”, т.е., како описите од која резонанца со ПрД, вклучувајќи ја и јасноста. Но, истите тие аналогии се страшен отров, целосен отров за јасното размислување, кога ќе почнеш глупостите да ги користиш како аргументи.
Под никакви околности (!!!) аналогијата не може да биде средство за аргументација. По пат на експериментирање многу лесно може да откриете, што во било која дебата е лесно да се најде аналогијата, коjа наводно jа “поддржува” апсолутно секоја гледна точка. И тоа е природно – светот околу нас е толку различен што секогаш може да се најде еден феномен што се развива во согласност со законите, така, кое ние сакаме да се најде во истражувањето на прашањето – и ако се заменат тие објектите, ќе добие ме”доказ” за будали.
На пример: мене некој ми вели, дека јас сум често тупава, затоа штос км како кокошка носилка со моето дете и континуирано се грижам за него, принудувајќи го на она што тој не го сака, претворајќи го во немо, инфантилно суштество без радосни желби. Сакам да аргументирам, и го правам тоа на овој начин: “Ако ставам цвет во фрижидерот, тоj ќе умре – така и детето без грижа …”. Неверојатно, на 99% од луѓето овој “аргумент” им е валиден. После заемното препишување на слични “аргументи” луѓето или jа “постигнуваат јасноста” (односно, согласувајќи се со гледиштето на соговорникот под влијание на овие аналогии), или имаат увереност, дека размислување или не размислување, никогаш ништо нема да биде јасно.
Така како аналогијата е исклучително успешен начин на ментален притисок (т. е., скоро било кој човек во помала или поголема мера, ја променува својата доверба под нивното влијание), тие секогаш ќе се користат како аргумент од неискрени и глупави луѓе.