07-01-00 Милион ПрД
Овој дел сакам да го започнам со тоа што практиката на акумулирање на милион акти на предизвикување на ПрД ја сметам за основна, а се останато – второстепено, делумно. Потсетувам дека оваа практика е да практикантот има за цел да собере милион акти на предизвикување на ПрД, додека е свесен за фактот дека кога ќе собере милион, па дури и порано, тој ќе ги доживува ПрД континуирано, и пред него ќе се отворат нови перспективи. Се смета било кој блесок на ПрД – дури и со низок интензитет, скоро неприметлив, па дури и тој, кој трае само една секунда. Броењето на генерираните ПрД се спроведува без запишување, усно – што овозможува дополнително да се фокусираш на ПрД, да не “заспиеш”. На крајот на денот, акумулираните ПрД се собираат со она што е стекнато досега, и таа бројка е соодветно да се фиксира во писмена форма. Се стартува од броењето на денешните ПрД, почнувајќи од нула и тоа е поефикасно отколку да ги додадеш на оние кои претходно си ги доживеала, бидејќи броевите во опсегот на стотици или неколку стотици е повеќе пропорционална на вредностите со кои човек се соочува во своето секојдневие, и повеќе резонираат со исчекување, упорност, решителност.
Вкупниот број на собраните ПрД е, исто така, просветен фактор. На пример затвореник кој од ден во ден со шрафцигер буши во ѕидовите од затворот, кои се обвивка на неговата слобода, доживува зголемена упорност на исчекување, кога гледа во големата прашина акумулирана под продорот.
Практиката на собирање на ПрД е централна во целата ППП. Сето друго е секундарно. Ако зборот “генерирање” не е резонантен, може да се каже “скокањe во ПрД”, “сеќавање на себе, во ПрД, итн.
07-01-01 Улогата на посветеност на патот кон екстатичните ПрД
Првото искуство на доживување на еПрД остава неизбришлив белег, дури и ако тоа трае само неколку секунди. Од тој момент и засекогаш сеќавањето на еПрД цврсто зафаќа место во првиот ред во системот на вредности, а подготвеноста да ги пробаш повторно е најмногу искрена. Постигнувањето на еПрД може да биде назначено како трето големо “парче” на практиката (првото е идентификација и отстранување на огорченоста, второто е откривање и манифестирање на ПрД).
Колку почесто и поинтензивно се појавуваат блесоците на еПрД, колку се подолготрајни, веќе не траат 1-2 секунди, туку 5-10, се поголема е сигурноста и итноста на манифестирање на радосна желба да се најде најкратката патека до нив, да се појават најефективните практики кои водат до тој неискажив свет. Се разбира, продолжување на целосното отстранување на огорченоста и манифестирање на ПрД – тоа се два фронта на дела, кои несомнено се темел на било која практика која води до еПрД. По било која цена не треба да забави упорноста и одлучноста во спроведувањето на овие работи, да се бара исклучително, сјајно совршенство. Сепак, тоа не значи дека нема место да се погледне на зголемување на ефективноста, да се зголеми ефективноста на вложување на напори.
Во секое дадено време, формалната практика може да биде насочена кон манифестирање на конкретно ПрД. Ако било кој пар на ПрД формира стабилен акорд, јас за време на одреден тренинг можев да ги произведам двете тие ПрД, небаре истовремено. Исто така, возење автомобил, јас “истовремено” контролирам десетици параметри одеднаш и управувам со нив. Всушност, вниманието толку брзо преминува од еден на друг, така што сите активности изгледаат истовремени. А сепак, додека се занимавам со едно, не можам да се занимавам и со нешто друго. Се разбира, сите ПрД во поголем или помал степен резонираат едни со други, и создаваат, на пример, чувство на убавина, со голема веројатност доживувам и блаженство, и преданост, или нешто друго, а можеби дури и ќе се појави непознато ПрД. Сепак, останува дилемата – особено во овој момент – кој ПрД да се избере, за да се произведе? Тој што сега е посилен од повеќето што ги сакаш? Се разбира, но прашањето “кој ПрД сега да го изберам, предизвикувајќи го, што е можно побрзо да му пријдам на еПрД”, исто така, создава една радосна желба да што е можно побрзо дојдеш до еПрД, згора на тоа, што разликата во интензитетот на желбата да се доживеат различни ПрД, често е многу ниска.
Оттука и желбата да се истражуваат различни ПрД за нивната максимална резонанца со еПрД. Не е исклучено дека студијата не покажува значајна разлика меѓу ПрД во овој аспект. Но, ако приметиме дека некои ПрД повеќе резонираат со еПрД од другите, тоа ќе биде важно откритие, бидејќи ќе овозможи да се зголеми темпото на напредокот кон еПрД десетици пати (бидејќи наместо да генерира десетици различни ПрД, познати на мене, јас ќе се фокусирам примарно само на тоа). Поставувањето на тоа прашање дава посебен вкус на истраживањето и манифестирањето на ПрД. Секој што не го знае одговорот, се соочува со избор – или веднаш да го покаже тоа ПрД на тој практикант, чија практика го промовира, или да му даде доволно време во потрага по одговорот за себе (бидејќи тражењето по тој одговор е многу креативен процес – неопходно е доживување на различни ПрД, да се разликуваат, да се споредат резонантните својства, итн.) или да не даде одговор, само да наведе дека тоа ПрД е значително различно од другите со силата на резонанца со eПрД, сепак постои. Првиот начин го ослободува практикантот од радоста на самостојното истражување и посветување на конкретно откритие, но тој заштедува многу време, и сите видови на откритија и истражувања сеуште ќе бидат бесконечно многу. Третиот начин му овозможува на човекот целосно да ја доживее сета величенственост на тоа откритие, но и губи многу време на не баш ефективните практики. Вториот начин мислам дека е најдобар, но во време, кога јас пишувам книга, нема друга опција, и морам да го следам првиот начин, свесен дека практикантот е почетник, може наместо постигнување на јасност во ова прашање, наместо на апсорбирање на свое искуство да биде во искушение на “говорница “, на пример “езотерите”, кои не учествуваат во никаква практика, туку само научуваат да жонглираат со звучни зборови и фрази.
Што најмногу го попречува остварувањето на eПрД – тоа прашање е повеќе или помалку јасно – тоа се особено агресивни НЕ и оргазми. Тука е местото на приказната за тибетскиот Лама, кој, по години на нечовечко мачење на кое тој бил подложен во затвор, неодамна едвај жив успеал да излезе од овој пекол, беше изваден од земјата и интервјуиран. Меѓу другото, го прашаа – дали тој чувствува страв? Тој одговори – секако. Од што? Мислиле дека од смртта, или дека од бруталните маки ќе го изгуби својот ум и ќе ги предаде другите монаси. Тој одговори – се плашев дека ќе доживеам омраза кон моите мачители и ќе престанам да чувствувам жалост кон нив. Тој човек ја знае цената на агресивните НЕ и не е подготвен да ја плати под никакви околности, дури и да е брутално малтретиран.
Значи – постои такво ПрД, чија улога во постигнувањето на eПрД е огромна – тоа е посветеност. И од тој момент станува јасно, имено, истражувањето и манифестирањето на посветеноста е главниот фокус, на кој е концентрирано целото внимание на практикантот.
(Ако читателот нема сосема јасна разлика помеѓу тоа ПрД, што јас го нарекувам “посветеност”, тој во понатамошниот текст може да го замени со зборот “исклучително светла и продорна симпатија”)
07-01-02 Просветени фактори за посветеност
Ова откритие, кое се состои во фактот дека посветеноста е суштествено повеќе силна од другите ПрД, кои резонираат со еПрД, и има огромно значење. Сега сите различни патеки и патишта, кои се состојат во манифестирање и истражување на десетина различни ПрД, се дополнети со магистрален пат – истражување и манифестирање на посветеноста.
Првиот чекор е желба да се истражува – која просветена позадина (ПП) создаваат најголема резонанта со посветеноста?
Суштествата кои доживуваат ПрД се ПП? Секако, но постои нијанса која води до значајни заклучоци. Замислете Рамакришна, кој доживува самадхи. Или Буда Гаутама во нирвана. Или Минарепа кој го постигна виножитното тело. Се појавува ли посветеност? Се појавува. Сега да го замислиме Рамакришна во времето кога тој сè уште не ја постигнал одржливата способност да доживее самадхи, и од минута во минута, ден по ден, месец по месец, речиси без сон и одмор, повторува само едно нешто: “сакам да ја видам Мајката Кали и доживеам блаженство,” се удира од ѕид поради очај, го гребе лицето до крв од подот на својата соба, бесно се предава на практиката на изразување на неговата желба. Дали се појавува резонанца со посветеност? Да, и тоа многу посилна. Истото се случува и кога ќе го замислиме Миларепа, кој со вложување на прекумерни напори ја надмина својата тупавост, страв, инертност, кој скоро на умирање од глад во една пештера, одлучил да направи пробив по било која цена до ПрД. Тоа следи до овој едноставен заклучок, кој може да се потврди со дополнителни експерименти: аспирација е многу силна ПП за посветеност. Но најсилна ПП за посветеност е посветеноста кон себеси.
Исто така, со едноставни споредби и мерења на интензитетот на посветеноста, може да се отвори уште една силна ПП за посветеност – искреност.
Ако напишеш слики кои резонираат со посветеноста, можно е да се рангира интензитетот на резонансата на следниов начин:
*) суштествата кои доживуваат екстатични ПрД, како и елементи од нивните биографии, слики, текстови, искази, особено оние кои се однесуваат на очајот, пожртвуваните напори, појавување на посветеноста.
*) практикантите кои се борат за ПрД, но се уште не постигнале еПрД и имаат многу огорчености.
(Оваа слика помалку резонира со посветеност од првата, бидејќи оние кои често доживуваат огорченост, се помалку усмерени и помалку искрени од оние кои ги постгнале еПрД).
*) оние кои би можеле да почнат да се борат за ПрД ако би дознале за нивното постоење, за можноста да се запре доживувањето на огорчноста, за практиката. Овие луѓе изгледа предизвикуваат симпатија со својата склоност да бараат слобода, несакање да живеат обичен досаден живот, подготвеност да “учат на прв поглед”, идејата за постоење на ПрД, можност да се живее без НЕ.
(Од ова можеме да заклучиме дека трет по големина ПП за посветеност – симпатија, нежност).
*) муцките на Земјата: не-камења, не-ветер, не- планини, не-магла, не-облаци, и др.
(Од ова можеме да ја искористиме четвртата најголема ПП за посветеност – чувството на убавина).
И покрај фактот дека ПП наредени по тој редослед на намалување на интензитетот на нивната резонанца со посветеноста, во секој даден момент некој од нив може да биде најинтензивен во сегашните околности.
Значи: 1) посветеност, 2) стремеж, 3) искреност, 4) симпатија, и 5) чувство на убавина.
07-01-03 Блаженство и посветеност
Истражувањето на резонантните својства на посветеноста доведува до изненадувачки резултат: нај-јака резонанца во посветеност се јавува… со блаженство! Овој резултат е изненадувачки, бидејќи за обичниот ум, то ест, оној кој не е целосно интегриран во својот систем на прикази на сето она што се однесува на светот на ПрД, посветеноста и блаженството се спротивности, во принцип целосно несогласни доживувања. “Посветеноста” е поврзана со “сè за некого”, сфатена како граница на самоодрекување, а “блаженството” со “се за себе”, граница на егоистичните амбиции. Манифестирањето напосветеноста доведува до појава на блаженство со неверојатна јачина, траење, интензитет и продорност. Ова води кон “губење на внимание” од практиката на генерирање на посветување да се фокусираш на блаженство. Оптималнио начин на однесување е да се разбере тоа и да се следат радосните желби.
Дури и навидум најнеефикасната практика обезбедува забележителни резултати ако се примени за генерирање на посветеност – тоа е силата на ПрД. Дури и едноставното повторување на зборот “посветеност”, односно “ладно паметење“, дава забележителни резултати. Но, се разбира, за да се зголеми ефикасноста на практиката, постојано мора да се вложувааат напори во истражувањето на посветеност – директно во процесот на нејзиното култивирање.
07-01-04 Посветеност и ЧСВ
Лесно е да се види дека “посветеноста” е ПрД, што е крајно далеку од фиксацијата на желбата за поседување, на важност. Посветеноста категорично не е во согласност со ЧСВ, и лесно може да се заклучи дека ЧСВ е најмоќната препрека кон посветеноста (и, следствено, кон ПрД), а практиките на отстранување на ЧСВ се многу ефикасни дополнувања на практиката за генерирање на посветеност. Оттука, посебно значење добиваат навиките на сталкинг, кои се примарна практика во совладувањето и отстранувањето на ЧСВ. Не е изненадувачки, што во практиките на Дон Жуан за сталкингот, за уништување на ЧСВ посветува големо внимание.
07-01-05 Пет циклони. Торнадо.
Желбата да се доживува еПрД подразбира желба да се доживее посветеност, бидејќи тоа на многу краток пат води до појава на eПрД. Желбата за доживување на посветеност подразбира желба да се појават што е можно повеќе просветени позадини за неа, и пред се за луѓето кои се соочуваат со аспирација, искреност, кон кои би можело да се чувствува симпатии, кои би резонирале со чувството на убавина, односно, “муцките” кои искрено, жестоко, упорно и одлучно се стремат кон постигнување на ПрД и отстранување на огорченоста (желбата да се појават муцките треба темелно да се исчисти од репресијата и додавањето на практичари). Желбата за појавување на муцки вклучува подготвеност за промовирање на тоа во секој поглед, во најкраток можен рок, во сите светови, на најефикасните начини, се чини, затоа и желбата да се постигнат одржливи просветени сфаќања на соништа и стекнување на искуства надвор од телото, што го прави возможно да се бараат и да се најдат муцките и за да се промовира нивната практика во рамките на големиот сет на светови кои се отворени за некој кој има искуство во сфаќање на соништата, во комуникацијата во нив со различни суштества – исто толку реални, како што се оние кои ги сретнуваме кога сме будни. Што му останува да посака некој, кој има такви богати радосни желби, речиси циклони, во кои се концентрирани најатрактивните работи кои постојат за него? Тој се уште сака неговите силни, тајни желби да се реализираат, да научи толку силно, гневно и да се откаже да сака да би неговите желби се остварат, како од вложениот напор, така и поради поволната комбинација на околности.
Значи:
1) Желба за еПрД
2) Желба за доживување на посветеност
3) Желба за појавување на муцките
4) Желбата да им промовираш на муцките во целост и во сите светови
5) Желбата да се постигне “намера”, односно постигнување искуство за доживување на рж со таква сила, таков квалитет, што тие се реализираат, можеби дури и спротивно од она што е разумно да се очекува дека е неверојатно или невозможно.
Манифестацијата на тие пет циклони има изненадувачки својства:
1) Секој последователен циклон се смета за неизбежна последица на претходните, како најефикасен начин за постигнување на тој претходен циклон.
2) Нивното заедничко појавување создава резонанса со чувство на комплетност, се асоцира со слика на цврста, избалансирана основа, често има соодветни физички искуства – “цврстина”, “испуштање на волјата”, “сфера на празнина.”
3) Лесно е да се воспостави врска “палење-синџир”, кога манифестацијата на еден циклон создава резонанса со другите, и како резултат целиот синџир се буди – како да се запалил пламен и го потпалил следниот елемент.
Целокупноста на циклоните, кои имаат такви својства, ќе ги наречам со терминот “торнадо”.
“Главниот циклон” – оној, кој сега е манифестиран појасно од другите и го пали целиот синџир.
Манифестирањето на циклонот доведува до промена на неговиот квалитет, кој е поврзан со бреговите, кои се разделуваат под притисок на се поголемата река, чии бранови налетуваат со упорност и решителност.
07-01-06 Прагот на локалната увереност, самадхи на првиот состанок. Намерниче.
“Праг на локална увереност” (“плу“) – е таков интензитет од радосна желба или циклон (на тој интензитет може да се додели вредност еднаква на 6), во која постои увереност (т.е. позиција на свест која разликува), што одговара на обичниот термин “добро основана увереност”, дека рж ќе биде реализирана. Постигнување на плу на циклонот е придружено од страна на одржлива основа на блаженство, посебно јасно и продорно исчекување.
Кога циклоните формираат торнадо во тој момент најмалку еден од нив – главниот – постигнува плу.
Во иднина, скратено, “за време на плу” јас едноставно ќе пишувам “на плу”, ако при тоа не се менува значењето на изразот, на пример – “појавување на плу на ПрД”. Да се направат овие фрази повеќе хармонични и да резонираат со ПрД, зборот “плу” јас ќе го заменувам со идентичен збор “ливада” – “појавување на ливада на ПрД”.
“Прагот на локалната увереност” на 5-иот циклон (рж за постигнување на намера) ќе го наречам “праг на тотална увереност” (“пту“) затоа што, прво, постигнување на петтиот циклон плу автоматски упатува на фактот дека и другите четири го постигнале тоа. Второ, во моментот на постигнување на петтиот циклон, во плу се појавува изненадувачки ефект – почнуваат еден по друг блесок на ПрД, и ти си вчудоневиден грабнуваш пенкало и почнуваш да запишуваш – “петтиот циклон за време на постигнување на плу јасно резонира со блаженство, прослава, свежина, посветеност, чувство на мистерија , ведрина, воодушевеност…” ПрД еруптираат еден по друг толку силно и јасно, како светлата на елка – нив ги има се повеќе и повеќе, и ти полека сфаќаш – се случило нешто необично, го оставаш пенкалото и, потресена, се замрзнуваш, а ПрД, еден по еден и понатаму се појавуваат, како искри, создавајќи неописива симфонија, не постојат зборови за да се изрази тоа. Доживуваш среќа – неподнослива, екстатична, неверојатна, чудесна. И потоа доаѓа јасност – “сите ПрД се заедно, сите тие се тука, ова соединување е местото на нивната средба, тоа е истото, како и пишувањето на Бодхи – тоа е самадхи”. И, всушност тоа е самадхи – тоа е првиот чекор, што јас ќе го наречам, “самадхи на првата средба.” Доживувајќи самадхи на првата средба, со исклучителна јасност сфаќаш – еве го, почетокот на правото патување.
Ета-ма: “се појавуваат толку ПрД, колку што не можам да кажам, кои создаваат резонанса, кои парови создаваат искри. Има толку многу и сите се јасни, интензивни, тие се натрупани како радосни мали лавчиња, кои си ги гризат едни на други ушите, се гураат, се прескокнуваат едни со други, се закачаат и играат. Сите просветени позадини кои порано создавале резонанса со некои ПрД, сега се споиле во една целина. Претходно, тоа биле парчиња и сега тие се собраа во нешто кохерентно, длабоко и неподносливо. Сите ПрД се споиле заедно и зајакнале многу пати. Нема граници на телото – се што некогаш го нарекував “себе” се заборави, тоа беше срушено од брановите на невремето – се, без трага. Долниот дел на нозете се тресе, морници низ моето тело, се е неподносливо зуење и треперење”.
Ета-на: “за време на изведување на било кое ПрД на ливада, се зголемува тоа ПрД, кое создава резонанса со рж”.
Пту е состојба во која има различни уверувања, дека најмоќните, ги прават радосните желби неминовни и во една или друга форма се реализираат. Во тој момент, се уништува древниот, вечно вроден страв од иднината, страв од непријателски или неповолни околности. Престанува непријателското спротиставување на себе и светот, кој секогаш постои, иако не се разликува човекот дури и ако тој самиот се смета себе си за безгрижен, среќен, задоволен, доживува интензивни ПЕ.
Истражувањето на пту и состојбите поврзани со него – тоа е начин да се спознае тајната на “намера”. “Пту-ничар” – е практикант кој се соочува од време на време со пту, кој го истражува тоа.
Радосната желба + предвкус + увереност во процесот “прагот на локалната увереност” – овие три доживувања, кои се појавиле во исто време, претставуваат “ембрион на намери” или “намерниче“.
Во кој степен постигнувањето на плу влијае на текот на околностите, се чини, не зависи од мене, и каква е технологијата на точното истражување на ова прашање, дали одговорна за оваа практика е промената на увереност – тоа мора да се одреди во следните истражувања на просветената свест која разликува – види подолу.
Јас разликувам два вида на увереност, а разликата во нив, особено конвексно се случува кога е достигната плу:
а) увереност, придружени со [образложената], претпоставката дека таа рж може да се реализира
б) увереност, не придружена со таква претпоставка поради немање на основ.
Увереноста од првиот вид се нарекува “споена“, втората – “изолирана“.
Ќе ги поделиме желбите во две класи:
а) желби, чија реализација зависи речиси исклучиво од моите напори (како што е желбата да се учи странски јазик) – “желби-кртови” или едноставно “кртови”
б) желби, чија реализација не зависи само и можеби дури и не толку многу од мојот напор, туку и од околностите (како што е желбата да се појават нови муцки) – “желби-ластовици” или едноставно “ластовици”
Плу се постигнува полесно за рж од првиот тип, а потешко – за рж од вториот тип.
Препреки за постигнување на плу во ластовици:
1) стравот од пораз – одеднаш сум сигурен дека ќе се појават нови муцки, а тие никогаш не се појавиле – на крај ќе се зголеми моќта на скептиците, ќе ми биде многу потешко да се постигне плу, а не сакам да се комплицира постигнувањето на плу, бидејќи тоа е поврзано со големиот пораст на ПрД. Во однос на желбите, тие временски не се ограничени (како што се желбите на новите муцки), таа препрека е сведена на нула.
Овој страв може да се надмине со директно вложување на напор.
2) страв од тоа, дека ќе преземам дејства “напразно”. На пример сум сигурен дека муцките ќе се појават, и таа увереност ќе биде причина за голем број на други желби – на пример ќе се појави рж да направам и објавам статии на сајтот. Ако на крајот муцките не се појават, излегува дека времето поминато за поставување на статиите било потрошено неефикасно или барем не целосно ефикасно, со оглед дека искуството и реализацијата на рж сами по себе се силни ПрД без оглед на исходот. Сепак, ако нема увереност во тоа, дека на крајот не се случило, би можел да направам и други работи кои освен задоволство од искусување и реализација на рж доведува до повеќе и повеќе резултати во намалување во видот на реализираните рж.
Начин да се надмине овој страв:
а) директни напори и фокусирање на ПрД, кои се појавуваат на ливада.
б) Јасност во фактот дека не постои начин да се знае однапред – која ластовица ќе биде реализирана, а која не, па единствено решение ќе биде целосно да се откажеш од активностите за реализирање на ластовици, што е сосема невозможно, бидејќи торнадото се состои на 4 / 5 од нив, и згора на тоа, во тој случај, однапред ќе се помирам со фактот дека ластовица нема да се реализира, ќе се намали, а со тоа и активностите за постигнување на она што за мене е важно, најзначајно – сосема е апсурдно, имајќи предвид дека многу ластовици уште несомнено се реализираат.
в) Јасност во тоа што поради високата резонанца и логичната врска меѓу ластовиците, кои влегуваат во патина (односно, поради присуството на ковалентни врски меѓу нив), увереност во реализацијата на било која од нив, како и желбата да се реализираат и активностите за нивното реализирање, помагаат во зголемување на интензитетот и релизација на сите други (многу активности насочени кон реализација на кристалите во исто време придонесуваат за реализација на другите). Така, дури и ако некои од кристалите нема да бидат реализирани, или ќе се реализираат делумно, онака – како и доживеаната увереност, така и извршените активности за реализација на кристалот и доживеаните со тоа ПрД, ќе направат голем придонес за севкупниот напредок.
г) Јасност во тоа, додека се манифестира увереноста, додека се преживува рж, се постигнува голем број на откритија, доаѓа до постојани резонанси со ПрД, и извади ја ластовицата од процесот – па оттука намали ја речиси на нула својата практика.
*) Ако се појави увереност во тоа, дека ќе можеш успешно да решиш одреден проблем, се појавува силна рж да го направиш тоа, додека, без појавување на таа увереност оваа желба ја немаше, тоа значи дека е создадена и постојано се одржува позадина на “пораз” – механичка увереност дека ти не можеш да ја решиш таа задача.
Ова значи дека појавувањето на увереност во тоа, дека успешно ќе можеш да го направиш ова или она, е ефикасен начин да се откријат потиснатите желби, а исто така и да се олесни нивното слободно изразување.
07-01-07 Перење со посветеноста
“Перење со посветеноста” е практика на која преминува до постојано искуство на посветеност или кон силна желба за посветеност. “Ладно перење” – такво, на кое не може да чувствуваш посветеност или силна желба за посветеност, и само се изговара зборот “посветеност” (гласно или во ВД), или се произведуваат слики кои резонираат со посветеност. Според тоа, можно е да се перат со посветеност, и активности, и желби, и размислување. На пример, повторувајќи ги научените зборови од еден странски јазик, јас по секое повторување можам да го повторам зборот “посветеност” – тоа е многу едноставно, достапно во било какви околности. Или, пак, доживувајќи и реализирајќи ја желбата да играш шах, јас периодично го враќам вниманието на посветеноста.
Перењето со посветеноста води кон тоа што станува очигледно раслојувањето на доживувањата на две категории – оние кои во моментов резонираат со посветеноста, и оние кои не резонираат. Ова ти овозможува да се формираат радосни желби за отфрлување на нерезонирачките доживувања и да се манифестираат оние кои создаваат резонантна, што доведува до забележлива промена во квалитетот на животот – посветеноста полесно се произведува, а со тоа с зголемува и уделот на ПрД во целина, радосните желби стануваат појасни и посилни. Како последица на тоа, и торнадото почнува да се појавува почесто и појасно.
07-01-08 Продорна мрежа
Проживувањето на пет циклони, торнада, перење на посветеноста и, особено, искуството на самадхи, на прв момент, доведува до една значајна промена – сега како да е преку неа префрлена тенка, чувствителна мрежа, и секоја акција, мисла, емоција, желба, ја повредуваат, таа трепери и се појавува позадина на блаженство. “Префрлена” – дури и не е вистинскиот збор. Како да таа мрежа поминува низ сржта на сите доживувања. Го воведувам терминот “продорна мрежа” – каскада од резонантни различни доживувања и ПрД, проследени со повеќе удари од задоволство во различни делови на телото (особено во центарот на градите, грлото, срцето).
Продорната мрежа ја игра улогата на камертон, како подесување на доживувањата да резонираат со ПрД, што доведува до појава на радосни желби за расчистување на тоа место од доживувања, кои не резонираат во моментот со ПрД.
07-01-09 Друз. Патина.
“Елемент на друз“, или “кристал” – радосна желба, со следните својства:
1) логично е поврзана со циклонот во рамките на торнадото (директно или преку други елементи), односно тоа значи дека има причина да се верува дека исходот или процесот на реализација на еден од нив ќе ја олесни, забрза, интензивира реализацијата на другата – со создавање на неопходни или оптимални услови;
2) неговото појавување води кон “пробојна резонанца” – резонанца со циклонот (директно или преку други елементи), со другите кристали, со можна пропратна реакција на целиот синџир на циклони, по продорната мрежа.
Пар врски помеѓу кристали: “логична врска” + “резонантна врска” ќе го наречам “валентна врска“.
Сиот разгранет синџир на такви желби, кои потекнуваат од циклонот ќе се вика “друз” (спој на кристали).
Разгранетата мрежа на друзовите, која почнува во секој од петте циклони кои поседуваат такви особини, да помеѓу елементите на соседните друзови, исто така понекогаш се формираат валентни врски. Резултатот е структура што јас ја нарекувам “патина” (акцентот е на првиот слог) – збирот на циклоните, кои го формираат торнадото, кристалите и валентните врски.
Ако во патината, има голем број на кристали, тоа не доведува до губење на вниманието, токму поради продорната резонанца. Напротив – тоа води до зголемување на радосните желби, нивните меѓусебни резонанци, полесно да се постигне прагот на локалната увереност.
Реализацијата на радосните желби, е придружена со блаженство или задоволство, кои произлегуваат како последица на резонанца со патина, означена како “просветена реализација“.
Кристал, кој е објект на кристал “сакам да култивирам плу”, ќе треба да се дефинира со посебен термин, бидејќи неговите манифестации се многу различни од другите кристали. Главната разлика – тој кристал е придружен со екстатични ПрД, станува снажен ПП за eПрД. Јас ќе го нарекувам “турмалин.”
07-01-10 Интеграција на кристал. Карта. Штраси. Канџи. Артефакти.
“Интегрирањето на кристалот” во друзовите се заклучува во тоа, дека некоја од радосните желби, која порано ја сфаќаше и доживуваше како нешто посебно, го наоѓа своето место во друзовите како резултат на усогласувањето на валентните врски. Препорачливо е да се има графичка поглед на патина – на “карта на патината“, каде што секоја рж е на свое место и со оглед на постоечките валентни врски. Интеграцијата на секој нов кристал е многу радосна случка, бидејќи:
1) резонанца поминува како радосно куче по сите друзови, а понекогаш и по целата патина, по продорната мрежа, и се шеткара колку сака
2) новиот кристал отвара нов фронт за истражување, нови области на добивање на задоволство, затоа што таа радосна желба сега добива посебен интензитет, посебна “продорна способност”, посебна радост. Припивањето на рж кон друзовите му дава можност многу полесно да го достигне прагот на локалната увереност, дека пак, во голема мера го олеснува реализирањето на желбите, па дури и во случаите каде што не постои јасност во тоа – како се случило тоа. Дури и во случаи кога постои причина да претпоставиме дека реализацијата на таа желба е крајно тешка, па дури и целосно невозможна.
Ако постои претпоставка дека некои рж можат да станат кристали, препорачливо е да се изведе серија на “интеграциони активности“:
1) да се проследат неговите логички врски со постоечки кристали или циклони – без разлика дали тие постојат, колку се дефинирани
2) да спроведат многубројно посветување на внимание со проучувањето на рж на друзовите и обратно – како да сакаш “да ги сближиш”, и да провериш – дали се појавува резонанца.
3) за тоа време да се извршува перење на рж со посветеност, да се исчисти од можните нечистотии на механичките желби.
Понекогаш, како резултат на тие активности, дури и ако постои логичка врска, резонанца не се појавува. Но, ако резонанца се појавува, тоа се случува сосема јасно, како кога орелот со канџите ја фаќа рибата. Ефектот на таквото поставување јас би го нарекол “привлекување.” Тражењето на место на рж во патината, потсетува на процесот на замена на магнети – ставаш на едно место – нема привлекување – на друго – нема, на трето место ставаш – доаѓа привлекување!
Ако, како резултат на механичките желби, фактот за недостиг на расцепување се сузбива, и некоја желба се вклучува во картата на патина, негледајќи на нечесност, односно, сузбивањето на отсуство на расцепување или додавање на присуство на расцепување, тоа сепак нема да остане таму – ќе се исфрли.
Создавање на карта на патина – неверојатно фасцинантен процес, при што откривањата паѓаат, како искри (неизбежни се многубројни и тешки труења со “треска на откритија”, па затоа е препорачливо да не се заборави желбата за структуирање на откривањата, се користи за навикнување на ново ниво на заситеност од откритија).
Не се одредува секогаш местото на рж во патина, дури и не секогаш е јасно – има ли место за неа или нема (во формата во која таа сега се испитува), па затоа е некаде на страна, покрај картичката, целисходно да имаш список на кандидати во “кристали” или “штраси”.
“Штрас” – тоа е таква рж, која не се манифестира толку често, не е толку интензивна, како кристали, не доаѓа до спојување, но тоа е некоја логична врска со елементите на патина, и постојат причини дека недостатокот на контрола се должи на некои од огорченостите, како што се стравот од пораз или смеса на механички компоненти. Продолжувањето на процесот на интеграција на дејствување на штрасот ќе покаже – дали ќе стане кристал или не.
Ако некои од кристалите создаваат валентна врска со неколку елементи на патина, тогаш тоа се вклопува во местото каде што резонанцата е најочигледна, додека на други места тоа може да се одреди, на пример со тенки, коси букви, укажувајќи го во загради неговото основно место – тоа е во случај ако картата е направена во форма на ексел-табела. Ако картата е направена во графички облик, тогаш валентните врски со соседните друзови можат да се наведат со стрели. Препорачливо е да се имаат и двата вида на карти. Како посебен список е пожелно да напишеш список на кристали со интерпретација на нивните логични врски со повисоките алки.
За разлика од кристалите, чија манифестација е екстремно стабилна, чија целокупност создава форми како армирана рамка, има постојан израз и исчезнување (вклучувајќи ја и јачината на реализација) на краткотрајните радосни желби – таквите желби јас ги нарекувам “канџи” – по аналогија со мачка, која ги пушта канџите за да се искачи на завесите. Како желбата да се научи странски јазик може да биде кристал, но желбата да се купи речник – тоа е канџа – таа се појавува јасно додека јас отидов и си купив речник. Во тој случај, канџите исто така имаат големи резонантни сили – продорна резонанца се тркала низ патината со иста јачина, иако можеби и не толку нагласена, отколку во концентрацијата и/или реализацијата на кристал.
“Артефакт” – резултат од реализацијата на канџата, изразен или во материјална форма (купена книга), или во било која друга форма, која ви овозможува да се нагласат наредните промени, придружени со мислата “ова е тоа што е направено како резултат на рж” (на пример – таквите манифестации во активностите на некој практикант, кои се основа да се претпостави дека има јасност, дека тоа е постигнато со активна поддршка, мотивирана канџа). Кога вниманието е фокусирано на артефактот, а со тоа и јас сум свесен дека тоа е артефакт, тогаш се јавува исто таков бран на продорна резонанца по патината, како да канџата се уште не е реализирана. “Инервација на патина” – ефект на продорната резонанца по кристали и циклони. Така, колку повеќе канџата се реализира, толку повеќе артефакти ќе има околу тебе, и почесто ќе се интервираат (т.е. активираат, дејствуваат) на патина, стабилно и интензивно ќе се манифестираат ПрД во твоето место.
Искуство во постигнување на плу и набљудувањата на тоа – како силно се менува при тоа (рж станува моќна, станува силно резонанта со ПрД, се појавува интензивна и одржлива ПП, постои одлучност, која светка од радост и исчекување на издржливост, решителност и многу лесно се отстрануваат скептиците), води кон тоа дека можеби ќе се појават желбите-ластовици, кои биле потиснати или полека заборавени, затоа што немаше јасност – што може да се направи за да се реализира таква желба (на пример – имам желба да живеам барем 500 години). Сега, сепак, таква јасност постои – што барем може да се извлече од таа ластовица на ливадата, а потоа, кој знае – можеби ќе се отвори перспектива, ако се претпостави дека постигнувањето на плу е една од фазите за зголемување на веројатноста за реализација на таа рж. А акосе покаже дека таа ластовица е кристал, многу повеќе – вредноста на нејзините манифестации, е очигледна – таа е вградена во патина ја подобрува меѓусебната резонанца, формира ново слободно место за создавање на валентни врски и спојување на нови кристали. Манифестација на репресираните рж е една од последиците на тренингот во постигнувањето на плу.
07-01-11 Практика на отсекување
“Практика на отсекување” е кога доживувам желба, која е очигледно механичка, или желба, која очигледно има значителен дел од механички компоненти, почнувам да ја “внесувам” таа желба на кое било место во патина, т.е. извршувам брзо префрлување на вниманието од патина на таа желба. Како резултат на тоа, се појавува ефект на “отфрлување” на механичката компонента – таа очигледно јасно се доживува како туѓа, не интересна, има желба да се намали, се појавува слаб умор од обидот да се стави таа желба во патина, и таа на крајот побрзо ја губи својата моќ, отколку за време на исцрпеност. Тоа е трет вид на престанок на моќта на мж (прва – исцрпеност, втора – отстранување) – најефективна, според моето гледиште и бара минимум напори.
Кристалите поседуваат таков интензитет, така да при отсуство на навика на такво нешто можеш да се “опиеш” – толку е привлечно да уживаш од час во час, од ден во ден во реализацијата на силните радосни желби, доживувајќи толку многу резонанци, блесоци на ПрД, да во одреден момент, кристалот е одвоен од патина, можеш само толку да се занесеш во нив, да заборавиш да правиш активности, да застанеш да ги “освежуваш валентните врски“, и на крајот рж се распаѓаат како орбита, брзо се стекнуваат механичките компоненти. Но, за време на постигнување на искуство, такви пореметувања може лесно да се спречат, преку постојано освежување на валентните врски.
07-01-12 Тренирање на просветената свест која разликува (ПСР)
Голема вредност за понатамошниот развој на желбите на намера има обука на просветената свест која разликува. Обично, кога постојат неколку можни сценарија, човекот искусува болна предност, односно, се потпира врз некои исходи, сметајќи дека и во тој случај неговиот живот ќе биде малку посреќен, но при помислата на можноста за други резултати, доживува НЕ, страв од идните НЕ. На пример, седејќи на аеродромот чекајќи го одложениот лет, тој човек ќе чувствува многу НЕ и НПП – досада, нервоза, замор и НЕ ќе бидат интензивни, при помислата дека летот ќе се одложи повторно. Друг човек може да биде свесен за фактот дека, прво, никаков исход не му гарантира полнота на животот – здодевноста и просечноста, и други НЕ можат да се доживуваат под било какви околности, тоа е лесно да се види, гледајќи на луѓе кои се најдоа во околности кои долго време се обидуваа и ги сметаа за клучни за почеток на нивната среќа, па дури и задоволство. Второ, полнотата на животот може да се почувствува под било какви околности, вклучително и ситуации, како цел ден или два или три седиш во исчекување на аеродром – ако се занимаваш со возбудливо истражување, реализираш радосни желби.
Основата за тренинг на ПСР се состои од две платформи:
1) да се анализира ситуацијата и да се создаде претпоставка за тоа кои се можни исходи, каква е веројатноста за нивното настанување;
2) комплетирање на следните 4 критериуми:
*) Доживување на полнота на животот во моментот – да се реализираат радосните желби, да се занимаваш со возбудливо истражување, интересна практика
*) со анализа на можните случувања во ситуација да се сфати дека, огорченоста и ПрД можат да се доживуваат во било која ситуација, без разлика на исходот.
*) замисли се себе си, како доживуваш уживање на животот, како се занимаваш со своите истражувања, правиш откритија, во секоја од алтернативите за развој на ситуацијата.
*) спроведувај емотивно полирање, ги отстранувај новите НЕ, кои се појавуваат автоматски при помислата на одреден исход, што обично се смета за “лош”.
При тоа, јас прашувам: има ли сигурност, што ќе се случи во било кој аспект? Или ова прашање може да се постави поконкретно: ќе биде одложен летот или не? Потребно е внимателно да се прави разлика помеѓу претпоставките и увереноста, затоа што мислите и увереноста – тоа се комплетно различни видови на доживување, и тоа може да биде така, да може да постои причина да претпоставиме дека одреден исход ќе се случи со речиси 100% сигурност, а увереноста доаѓа во поинаков исход.
Следно, продолжувам да преземам дејствија разумни во поглед на располагањето на претпоставки, и гледам – што ќе се случи на крајот – колку создадената увереност има согласност со исходот. Увереноста може да варира, но може и да не се менува во зависност од случувањата, да влезат нови информации и формирање на нови претпоставки.
Користењето на практиката на цикличните промени на увереноста, и постигнување на прифатливи резултати може да го отвори новото поле на истражување – фиксираш некоја увереност, а потоа ја променуваш, и потоа да ја гледаш – што ќе произлезе од исходот. Овие експерименти ќе те унапредат во одговорот на прашањето – до кој степен увереноста го дефинира текот на настаните, дали постои начин да го формираш текот на настаните, во согласност со своите радосни желби, односно, да се постигне искуство во владеење со намерата.
Доколку искуството на манифестацијата на увереноста во услови опишани погоре, е сосема отсутно кај луѓето (сите нивни желби се многу болни, односно, во придружба со маса од НЕ, и колку е посилна желбата за конкретен исход, толку посилни се НЕ и НП), тоа ќе бара значително искуство за да “зајакот излезе надвор од дупката”, односно таа увереност да почне да се појавува на ливадата, исчистена од огорчености.
07-01-13 Нови просветени физички чувства (ПФЧ): «разиграно пиленце».
процесите што се опишани погоре се придружени со манифестација на нови просветени [физички] чувства (ПФЧ). Особено јасно може да се види кога во позадината на уживање станува речиси постојан придружник на манифестација на патината, делата вложени во нејзиниот развој: проширување на составот, зајакнување на неговите кристали, и нивната реализација. На пример – ПФЧ “разиграно пиленце” е појава во која на телото, посебно на неговиот горен дел – раце, гради, грло, како да една по една, доаѓаат, трчаат разиграни жолти пиленца, како топки блескави со задоволство – кај што поминува топката останува вител на блескаво понекогаш неподносливо задоволство.
За прв пат толку светли и јасни, и за долго време почнува да се појавува задоволство, што доведува до трансформација на телото.
07-01-14 Кристал «сакам да живеам минимум пет стотини години»
Составот на кристали кои ја формираат патината варира, се разбира, од човек до човек, но сепак постојат друзови, кои многу веројатно ќе бидат интегрирани во патина на многу практиканти, веднаш штом ќе ги откријат во себе или ќе прочитаат во таа книга и го стават прв во листата на штрасите. Па сакам да се опишат процесите кои се вклучени во излегување на некои кристали на ливадата.
“Желбата да се живее барем 500 години” (“ж-500“) е во непосредна близина на некој од двата циклони – “да доживуваш eПрД” и “да помагаш на праактиканти”, и создава валентна врска со другиот. Логичната врска тука е сосема јасна – долг живот дава можност да а) направи огромна количина на истражувања, откритија, да се промениш на незамислив во тој момент начин, и б) помогне на практиката на голем број на муцки. Бројот 500 беше избран не само затоа што таков животен век силно резонира со исчекување, но исто така поради тоа што очигледно е многу повисока од сите најголеми оптимални претпоставки – колку долго може да трае еден човечки живот. Луѓето што живеат по 120-130 години, не се невообичаени, а некаде во традицијата има дискутабилни докази дека некои успеале да живеат и по 200 или дури 220 години, но 500 – сигурно е фантастична бројка на возраст за еден човек, според достапните докази, концептите и претпоставките.
За време на тренинг на излез на ж-500 на ливадата се појавува многу јасно исчекување – скоро екстатично, многу стабилно – се покажува сето време додека ж-500 пасе на ливадата.
Ова, пак, доведува до поголема јасност за тоа што сум подготвен да умрам на 60-70-80 години. Има многу да се тврди дека траењето на животот во голема мера зависи од човековите доживувања, можеш дури и да бидеш сигурен во тоа, дека ќе живееш колку сакаш – и сето тоа не го негира фактот дека како дел од твоите доживувања има засилена увереност дека ќе умреш, како и сите останати, можеби само малку над просекот. И само директно произведување на увереноста во тоа дека јас ќе живеам, најмалку 500 години, ја отстранува таа механичка увереност, и веднаш води кон стабилно екстатично исчекување и појавување на резонантни со нив други ПрД.
Колку поголеми огорчености доживува човекот, толку повеќе се водени од механичката желба што побрзо да биде завршен нивниот живот и страдање. Се сеќавам дека во раното детство се појави таква желба, кога за прв пат се појави како затвор во вид на градинка, а потоа училиште, факултет, неопходноста да работиш, “несреќна” љубов, “среќна” љубов (како постојана позадина беше очај-10 од фактот дека не можам да го поминам времето со моето сакано девојче, не можам да не правам среќни, нема каде и со што да живееме, и др), страв од заболекар, страв од болести, и др. Мислев дека порано или подоцна ќе умрам и моето страдање ќе заврши, и ми олесна кога помислував на тоа. Значи – чекор по чекор, дури и без да размислам, јас ја зајакнував желбата да животот не ми трае премногу долго, а со тоа и зајакнување на увереноста дека ќе биде така, посебно бидејќи се чини дека тоа е непоколеблива вистина кога се размислува на животите на другите обични луѓе.
При изведувањето на ж-500 на ливадата, расте оттуѓеноста – животите на луѓето со своите безброј огорчености, незначителни страсти, суети, сивило, досада и обидувањето да се постигне сето тоа со впечатоци – сето тоа како да паѓа од мојот свет, поминува покрај, не допирајќи ме.
При изведувањето на ж-500 на ливадата станува многу полесно да генерираш отвореност, па дури и посветеност кон муцките на земјата – карпи, реки, дрва и сл. Претходно, тие како да беа од друг свет – тие живеат речиси вечно, во споредба со неколку десетици години од мојот живот, кај мене често се манифестира одбивност, па дури и ако чувството на убавина и создава резонанца со отвореноста, нејзиниот интензитет не може да се спореди со она, што ти го доживуваш, изведувајќи ж-500 на ливадата. И, се разбира, таа отвореност и посветеност почнуваат лесно да се доживуваат и кон бараните суштества.
Желбата, изведена на ливадата, ќе ја означам со буквата “л”, на пример, “ж-500-л“.
Погрешна е претпоставката дека ако си сигурен дека ќе живееш толку многу години, дека ќе станеш мрзелив, дека ќе вложуваш помалку напор, помалку ќе доживуваш ПрД, дека животот ќе стане досаден, рамнодушност. Ние сите се сеќаваме на зборовите на Дон Жуан за тоа како живеат обичните луѓе – “како да тие ќе живеат вечно, и дека ќе имаат многу време за сè.” Искуството на изведување на ж-500 на ливадата конечно и јасно докажува дека само оние луѓе кои имаат механичка увереност дека нема да живеат долго и живеат така, “како да ќе живеат вечно” – досадно и тромо. Кога постои ж- 500-л, има екстатично исчекување, радост, стремеж, посветеност, јасно блескави кристали, па дури и некои одделни желби (на пример, множеството на радосни желби, од кои секоја се должи на валентна врска со најмалку уште еден друг елемент од овој сет, но не е во прилог на патина), па дури и изолираните радосни желби.
Ж-500-л води кон појавување на таква позиција на свест која разликува, во која постои разлика помеѓу тековните настани, како оние кои ќе останат во далечното минато. Тоа што сега изгледа модерно и совршено, ќе стане безнадежно и застарено, па дури и смешно. Таа позиција на свест која разликува ќе ја наречам “поместување нанапред“.
Поместувањето нанапред резинира со изолираност.
Ж-500-л води кон силна манифестација на чувствата на вечна пролет и аспирации.
Еден од критериумите да навистина чувствуваш ж-500-л, е желбата да се планира и/или се предвиди својот живот, животот на човештвото за 200-300-500 години, со појавата на интерес за изучување на трендовите во развојот на човештвото, бидејќи за време на ж-500-л, што ќе биде за 500 години подоцна, те интересира исто толку, колку и што ќе се случи во следните 20 години.
Ета-ма: “Кога ж-500 е исфрлена на ливадата, се појавува следново:
*) се појави состојба која сакам да ја наречам “лов на рж” – ПП (1-4) и рж (5+) да барам нови и нови рж. Тоа резонира со зборовите: “лавина”, “не може да се спречи тоа.” Хаотични одвлекувања ги нема, се појавува сериозност, исчекување и возбуда само поради мислата “сакам да барам рж.”
*) се појавува отвореност и доживување што резонира со сликата: “стоев зад портите, и повремено скокав да видам – што е зад нив, но секогаш се враќав на место – зад портата, секогаш бев убедена дека единствен начин е скокањето – повеќе не можам. Сега ја отворив портата и видов огромна ливада, зад ливадата шума, зад шумата нешто повеќе и повеќе, сето тоа ќе можам да го одам и да го гледам, фаќам, чувствувам и да правам што сакам.”
*) се појави јасност во тоа дека претходно чувствував константна позадинска загриженост дека нема да ги реализирам сите свои рж, па зошто тогаш и да ги барам? Така јас го правдав тоа што не ги барав рж, а ако ги наоѓав, се појавуваше скептик: “кога ти ќе ја реализираш таа желба? Може да никогаш нема да можеш да ја реализираш – тоа ја зајакнуваше ЧСИ, и јас дури и не правев обиди да се отстрани тој скептик, дури и не го отстранував првиот скептик, “тоа не е рж”, “тоа не е важно.” А сега само поради една увереност дека ќе живеам во наредните 500 години, се појавува ентузијазам и јасност дека имам многу силни рж!
Се појавуваат мисли кои резонираат со изолираноста: “имам своја практика, имам свој живот го правам она што сакам.
Се зголемува нежноста, кога гледам на различните муцки на земјата – таа добива длабочина, силно резонира со отвореноста, исчезнува немирот – можам колку што сакам долго да стојам во близина на муцката – дрво и да чувствувам нежност кон дрвото, се додека не се појави рж да правам нешто друго. Се појави јасност дека јас сум секогаш некаде на брзање, дури и ако немам каде да се брзам и нема причина нешто итно да се направи. Јас никогаш не правам нешто долго време поради концептот “треба цело време нешто да се прави”, “не може долго да се стои, гледа, размислува, лежи”.”
Една од активностите, који силно резонираат со ж-500 и го олеснуваат создавањето на увереноста -500, е компилација (и после корекцијата, попполнувањето) на планот за 500 години (или на еден подолг временски период). Дури и ако планот е многу шематски, тој се уште ќе има одреден ефект. На пример можеш да го расфрлаш по векови распоредот за изучување на странски јазици или науката, итн.
07-01-15 Експедиција. Истражување. Лајка. Буревестник.
Порано или подоцна, кај канџите се појавува желба да се направи список на истражувања, во кои интересот е многу висок, то ест, тие истражувања, желбата за спроведување на кои е канџа или кристал. Совкупноста на овие истражувања, ќе ги определам како “експедиција“. Откако таквиот список е составен, се чини дека има интензивно исчекување што произлегува од патина, додава не помалку интензивно исчекување што произлегува од експедицијата. Продорната резонанса ја покрива не само патината, но и експедицијата.
Истражувањата кои се вклучени во експедицијата ќе ги означам како “лајки.” Лајките можат да формираат или да не формираат валентни врски едни со други, но секогаш формираат валентна врска со најмалку некој кристал или канџа.
Доживување на резонирачките помеѓу себе интензивниот предвкус и интензивното исчекување дава сосема нова нијанса на двете. Таков пар на ПрД ќе ги наречам “буревестник.”
07-01-16 Принцип на доволни напори
“Принципот на задоволителниот напор” лежи во фактот дека ако вложуваш напори во практиката на ослободување од огорченоста и постигнување на ПрД, се што треба да се чекори напред ќе ти биде отворено колку што е нејзиното значење како оваа промоција се зголемува. На пример, ако имам концепт дека телесното задоволство – не е нешто сериозно, нешто на што не треба да се обрне внимание, тогаш задоволството е потиснато. Постои наклонетост. Сепак, по завршетокот на развојот на другите ПрД, поради резонанца со нив, задоволство се повеќе ќе се појавува, се додека конечно, не приметам дека постои таков концепт, ќе го отстранам, по што истражувањето и манифестирањето на задоволството ќе оди напред брзо, и искривувањето во практиката ќе биде отстрането, што ќе има влијание во другите области на практиката. Така, доволно е барем во некои сфери од животот, да се доживее висок степен на искреност, да се вложат упорни и одлучни напори за пристрасност во други области, да почне постепено да се коригира.
Постигнување на јасност во постоењето на принципот на доволен напор ја отстранува загриженоста дека нешто недостасува, нешто не се гледа на крајот ти се привидуваат карикатури на различни несовладливи пречки. Во истражувањето се воспоставува мирна, креативна, радосна атмосфера, без спазматична анксиозност, која ги зголемува очекувањата и антиципацијата, а со нив се зголемува јасноста, стабилноста и резонантните својства на патината и на експедицијата.
07-01-17 Стремеж да се пробиеш
Кратко време по создавањето на патина, испаѓа дека освен овие пет циклони, тука е и шестиот, кој, за разлика од првите пет, се гледа само од време на време. Тоа е “желбата да се пробиеш“. Таа желба отсекогаш се гледа како циклон, па мислам дека со него повеќе резонира “стремежот кон пробивање” – желба да направиш решавачки чекори кон трајна промена во доживувањата, во некои области, да вложиш во тоа максимум упорност. Желбата да се пробиеш на почетокот може да биде безобјектна, а потоа објектот може да биде најден со помош на тражење на рж, која резонира со стремежот да се пробиеш. Типична грешка – дозволување на манифестирање на мж за сигурно наоѓање на објект за пробивање, а ако ја отстраниш таа мж, тогаш можеш да го најдеш тоа што долго може да остане безобјектно, но да се зголемува, да се продлабочи. Понекогаш стремежот кон пробивање, безобјектно може да резонира со некои од активностите кои сами по себе не се нејзиниот објект, туку резонираат со него.
Стремежот кон пробивање од време на време се манифестира пред да се појави патина, но само по нејзиното манифестирање, таа почнува да се манифестира почесто и многу посилно.
Стремежот кон пробивање јасно резонира со решителност, упорност, стремеж, очекување.
07-01-18 «Довереност кон ПрД». Интравертни ПрД. Напор на отстранување.
“Довереност кон ПрД” – позиција, во која има неверојатен факт дека во неа е најсилната рж, е желбата… да се откажеш од рж! Се чини, – тоа е невозможно, и одбивајќи ги рж, ти неизбежно почнуваш да доживуваш мж. Ова важи и за сите оние ситуации кога човек не доживува интензивни ПрД, а кога има силни ПрД, можно е – да се откажеш од рж, не почнувајќи во исто време да доживуваш мж, продолжувајќи да доживуваш силни ПрД, и посебно – отфрлањето на рж доведува до појачување на ПрД, ПП.
Ќе ја разгледаме таа појава, на примерот за истражување на задоволството. Кога се појавува задоволство 8-10, така да мораш да направиш сериозен напор за да бидеш сигурен дека нема да “завршиш” во бранот на задоволство кој се протега низ ‘рбетот, првата желба е да управуваш со овој процес – на пример, се појавува желба да се испрати тоа задоволство во шепите, така што тие стануваат подобри спроводници на ПрД, да би преку шепите, можел да пренесувам ПрД на муцките. Таа рж е канџа на друзовите на циклонот “да се помогне на муцките”. Но, во процесот на набљудување, јас забележав дека, во првиот таков обид за контрола доведе до слабеење на задоволството, и, второ, дека постои силна рж, која може да се идентификува со зборовите: “сакам да се доверам” – то ест, да не ги мешам своите рж во процесот на развојот на задоволството. Сепак, постои силно исчекување, дека ќе го следам овој процес, без да се мешам.
“Доверување кон ПрД” е означување на групи на доживувања, кои вклучуваат:
а) “отвореност” (која има таква особина дека таа отвореност не се манифестира кон оние што се сметаат како “надворешни”, туку кон оние што се сметаат како дел од “моето” севкупно доживување. Овој вид на отвореност ќе го означам како “внатрешен.” Постојат и други внатрешни ПрД примери, како “заблагодарување на самиот себе”. Тоа се појавува, кога мислам за своите напори да им помогнам на практикантите за да преземат активности на човек кој доживува малку ПрД, е невозможно да замисли такво нешто – освен тоа што е задоволен самиот со себе, тој не може да замисли ништо друго. Но, заблагодарување на самиот себе – тоа е ПрД, токму поради, како и другите ПрД, тоа резонира со други ПрД).
б) очекување (резонира со мислите “неверојатно интересно – што ќе испадне од тоа, кои неверојатни откритија ќе се направат)
в) силни рж за акутна внимателност да се забележи она што се случува и за доживување на восхит, исчекување и други ПрД.
Доверување кон ПрД, кога е манифестирано некое време, почнува да резонира со изолираноста. Нормалната изолираност не спречува при појавата на рж и дури и обратно – резонира со нив (и покрај мислењето на оние кои не доживуваат ПрД, но само зборуваат за нив апстрактно). Но, таков вид на изолираност што резонира со довереноста кон ПрД има посебна нијанса, затоа што во таа положба рж се отстранети со радосната желба да не се мешаш во тој процес.
Јас специјално го одбрав терминот “отстранети”, бидејќи таа активност е фундаментално различна, и од отстранување, и од сузбивање. Се сузбиваат и отстрануваат несакани доживувања, но тука ова не може да биде – рж, во секој случај остануваат посакувани доживувања, кои резонираат со ПрД. Во таа ситуација, има нова активност за која го избирам терминот “отстранети”. “Отстранување” е резултат од реализацијата на рж, за да рж не се појават во некои области, и да немаат влијание врз процесот на преживување и развивање на ПрД – дури и ако тие се канџи. Резонантна слика – игриви, активни кученца отстранети со силна, но и нежна шепа за да нивната активност, не случајно го оштети тоа што е скоро родено, незрело кутре. Кутрињата стојат и лелекаат од нетрпение, и, со комплетна слобода да шетаат во други области, секаде освен во областа од каде што се отстранети. Сепак, нивниот фокус, нивната желба да се протнат и да допрат ново кученце е почувствувано со него и ќе ги прифатат со посветеност, отвореност, љубов, со возвратна разиграност, што тој се уште не може да ја покаже, се должи на фактот дека е премногу нежен. Говорејќи со јазикот на доживување, се појавува резонанца на задоволството (како што е опишано во тој пример на задоволство) поради желбата да се интервенира со радосните желби.
Довереноста кон ПрД се случува кога:
1) постои висока стапка на раст на било која ПрД,
2) кога ПрД се појавуваат на работ на екстатичноста
3) постои “огномет на откритија” – состојба при која една по друга, се појавуваат ПрД-јасност, а откривањата се одвиваат едни по други, и се појавуваат силни ПрД.
07-01-19 Кластери
Ако не се случило досега сето она што доведува до формирање на патина, тоа значи дека не можеш да преживуваш и истражуваш сето тоа, што е опишано овде и ќе биде опишано понатаму.
Силните рж создаваат синџири кои сакам да ги викам “кластери”. Кластерите имаат скоро сите исти својства како патина, но со помал интензитет и стабилност. “Кластер” е севкупност на рж, секоја поврзана со валентна врска со најмалку уште еден друг елемент од таа севкупност.
Ета-на: “За време на формирање на кластери резонанца помеѓу рж силно се зголемува и достигнува продорна сила, односно интензитетот на рж се зголемува на 6 и погоре + се појавува увереност-6, дека реализацијата не е возможна. Во исто време се губат сите скептици, се појавува ПП, нагло расте задоволството, продорноста и длабочината на ПрД, појавувањето на ПрД станува многу лесно, кога имаш НП резонанца помеѓу елементите на кластерот се намалува и кластерот распаѓа.”
Ета-ма: “рж можат да формираат кластери, резонантни едни со други. Методите на формирање на кластерот можат да бидат различни. Јас ги разликувам кластерите, кои се состојат од:
1) рж, кои резонираат со истата ПрД
2) рж со интензитет 7-10
3) рж со интензитет 3-6 (најмалку стабилни)
4) рж кои резонираат со различни ПрД, со различен интензитет – во тој случај најинтензивните рж формираат “центар на привлекување на кластерите” и ги привлекуваат помалку интензивните. Во врска со помалку интензивните рж, најинтензивната рж ја зголемува помалку интензивната и сама се засилува.
“Склепување” – термин кој означува процес сличен на привлекувањето, но овој термин ние ќе го користиме за кластерот, а не за патина. Можеме да креираме неограничен број на кластери, склепувајќи рж, создавајќи на различни кластери и секој пат ќе има некаков резултат – или ќе зајакне ПрД или рж ќе резонираат интензивно едни со други, или ќе има откритија.
Склепувањето на рж во различни кластери води до фактот дека, прво, тие рж почнуваат да резонираат со ПрД, со кои претходно не резонирале, второ, се менува нивната позиција во рангираниот список на рж, трето, рж можат да бидат подетални, да им пораснат канџи.”
07-01-20 Кристалност
Кога ПрД достигнува скоро-екстатичен или екстатичен интензитет, тогаш тоа започнува да се појавува чисто, без никакви смеси, и во исто време разликувањето, значително го променува својот квалитет – станува сосема јасно, некомплицирано, читко. Резонантен збор за таков силен, јасен ПСР е “кристалност”.
Постои одреден опсег на интензитет на манифестација на ПрД, според кој се движи и резонантната јасност со ПСР.
а) При интензитетот на ПрД = 6-7, јасноста на ПСР, иако значително зголемена во споредба со она што беше во помалку интензивната ПрД, но тоа сè уште не достигнало степен до кој тоа резонира со зборот “кристалност”. Ова ниво на јасност на ПСР ќе биде означено како ПСРф или “ниво на формирање на кристалност“. При ПСРф секогаш се појавува предвкус на кристалност.
б) При интензитет на ПрД = 7-8, односно на граница на екстатичност (со некои варијации од двете страни), ПСР се појавува со јасност која резонира со зборот “кристалност”. Таквата ПСР ќе ја именувам како ПСРк или “кристалност”.
Кристалноста резонира силно со:
*) зборот “гори”, “мраз”.
*)појавата на продорни зраци.
*) слика на блокови на мраз, низ кои продира сонцето.
Манифестацијата на кристалноста не е секогаш придружена со израз на ПрД со интензитет 7-8. Има значење и тоа – како се манифестирани другите квалитети на ПрДто – длабочина, сеопфатност, продорност, итн. Колку повеќе од други квалитети се манифестирани и со колку поголема сила, толку поголема е веројатноста дека кристалноста ќе се манифестира.
Манифестацијата на кристалноста, постигнува олеснување на спонтаните екстатични ПрД. ПрД, која предизвикува манифестација на ПСРф или ПСРК кои резонираат со неа, ќе ја определам како “кристално”, но тоа не треба да се меша и не заборавајќи дека “кристалните ПрД” – не се ПрД со некој вид на квалитет, означени како “кристалност”, туку дека тоа е ознака на акорд од два ПрД – оригинал ПрД и резонирачки со него ПСР со исклучителна јасност.
07-01-21 Растворање на рж во јасност. Основни рж. Избалансирана позиција.
Некои рж исчезнуваат кога постои јасност во фактот дека нивното постоење се должи на недостаток на јасност. На пример, ако постои додавање на човекот искреност и стремеж, може да се манифестира и интензивна рж за да комуницирате со него, за да се промовираат неговите напори. Кога илузиите се распрскани, тие рж можат да ослабнат или дури можат да исчезнат. За такви рж ќе кажам дека тие “се стопиле во јасноста.” Во тој случај, кога рж се растворени во јасноста, не само што се појавува НП или разочарување, туку напротив – интензитетот на позадината на ПрД значително се зголемува.
Ако, на пример, порано се раководеше од претпоставката (и имаше соодветна увереност) дека е сосема недоволно за да се дадат кратки и јасни инструкции во врска со постоењето на можности за да се отстрани огорченоста и доживува константно ПрД, и поради тоа се манифестирале многу силни рж за дешифрирање и детални етапи од патот , за пишување на статии, за влијаење врз практикантите, а потоа до степен до кој, се појавува јасноста дека само нечесноста и неподготвеноста да се отстрани огорченоста се причините за недостаток на промена кај луѓето, таквите рж се растворуваат во јасноста, исчезнуваат, ослободувајќи место на сјајната јасност, прослава, повикот и аспирацијата.
Радосните желби во однос на кои постојат претпоставки и верување дека под никакви околности нема да се растворат во јасност, ќе ги наречам “фундаментални рж“. Тие вклучуваат, на пример, желбата да кај луѓето толку често и поинтензивно се манифестира ПрД, како и желбата да се помага на искрени и усмерени практичари во нивните напори. Таквите фрж јас ги нарекувам “надворешни” (“нфрж“). Исто така, кон фрж се однесуваат и желбите да се продолжи своето патување до ПрД, за барање откритија, за промена на доживувањата на тоа место. Таквите фрж јас ги нарекувам “внатрешни” (“вфрж“).
Интензитетот на таквите ПрД, како на пример аспирацијата, повикот, исчекувањето, изолираноста многу зависи од тоа, колку јако се манифестира вфрж.
Интензитетот на таквите ПрД, како што се лојалност, љубов, преданост, нежност многу зависи од тоа, колку јако се манифестира нфрж.
Позицијата, во која се целосно манифестирани и нфрж и вфрж, кога не постои пристрасност на една страна, јас би го нарекол “балансирана позиција.”
Колку повеќе додатоци и поместувања, колку помалку јасност и искреност, толку е поголема веројатноста дека балансираната позиција ќе престане да постои, ќе има застапеност на вфрж или нфрж, да расте учеството на рж, кои би можеле да се растворат во јасноста, во случаи на таква јасност. Како последица на сето ова се зголемува учеството на мж, истовремени манифестации на НЕ, НП и други огорчености, практиката ќе почне да се лизга, а во отсуство на цврста акција за да се исправи ситуацијата, се запира засекогаш, доаѓа до опаѓање.
Препорачливо е секогаш, под било какви околности да се постигне балансирана позиција и да се одржува. Сеќавањето се на ефикасноста на балансирана позиција е ефективна алатка за нејзино одржување.
07-01-22 Стапица на желбите за соработка
Бидејќи преданост станува ПрД- создавател, а и центар на привлекување и влијание, не е изненадувачки дека радосните желби, резонираат со преданост, стануваат најинтензивни, возбудливи – како желба да се најдат практичари, желба да им се помогне, итн. Интензитетот, сеопфатноста на таквите желби можат да бидат толку високи, така што во вртлогот, тие вовлекуваат цела низа на други желби, вклучувајќи ги и механичките. Загриженост од резултатите од своите активности за помагање на други практичари, може да се претвори во вистинска стапица. Со цел да излезат од неа, неопходно е да се добие значајно искуство во следењето на практикантот, од кои доведува до јасност – ако човек има желба за ПрД, и отстранување на огорченост, тогаш, најмал совет му е доволен за него да почне да направи чекор. И обратно – ако човек само мисли дека тој сака да доживува ПрД, тогаш, би можел да го посветиш целиот свој живот за него, еден милион совети да му дадеш, тој секогаш нешто ќе пропушти, тој секогаш ќе има за нешто да се жали, да бара и бара од сите нови и нови совети, разговори, објаснувања, примери итн. Само ако ги исцрпиш, расееш, отстраниш силните радосни желби за “спасување”, можеш да избегаш од оваа стапица, и, доживувајќи силни радосни желби за подготвеност да помагаш, поддржуваш да промовираш со точни, економски, прецизни чекори, продолжувајќи да го пробиваш својот пат во непознатото.
07-01-23 Издишување на змејот
По некој период активно реализирање на интензивни рж, доаѓа на топење во јасноста на голем број на кристали. Тоа е апсолутно неизбежен процес, бидејќи како резултат на оваа масивна имплементација, се акумулираат нови искуства и, следствено, се зголемува јасноста, се идентификуваат и исчезнуваат додатоци, други грешки. И како резултат на топењето во јасноста на неколку кристали, особено оние поврзани со помагањето, сета патина во некој момент се дели. Интензитетот на останатите рж, драстично се намалува. Доаѓа до “издишување на змејот.”
“Пауза на издишувањето” е состојба која се манифестира меѓу “издишувањето” и почетокот на следниот “здив”, односно на почетокот на една нова патина.
“Издишувањето на змејот” – серија на “вдишувања” и “издишувања”. Периодот на таквото дишење може да потрае неколку месеци, пола година – тоа многу зависи од многу околности.
Во текот на паузата, се јавува голем пад во интензитетот на сите рж – понекогаш се сведува на нула. Со цел да се намали количината на несакани состојби во текот на тој период, препорачливо е да се направи враќање на внимание на фундаменталните рж, да се заземе став “последна граница“: “без разлика што да се случи, без разлика колку е длабоко опаѓањето, јас ќе правам барем она минимално што можам да направам: да ги отстранувам НЕ, да се сетам на постоењето на ПрД”.
Почетокот на “вдишувањето” се карактеризира со:
а) зголемување на обемот на спонтано создадените ПрД
б) јасност во фактот дека паузата на издишувањето завршува
в) засилување на некои рж
г) намалување на несакани нијанси на конкуренција на рж (во споредба со последното вдишување)
д) силни и стабилни појавувања на “безобјектните рж” – аспирација.
Да би рж станала кристал на новата патина, сега станува неопходно да се создаде резонанца не само со други кристали, но и со аспирација кон позадината. Новите рж се силни, стабилни, поддржани од желбата да се реализираат само ако постои резонанца со аспирациите.
Новите кандидати за кристали некое време се прикажани на позадината на аспирација, доаѓа до “изложеноста на рж“- менувањето на внимание на аспирациите на рж, што резултира во резонанца или постои или не. Сликата која резонира со ова – како да е езеро, полно со рж, кое го продира, одлучува – дали да ги наполни со своја вода тој или друг поток или не. Изложеноста на рж е придружена со низа процеси, која ја сочинува сликите на последиците од евентуалната примена (заедно со видот, и обемот на таа реализација) и можноста од не-реализација на активностите кои можат да бидат катализатори за желбите за реализирање и желбите за не-реализирање.
07-01-24 Четвртиот стражар
Со зголемување во обемот од искуството на ПрД се појавува задоволство (“четврт стражар” споменат во “ефективните практики”), желбата за ПЕ, но постепено се акумулира искуството во тоа да, штом задоволство и ПЕ се појават, ПрД веднаш станува досадно, како да одам во сенка. Ова упатува на фактот дека штом се појават силни ПрД, одеднаш се појавува желба да се спречи појавата на задоволство и ПЕ – да вршиш какви било активностиза отстранување на задоволство и ПЕ “во почетната фаза – тоа значи дека и да имаш во превид дека сега со голема веројатност се појавува задоволство, и доаѓа до емотивно полирање, а исто така да се појави решеност да се нападне задоволството и да се отстрани, штом се појават неговите први симптоми на појавување и др.
07-01-25 Потпора на три центри за задоволство
Штом напредува реализацијата на сексуалните желби, придружена со анализирање на пропратните доживувања, оргазмот станува се помалку и помалку добредојден, учеството на механичките сексуални желби (на пример, желбата за сопственост, желба за да се избегне сивило и досада, и итн.) се намалува, а учеството на просветената сексуална желба (односно, во придружба на еротски доживувања, симпатија, нежност и други ПрД) расте. Сето ова упатува на фактот дека во одреден момент (најверојатно тоа ќе биде време кога ќе имаш секс, и се држиш подолго време на работ на оргазам, доживуваш интензивни еротски доживувања и други ПрД) во градите или срцето, или грлото (делумно или заедно) се појавува задоволство. Ова чувство може да биде толку привлечно, резонира толку силно со други ПрД, дека сексуалното задоволство дури и зачекорува настрана (и покрај фактот дека нејзиниот интензитет е многу голем). Во иднина уживањето ќе се појавувасе почесто за време на доживување на ПрД и за време на присетување на тие моменти кога си имал задоволство, така што порано или подоцна ќе се појави желба постојано да го доживуваш. Во високи концентрации, можеш да доживееш блаженство на задоволство, а уживање во срцето може да доведе до екстремно продорно и сјајно задоволство (Атман). Уживањето, во почетокот се манифестира во три главни центри, постепено почнува да се шири во другите делови на телото, и остава на тоа тело по малку необичен ефект – телото станува екстремно енергично, темпераментно, здраво, сетилно, тоа подмладува во буквална смисла – особено ако се комбинира со генерирање на увереност дека ќе живееш барем 500 години. Телото, кое има трансформација од страна на константната позадина на задоволство, е столб на понатамошно патување во ПрД, е катализатор за понатамошни откритија.
Не само што интензивните сексуални и еротски доживувања даваат голем придонес за будење на задоволството, но исто така има висока концентрација на било кои ПрД.Постои директна корелација – колку повисока концентрација на ПрД (постигната, на пример, со практиката за предизвикување на ПрД), толку повеќе телото поминува низ одредени бранови на задоволство.
Брановите на задоволство по своите манифестации се многу слични на морската плима – тие поминуваат наоколу по истите делови на телото, но во даден момент одеднаш нов силен бран и возбудлива нова област – од таа точка на овој дел од телото почнува да се одговара на задоволство дури и на слаб бран .Така, се повеќе и повеќе делови на телото се вклучени во еден бран на задоволство, така ја зголемуваат својата резонанца со ПрД. И колку е поголем волуменот на телото, вклучен во еден бран на задоволство, толку е поголема веројатноста дека во одреден момент доаѓа до пробив, и ти ќе почнеш да доживуваш прилив на особено живи, неподносливи ПрД. Понекогаш таквите откритија се случуваат во текот на спиењето, и само после некое време ќе станеш способен за доживување на истиот интензитет кога си буден.
Во процесот на “будење” деловите на телото под дејство на задоволството можат да се поделат во три главни фази:
1) слатка тензија се јавува од време на време во таа област
2) брановите на задоволство што поминуваат низ телото за време на периоди на високи концентрации на просветена позадина или силни ПрД (вклучувајќи јасност и рж), го заземаат тој дел од телото, и тој се пали поради продорното задоволство секоја секунда или две.
3) позадинско разгорување – задоволство во таа област се појавува и без бранови, резонантна слика – како јагленот во огнот сам по себе да се пали се повеќе, поради ветрот.
07-01-26 Јасност во постоењето на непредвидливоста
Различните доживувања, севкупноста на разумната јасност, како појавата на претпоставки и слично – сето тоа води кон појава на силни исчекувања.
На пример, во процесот на честа манифестација на задоволство, се појавуваат неколку редовности. На пример, може лесно да се види дека областа, која е зафатена од страна на брановите на задоволство, се шири нагоре и надолу од центарот на градниот кош. Може да се појави желба да ги “камшикуваш” брановите нагоре, па тие “удираат” по нови делови од телото горе. Може да се појави желба за “камшикување” и надолу. Може да се појави желба да не ги камшикуваш, туку да ги гледаш – како ќе оди процесот во тој случај. И може да се појави желба тие бранови да ги воздржиш, да не дозволиш претходното концентрирано задоволство да експлодира како “оргазам” и да ги истражуваш следните појави.
После тоа се појавуваат радосни желби. После радосните желби следат (најчесто) активности за нивно реализирање. После активностите следат промени во севкупните доживувања. Покрај тоа, некои промени се случуваат поради манифестацијата на радосни желби.
После промената се појавува радосна желба да ги истражуваш, да ги разликуваш новите доживувања, нивниот нов однос, па оттука има нова јасност и така натаму.
Во тој синџир, сите елементи не се слични по своите карактеристики. Некои од нив се предвидливи – на пример, ако постојат напори да се издвојат доживувањата, нема сомневање, порано или подоцна тие ќе бидат одвоени – тоа е непредвидливо. Ако се појавува голем број на радосни желби, тогаш со голема веројатност ќе се појават и радосни желби да ги реализираш – тука, исто така, е висок степенот на предвидливост. Но каде точно ќе се “насочи” предвкусот? Дали е можно да се предвиди со веројатност од 80%? Најмалку 50%? Со 30? Не. Предвкусот може да се “насочи” на било кој од десетиците насоки, кон било која севкупност. Тоа е невозможно да се предвиди – што ќе биде отворањето на она што ќе манифестира нови доживувања и закономерности. Непредвидливите откритија, множење со непредвидливоста на идните исчекувања, дава апсолутна непредвидливост.
Јасноста во ова е означена како “јасност на постоење на апсолутна непредвидливост”, или накратко, “јасност во непредвидливост” (“јвн“). ЈВН постојано се јавува како по правило, само по една долга серија на откритија, исчекувања, радосни желби, промени. ЈВН резонира со чувството на тајност, исчекување, повик, аспирација, отсутност, вечна пролет. Тоа ја слабее силата на механичката сигурност во определена слика на светот, го слабее концептот на јас и чувството на сопствена важност во целина.
07-01-27 Тенко разликување на желбите
Дури и слаба, но долга просветена позадина, и често придружувана позадина на задоволство центрирана во градите, грлото и срцето, придонесува разликата на доживувањата станува полесно и појасно. Меѓу многуте откритија поврзани со зголемената способност за разликување, може да го одбележи отворањето на нови класи на радосни желби. Животот на неискрениот човек е во магла – откако тој направил нешто, се сеќава и почнува да размислува – зошто тоа е направено. Може да се сети за еден час или еден ден, но може и за една година или пет години. Секој кој е вклучен во практиката чувствува желба да ги сортира желбите – тој со задоволство ги отфрла оние кои се мотивирани или очигледно лажни (за него во моментот) концепти и НЕ, или со механичка инерција, тупава навика, отворајќи го патот за радосните желби (рж), односно такви кои го пратат исчекувањето. Сепак, тој обично не прави разлика помеѓу настаните кои се случуваат во процесот на конкуренцијата помеѓу рж. Се што може да каже е – беше одреден сет на желби, а најмногу од сè сакав да ја реализирам токму таа желба, но како тоа се случува надјачувањето на една рж во однос на другите? Само продорната желба за искреност води кон разликување.
Искрената желба упатува на фактот дека постои посебна желба да “уживаш” во процесот на селекција на рж, која најчесто силно сакаш да ја реализираш, води кон тоа да се одложи конечната одлука – во овој случај се јавува не само одредено задоволство од доживувања на рж, нивното сортирање, и [физичко] чувство на задоволство во градниот кош, срце и грло – е исто како она што човек чувствува, што се одржува на работ на оргазам и доживува силна нежност. Ќе ја означам како желба за “пребирање на рж” како рж2.
Желбата за разјаснување – како рж2 конечно зајакнува некоја рж и поттикнува реализција на приоритетните, доведува до дистинкција помеѓу она што често се случува механички. Кога се манифестираат неколку рж, се појавува рж за реализација на таа рж, која е придружена од страна на најинтензивно исчекување. Вниманието се движи од една до друга рж, но во споредба со оние состојби кои се очекува да се појават во текот на релизацијата на рж. Желбата да се споредат овие состојби, ќе ги означам како рж3. Ова се случува обично многу брзо – во облик на залепена грутка, да човекот кој не доживува задоволство од разликата помеѓу доживувањата, едноставно не ја забележува. Во меѓувреме, во текот на тој временски период е можно “механичко преливање” – то ест, може да стапат на сила и концептите, и стравовите, механичките желби, и едноставните навики. На пример, јас сега сакам да а) учам англиски, и б) да вежбам увереност-500. По мало размислување одлучувам да учам англиски – доживувам предвкус 4 – сè изгледа фино. Но, с појавува рж2 – желбата да се вратиш и да погледнеш внимателно – како се одлучи за овој избор, да ја одбереш повторно таа рж. Во текот на ова лежерно сортирање на рж, се манифестира рж3, се јавува пребирање на оние состојби, кои веројатно се јавуваат за време на реализацијата на оригиналната рж, и јас забележувам дека желбата да учам англиски јазик е зајакната со следниве доживувања:
*) предвкус од која можам да читам книги на англиски јазик
*) предвкус дека можам да зборувам со преставници на другите култури, да стекнам нови искуства, нови информации
*) предвкус поради тоа особено задоволство, што го доживувам, кога ќе запаметам нешто ново
*) задоволство од фактот дека подобро ќе знам англиски (механички, замирање на компонентите, кои го ослабуваат исчекувањето!)
*) задоволство од она што знам дека веројатно ќе научам малку, гарантирано ќе добијам барем некаков резултат (механички, замирање на компонентите, кои го ослабуваат исчекувањето!)
На страната на желбата за тренирање на увереноста-500, ги разликувам следниве сознанија:
*) предвкус на искуството на оваа неверојатна увереност и придружните ПрД
*) предвкус поради новите експерименти, новите напори за надминување на мртвата сигурност
*) предвкус поради новите откритија
*) предвкус поради промените во погледот на светот, поради нови откритија
*) страв од пораз (а јас не сум свесна дека тој е толку јасно изразен, додека не го разбрав)
*) инерција – неподготвеноста да се смени тоа, што и како такво не е лошо – то ест, задоволство – уште еден стражар
*) стравот од промена – и тој стражар е на своето место.
Како резултат на ова истражување, јас забележувам дека овие огорчености, ме донесоа до бирање на изборот во корист на рж да учам англиски јазик.
Понатаму се појавува желбата да се отстранат огорченостите – и после нивното отстранување, повторно почнува сортирање на рж и се испоставува дека рж за тренирање на увереност-500 е многу посилна во моментот – кога започнувам со таа работа и доживувам предвкус – 8.
Целата таа слика изгледа малку гломазна – но само во почетокот, додека разликувањето не ти оди лесно, како кога се бориш со растечка магла, заборавеност, механичките желби се да заборавиш и едноставно само да живееш. Но, јасност во “едноставниот живот” во овој случај значи “да се покориш на огорченостите”, те стега, не ти дава повторно да паднеш.
Постепено, инертноста исчезнува, и постигнатата кристална јасност во своето доживување, и зголемувањето на интензитетот на ПрД и просветената позадина, меѓу другото, водат кон забрзување и зголемување на манифестацијата на неверојатна состојба на “жестокоста на бесот.”
07-01-28 Механички зафат
Појавата на “механички зафат” (или “конкурентна инхибиција“) – дури и ако желбата се јавува како радосна, во процесот на манифестацијата и после јавувањето на што речиси секогаш се меша со механички компоненти, кои на крајот дури и може да започнат да доминираат, односно да се случи “механички зафат”. Тоа се случува дури и со искусни практичари (што тогаш да се каже за обичните луѓе) – таква е силата на навика доживување на механичките желби (мж), произведени во текот на годините и децениите – оправдувањата пред наставниците, родителите, испитите, тестовите, проценки, казни и привилегии… не постои ништо што ја убива рж за учење и памтење, како сето ова. На пример, желбата да научиш малку физика се јавува како радосна, и само за неколку минути веќе доминира во неа желбата да ги импресионираш другите од веќе наученото, да доживееш самозадоволство, мж да научите колку што е можно повеќе, мж секогаш да се сеќаваш на ученото, страв од заборав, страв да доживееш разочараност од фактот, дека си заборавил, и така натаму – десетици паразити се прилепуваат на тебе.
Доколку имаш радосна желба, главната цел е да се постигне задоволство, радост, чувство на тајност, исчекување, итн. од САМИОТ ПРОЦЕС на учење, од обидот да го запомниш тоа што си го прочитал, кога на пример, желбата да не се заборави тоа што си го прочитал, може да биде слаба, секундарна, па дури и да ја нема! (при тоа, квалитетот на паметење е значително поголем, отколку во случај кога постои само мж за паметење).
Контролирањето со цел да се идентификуваат и да се отстранат механичките желби, доведува до:
*) јасност – како тоа е проклето тешко – да ги доживуваш и реализираш тие рж! Постојано мешање со мж.
*) одушевеност поради ослободувањето од мж, лавина од блесок на ПрД
*) значително зголемување на интензитетот, цврстината, и радувањето на рж
07-01-29 Карактеристики на жестокоста на бесот
Карактеристики на жестокоста на бесот:
1) Зголемена искреност
2) Продорна желба за искреност
3) Силна решеност за надминување на тупоста, инерцијата, рутината
4) Зголемена разумна јасност
5) Силна усмереност кон ПрД, кон слобода од огорченост
6) Интензивна позадина на уживање во градите, грлото и срцето, која се шири во областите на телото, кои се наоѓаат околу
7) Висока веројатност за појава на “слатко кршење” во новите делови од телото, особено како резултат на брановите на задоволството
8) Силна свежина на доживувањата
9) Кога бесот го достигнува врвот на својот интензитет, останатите ПрД речиси целосно исчезнуваат, но јасно е дека тие би можеле да се појават како печурки по дожд, кога интензитетот на жестокост се смирува.
10) РЖ исто така како да се топи, исчезнува, се појавува специфична дезориентација во желбите – се е зафатено од жестокоста на невремето, се е кренато во воздух и се меша со силно торнадо.
11) Смирувањето на невремето се јавува нагло, оставајќи ја зад себе полнотата на животот.
12) Краткорочни резултати од жестокоста на невремето, се:
– *) зајакнување на позадината на задоволството
– *) зголемување на нивото на искреност, јасност, решителност, истрајност
– *) рж поседуваат силно изразен квалитет на “цврстина”, “кристалност”
– *) полесно се формира увереноста
– *) се зголемува нетолеранција на секојдневниот живот, задоволство, сивило, едноставно физичките чувства на гадење се случуваат дури и при помислата на овие состојби.
Кои резултати од ова невреме ќе бидат долгорочни – зависи од практикантот, се разбира.
Жестокоста на бесот ја ослабува позадинската мртва состојба на задоволство, неискреност, итн., па како резултат има нов квалитет на манифестација на доживување, која може да се опише како “зголемување на доживувањето”, “нови димензии на ПрД”, “како да подигнале прекривка која била како темни очила фрлена над сите доживувања, вклучувајќи ги и оние ПрД”. Тоа овозможува живописно чувство на свежина, односно,”кора” која ги намалува не само ПрД, туку и чувствата.
07-01-30 Секојдневност, задоволство и сивило (СЗС)
Секојдневност, задоволство, сивило (“СЗС“) никогаш не биле толку јасно несакани, па дури и одвратни, како по жестокоста на бесот. Кога бесот се смирува, и состојбата постепено се враќа во нормала, станува особено лесно да се види – колку полно од тој отров има во постојните доживувања. Грандиозната сила на СЗС која убива се живо, станува појасна, колку повеќе практикантот е ослободен од острите, интензивни НЕ и длабочинската НП. Патем, во состојбата на СЗС е секогаш присутна речиси сосема неприметна, моќна, длабок НП поради страв од губење на тоа задоволство.
СЗС – како огромен жив кал, кој неумоливо се обидува да ги потоне сите оние кои од било кои причини се надвор од интензивните НЕ. Пример кој одговара – животите на обичните Европејци: целосно сивило, спазматичен хаос на мали желби, што доведуваат до зајакнување на СЗС, кон еднолични ПЕ. Интензивен страв во позадината од губење на задоволството – понекогаш е толку интензивен што човек се здобива со комплетно одбивен животински жалосен израз. Самосожалувањето е доминанто над сите други доживувања, само ако нешто не тргне како што треба. И агресија – се разбира сето ова води кон култивирање на раздразливост и агресивност, внимателно скриени во маска на нереални љубезни и искривени насмевки. И тупост. Размислувања – како тркало, што се врти напразно (на пример, со цел да се одржи разговор, да не умрам од страшна досада).
Ако слабеењето на НЕ доаѓа како резултат на практиката, тогаш и во тој случај, практикантот неизбежно ќе падне во живата кал на СЗС, иако тоа не е изразено толку јасно, како во случајот кога човек паѓа од НЕ поради настанатите околности. И, освен тоа, практикантот поседува желба за искреност, желба кон ПрД, искуство за надминување на опаѓањето, така што таа не само што не може да направи разлика помеѓу СЗС, кои налетуваат, него не може ни ефикасно да се бори со нив.
07-01-31 Управување со увереноста
Автоматското манипулирање на увереноста лежи во основата на влијанието на религиозноста, одморајќи ја концептуализацијата и суеверието, што е толку привлечно за верниците. Во кругот на луѓето кои се сигурни, на пример, во постоењето на “бог”, лесно е да се реализира својата желба да се увериш во неговото постоење. Познатиот експеримент каде човекот (не знаејќи дека тој е ставен на таков експеримент) одеднаш се најде пред голем број на луѓе, кои сликовито и убедливо тврдеа дека каменот кој лежи пред нив е црн (додека тој беше бел). Човекот, околу 10 минути пројавуваше отпор, од навиката на увереност, но на крајот се предаде и призна, дека каменот е всушност црн. Што да кажеме тогаш за суеверија.
На пример за “пласибо” знаеме – колку големо влијание врз личноста остава неговата увереност: болен, уверен дека зема нов ефикасен лек и дека може да се излечи не само од главоболката, но исто така и од сериозната болест и покрај фактот дека во пилулата нема никакви активни супстанции. Од тука, а и од многу други репродуктивни примери, јасно е дека механичката увереност има огромно, а понекогаш и решавачко влијание врз човекот. На пример, ако погледите на верникот на “бог” се такви дека “бог” го заштитува него, тогаш резултатот ќе биде зголемено чувство на увереност, безбедност, човекот ќе остави подобар впечаток на другите, полесно ќе ја надминува срамежливоста, неоснованите стравови, и воопшто, ќе добива посакувани ефекти со поголема веројатност, отколку што би добил, кога би ја немал таа увереност. Но, бидејќи таа увереност е механичка, од неа произлегуваат и ненамерни последици – на пример, истиот тој човек може да има таква претстава за “бог”, дека тој постојано е во потрага по него (линијата на мислата може да биде: “како инаку би ме бранел, ако не ме следи мене”). Резултат – чувство на срам, страв од негативниот став на “бог”, страв од казна, постојано чувство на присмотра, парализирани желби, владеење на механичка желба да дејствува во согласност со “принципите на бог”, итн.
Практикантот, за разлика од човекот, кој е нурнат во огорчености, поседува ретка и неверојатна можност не само случајно (т.е. во согласност со радосната желба) да ги прекинува доживувањата на НЕ и да почне да доживува ПрД, но, исто така, да променува едно уверување во друго, едноставно, врз основа на фактот дека тој поседува желба и фактот дека создава наизменични тренинзи, кај себе развива такви навики за управување со увереноста.
07-01-32 Пат на гасеницата
Опсегот на состојбите во кои човекот се наоѓа подолго време и се навикнува на нив и смета дека овие состојби се “во рамките на нормалата”, “нормала”, е означена како “речно корито”.
Додека човекот се наоѓа во речното корито, тој периодично во облик на конкретни блесоци доживува состојби надвор од него. Го нарекувам “десен брег” множеството од состојби во кои процентот на ПрД е значително повисок од нормалата, и “лев брег” – множество на состојби во кои е повисок процентот на НЕ.
Кога се појавуваат блесоци на ПрД, во самиот миг на доживување на задоволство, животот варира како исклучително интензивен, силен и во иднина останува споменот на ПрД, како многу привлечна состојба. Можам да ја доживеам таа ПрД во слаба форма, да ја доживеам и да ја одвојам неговата привлечност, а затоа што е пропратена со слики од минатата ситуација, која, на тој начин, е ензим кој е просветена позадина за ПрД, тогаш јас го нарекувам “сеќавање на ПрД“. Така, терминот “доживување на ПрД” и “сеќавање на ПрД” означуваат иста работа – јас сега доживувам ПрД. Единствената разлика е во тоа што во вториот случај јасно се разграничени сеќавањата на одредени ситуации, кои се просветена позадина.
Блесоците на ПрД, кои се случуваат спонтано, + блесоци на ПрД, генерирани од спомени за резонантни ситуации, ќе ги наречам “фактор на усмереност” (ФУ).
Кога учеството на ФУ е мало во вкупниот тоталитетот на доживувањата, тогаш човекот доживува состојба на “задоволство”. Ако, пак, исто така се забрзуваат блесоците од НЕ и/или се зголемува НП, постои една состојба на “незадоволство”. Задоволство – не е стабилна состојба, и постојано се чувствува лебдење кон незадоволството.
Кога соодносот на ФУ се зголемува, престојот во речното корито од “задоволство” преминува во “секојдневност”, “сивило”, значи колку повеќе блесоци на ПрД, поголемо е отфрлањето на состојбата на задоволство, и јас почнувам да го разликувам како сивило, како безживотна секојдневност.
На пример – цела недела живееш како и обично во последно време, а и воопшто си задоволен, доживуваш задоволство. Следната недела во среда, ти одеднаш доживуваш наплив на ПрД, откритија, радосни желби. Во четвртокот, си се разбудила и сè се враќа, како и обично – настаните се исти како што биле порано, сè е токму онака како што беше пред тоа, освен една работа – задоволство е слабо, фиксираш а) сивило, и б) желба за промена на оваа состојба, за да се постигне повеќе привлечна состојба.
Во состојба на секојдневниот живот може да се направи разлика помеѓу две желби:
а) желба да се запре секојдневноста, односно “желбата да избегаш”
б) желба да имаш што повеќе ПрД, односно, “желбата да се стремиш кон ПрД”.
Желбата да избегаш често е придружена со механички желби и НЕ. Желбата да се стремиш е само придружена со ПрД и други радосни желби.
Колку подесно се наоѓа речното корито, толку помалку се појавува желба да “избегаш од страдањата” за време на зголемување на учеството на ФУ, и се повеќе се појавува желба да се “стремиш кон ПрД”. Со континуирана просветена позадина, секојдневноста, како и желбата да “избегаш од страдањето” воопшто ги нема, како и НЕ кои ги придружуваат – има само влечна сила за напред, кон ПрД, кон нови откритија, кон патување.
Така, практикантот се движи како некоја гасеница – се додека неговото тело се наоѓа во средината, неговите предни нозе се истегнати нанапред, а задните наназад, додека тој постојано се движи помеѓу три групи на состојби – задоволство (условно “средната група на состојби”), секојдневност и усмереност. Јасност се јавува за време на преселување на практичарот од една состојба во друга, и тоа му овозможува поголема трезвеност и оценување на својата позиција, да избира поефикасни практики.
07-01-33 Наслаги
Понекогаш е доволно само да се потсетиш на постоењето на ПрД, или можноста да ги доживуваш во моментот, да би се појавила радосна желба да доживееш ПрД, а и самите ПрД се појавуваат. Толку висок степен на одговор на просветени позадини ќе ги означам како “реакција-нула”. Колку е подесно речното корито, толку е поголем уделот на состојбите во време кога е можно реакција-нула. Таквите состојби се карактеризираат со постојани, макар и бледо обележани, но сепак просветени позадини. Ќе ја означам оваа состојба како “нула-состојба” (нула-с). Овој термин го одбрав, бидејќи кога ПП е постојана – тоа е точка на посебност, односно таков момент кога многу од законите се познати на светот, кои се исполнети со НЕ, кога многу добро ни се познати правила, закони, начините на размислување и дејствување стануваат апсурдни. Точката на посебност – условно кажано – поминувачка точка помеѓу два света, толку различни, дека ни е потребен нов јазик за да се опишат новите откритија.
Во нула-с, можна е практиката на “наслаги“. Практиката е да се прави често враќањето на вниманието (BB) на просветените фактори (ПрФ) да на крајот резултатот е јасен, стални просветени позадини (ПП). Откако ќе стане стабилна, може се почесто да се инервираат (т.е. активираат) просветени фактори за таа просветена позадина. Фаза, во која можам да почнам да ја намалувам зачестеноста на ПП кон ПрФ, а без намалување на јасноста на ПП, јас ќе го наречам “фаза на наслаги“.
Во фазата на наслаги може да започнам да генерирам други ПП, а создадените блесоци на ПрД + резонанца со почетната ПП на крајот ќе доведе до појавување на втора ПП која како да лежи на првата, влегува во неа, додека и понатаму останува јасна.
Се разбира, најлесниот начин за вежбање на наслаги – е да бидеш во ситуација каде што околу тебе има прекумерни количини на ПрФ за различни ПрД. На пример, кога патуваш во Хималаите, лесно може да се појави фон на радост, исчекување, бескрајно патување, на него има наслаги на позадина од чувство на убавина – симпатија или верност кон муцките на Земјата, и др. Се разбира, во урбаните средини, иако има помалку ПрФ, но сепак тие може да се создадат повеќе од доволно, да не се спомене фактот дека може да стане дефицит на ПрФ, да стане ПрФ за издржливост, решителност, лојалност, итн., што пак води кон тоа да претходно рамнодушните доживувања се претвораат во ПрФ.
Во практиката на наслаги препорачливо е да се бара јасна дистинкција на постојан ПП, пред да предизвикуваш други, и – јасна разлика од првите два пред да има наслага од третиот – тогаш ефектот од оваа практика ќе биде посебно видлив.
Човекот доживува голем број на нијанси на тага. А чувството на убавина – зарем тоа не е исто, независно дали тоа настанало од доживувањата на едно дрво, или друго, или животно, итн? Зарем не се обединуваме себеси, отстранувајќи ја НЕ и доживувајќи ПрД? Таа мисла може да се појави кај таков човек, чие искуство на ПрД е незначително. Кога чувството на убавина станува интензивно, долготрајно, тогаш и искуството има безброј нијанси. Погледни го дрвото – чувство на убавина. Префрли го погледот на друго дрво, на гранка, на мов, на трева, на бара, на следната бара – од сите таму се појавува различна нијанса. Со другите ПрД – во потполност е исто.
Доколку на позадината на една ПрД ставам наслага на позадина на друга ПрД, таквата наслага се вика “дво-фазна“. Ако бојата на позадина на чувството за убавина (како што се случува во моментот од гледањето во стеблото), ставам наслага на позадина на чувство на убавина на некоја друга нијанса (на пример, оној што се појавува во моментот на гледањето бујни гранчиња), тогаш таквата наслага е наречена “моно-фазна“. Друг пример на моно-фазна наслага – позадински предвкус на читање една интересна книга + позадински предвкус на уживање поради идните патувања.
Постои голема разлика – помеѓу обичното реализирање на рж и реализирањето на рж на некоја просветена позадина. Во другиот случај:
*) ж полнота на животот е многу пати поинтензивна
*) механичката желба (мж) речиси и не се меша – постои многу ниска веројатност да стане постепена замена од рж на мж.
*) спонтана појава на ПрД значително се зголемува.
*) зајакнуваат “физичките проживувања” (ФП), на прво место – чувството на задоволство.
Ваквиот начин на реализација на рж се нарекува “катализаторски“, односно ПП дејствува како катализатор.
Со почеток во одреден момент, меѓусебно влијание на ПП (кои можат да бидат дво-фазни или моно-фазни, па дури и хомогени) и реализираните радосни желби е такво, што речиси секоја извршена активност е како “разгорен пламен” на ПП. Во тој случај, ФП се особено живи и различни. Чувство на задоволство, се шири од центарот на градите, да им пријде на граница на неподносливост, означени се елементите на чувства, кои јас ги нарекувам “физичка трансформација”, спонтани блесоци на различни ПрД се повеќе потсетуваат како удари на гром. Таквиот момент на лавинскиот раст на резонанца на активностите за реализација на рж и ПП е наречен “нулта верижна реакција” (НВР).
07-01-34 За истражувањето воопшто
Можат да се разликуваат три етапи во секое истражување:
1) “Зајак сади зелка”. Составот на доживувања:
*) Предвкус на истражување
*) Увереност дека ќе има испитувања, ќе има резултати.
*) Триумф поради неизбежноста во постигнување на резултатот, при откритијата
*) Лежерна упорност (резонантна слика: мала соба некаде во патување низ планините или на островот – со минимум нешта, спокојна природа околу себе, човекот чекор по чекор си го прави своето истражување)
*) Отсутност
2) “Зајакот ја средува градината”. Состав на доживувања:
*) Често возвраќање на внимание на предметот на истражување
*) Не многу интензивно мешање во предметот на истражување, влијанија со средна и слаба моќ
*) Фиксирање на забележаните промени во карактерот на манифестациите на истражување на група на доживувања.
3) “Зајакот ги полива плодовите и ги мириса”. Состав на доживувања:
*) Фиксирање на утврдените законитости, спонтана јасност, заклучоци и претпоставки – продолжување на акумулација на податоци и нивна класификација
*) Воведување на потребните термини, кои се однесуваат на групи на доживувања, процеси, закономерности и слично.
*) Прелиминарна идентификација на можните области за идни бури, формални практики.
07-01-35 Истражување на задоволството. РЖ за промени. «Првобитен стремеж кон ПрД».
Надминувањето на првите три стражари е релативно едноставна работа, бидејќи тие очигледно се на патот кон ПрД, и што е многу позначајно – на патот кон задоволство – на познати и атрактивни (на заднината на честите НЕ и НП) состојби. Надминување на задоволство дури и не може да почне со полна пареа се додека не е формирана усмереноста, силна рж за ПрД – и тоа ќе се случи за време на ситост од задоволство, труење со неговите неизбежно придружни незадоволства и грижи.
Задоволство доаѓа веднаш, штом НП станува послаба, штом се зголеми бројот на блесоци на ПП и ПрД. Тоа може лесно да се објасни – почеста појава на ПрД и ПП силно удира по НЕ. Речното корито се префрла на десна страна, и – соодветно – расте првенствено дел од состојбата, која најчесто е позната како состојба на недостаток на силни НЕ и НП, односно, – задоволство. Затоа е подобро да се сфати дека, по големи напори – дали се формални практики или директно предизвикување на ПрД – веднаш ќе биде фиксиран раст на задоволство и желба да се доживее задоволство. Јасност во постоењето на еден таков механизам не може да се изгуби. Одвојувањето на овој механизам сам по себе веќе ослабува, веќе доведува до рж за надминување на него, врз основа на фактот дека одвојувањето резонира со ПрД.
Зголемувањето на обемот (т.е. фреквенција и времетраење, интензитет) на ПрД и ПП упатува на фактот дека задоволството се јавува почесто (се разбира, токму во време кога ПП и ПрД ги нема). Ова е разбирливо, затоа што задоволството – не е толку очигледно труење, како НП, НЕ, што е, воопшто, состојбата на задоволство станува се повеќе пријатна за човекот, отколку доживувањето на НЕ. Ова му дава неочекуван ефект – бидејќи НП и НЕ се многу непријатни, нешто во нивната позадина задоволство се чини сосема удобно, и рж за ПрД за време на задоволство се појавуваат послабо, иако почесто. Послабо бидејќи НЕ во споредба со ПрД се крајно непријатни, но задоволството се чини сосема удобно, и рж за ПрД не е толку очајна. Многу често, бидејќи задоволството – не е таков смртоносен отров, како НЕ. Задоволството е поврзано со леплива, вискозна маса со засладени опојни мириси. Дури и послаба рж за ПрД во услови на задоволство брзо ќе доведе до ПрД, и ПрД се постабилни, па затоа полесно се појавува и ПП.
Долготрајниот престој во ПП – е прекрасно. Блесоците на ПрД се појавуваат еден по друг, за возврат се зголемува интензитетот на ПП. Често се појавуваат ПФЧ (просветени физички чувства). Радосните желби се придружени со блесоци на блаженство, и [чувство на] задоволство. Се доживува ли продолжено задоволство? Не. Всушност, продолжената изложеност во задоволство не е можна, бидејќи:
1) како прво, состојбата која обезбедува доживување на задоволство, секогаш е под закана на стотици различни фактори. И надворешниот свет и сопствените доживувања се постојана закана за задоволство.
2) како второ, ситуацијата која неодамна доведуваше до задоволство, брзо престанува да биде задоволителна. Блесоци на незадоволство и вознемиреност почнуваат да се згуснуваат, дури и ако не се менува околината.
3) како трето – неизбежно се појавува ситост – страшно зло на задоволството. Дури и ако имаш многу пари, комуникација, забава, храна, итн, ситоста ќе те стигне многу брзо, да нема ни да трепнеш. Таа го турка човекот во трката за зголемување на впечатоците, но состојбата на задоволство се лизга се подалеку и подалеку, на крајот паѓајќи во бездната на интензивни НЕ.
За да не се удави во НЕ, човекот кој се соочува со чести желби за задоволство и ретка желба за ПрД, доаѓа до заклучок за неопходноста од вложување на напори, а потоа се појавува и желба – желбата да се направат напори да се генерира ПрД, барем од време на време, совршено да ги отстрани НЕ, односно колку е можно почесто. Појавата на таква желба е првиот чекор кон ослободување од задоволството.
Желбата за присетување на ПрД во состојба каде што има задоволство, ќе ја определам како “клукајдрвец“. Клукајдрвец, како што знаеме дека доаѓа во различни форми:)
“РЖ за промени” – радосна желба да не се доживеат тие состојби, кои јас ги доживувам од време на време, и за кои постојат повеќе привлечни доживувања: повеќе уживање, задоволство, полнота на живот, интерес, исчекување и итн. Тоа е, всушност, било која рж за промена на вршење на ППП – тоа е рж за доживување на поголем обем на ПрД, или поопшто кажано, тоа е рж за доживување на состојба, во која се доживува поголем број на ПрД. На пример, желбата да одам на пат во Хималаите, мислам на желбата за промена, ако таа желба се појавила за време на чувство на уживање на оние ПрД, кои ќе се појават во него.
Радосната желба за промена може да биде предизвикано САМО од исчекување. Страв, желба да се поседува, желбата да се импресионираат луѓето, итн., може да биде предизвикано САМО од механичка желба да се промени доживувањето. Мж за промена, исто така, може да доведе до промени, но тие се нестабилни и брзо се губат, не доведуваат до појава на рж за промена, се завршуваат со неизбежен длабок удар, очај, старост.
Така, задачата “за промена” се сведува на решавање на проблемот “да се постигнат повеќе чести и континуирани манифестации на рж за промена”, која, пак, се сведува кон генерирање на исчекување, како и да се создадат услови во кои исчекувањето е полесно да се произведе.
Истражувањето на задоволство води кон радосна желба за промена. Сакам да нагласам дека тоа само по себе е неверојатен феномен. Фактот на постоењето на ваквите појави може да се формира врз база на хипотезата за “првобитниот стремеж кон ПрД“. Резонантна слика – на видра, чии шепи се заплеткале во алгите. Заглавената видра стои во место и не може да се движи. Но, ако таа почнува да ја разгледа нејзината позиција, да ја разоткрива шепа по шепа, речниот тек ќе ја однесе со брзиот проток. Ако секој пат кога видрата ја вади нејзината шепа од алги, започнува да ја носи во одредена насока, тогаш има причина да се претпостави присуство на течение на река. Тука, исто така, се соочуваме со сличен феномен: секој пат кога ќе почнам само да го истражувам моето задоволство се појавува ПрД, или во најмала рака, постои рж за промена. Ако почнам само да ги истражувам НЕ, кои сега ги доживувам – на пример да ја променам нивната состојба и гледам – како се променуваат НЕ и така натаму, тогаш интензитетот на НЕ се намалува, а ќе се појават блесоци на задоволство или ПрД. Ако ги истражувам доживеаните ПрД, тие стануваат посилни и подлабоки, се појавуваат нови откритија. Тоа е, без разлика во која состојба ќе бидам – почнувајќи од НЕ, завршувајќи со ПрД, истражувањето на таа состојба ќе ја промени мојата состојба на “десна страна”, односно во страната каде што е посветла ПрД или поголема е веројатноста за нивно појавување. Врз основа на ова може да се изведе претпоставката, која е мелем на душата на секој хуман човек, кој верува во “добар почеток” во човекот: секој човек има можност (само можност!) да доживува стремеж кон ПрД. Оваа функција е потисната од страна на огорченостите. Така, со СЕКОЈА активност насочена кон набљудување, проучување на своите доживувања, се зголемува веројатноста дека човекот ќе се префрли на “десната страна”. СЕКОЈА севкупност на активности, која му овозможува на човекот да ги набљудува и проучува своите состојби, може да се нарече “прогресивна“, ако “прогресот” се разбере како стремеж на човекот кон ПрД, или барем кон зголемување на веројатноста за доживување на ПрД.